- Член од
- 9 февруари 2016
- Мислења
- 1.511
- Поени од реакции
- 3.756
Почетните плати моментално се ужас, не може бетер да дојде, знам еден куп луѓе што земаат по 300 евра плата и луѓе што одат на 3 месечни пракси по неколку пати само за да дојдат до работа. Неписмени луѓе земаат иста плата за многу полесни работни места и работата ја добиваат многу полесно.И онака се очекуваше балонот да пукне кај нас, ова само убрза све.
Премногу нови кадри без трошка разбирање, со курсеви од 6 месеци а барање за почетни плати плафон затоа што сите курсеви рекламираат вработување со плати од 1000 евра.
Луѓе што со 2-3 години добиваат титула сениор и егото им се крева до плафон.
Не-реални плати од странски компании со далавери за плаќање дел преку авторска да се избегнат давачки, кои потоа исчезнуваа преку ноќ.
Според она што јас го знам и овие симфони беа со таков начин на плаќање.
Инаку, не знам зашто некој си мислеше дека ИТ ќе биде заобиколено, без разлика дали е аутсорс фирмата, работи на свои проекти, или имаат продукт. Едноставно многу мал број од фирмите воопшто нема да бидат афектирани.
И ова е само почеток, заебаниот дел ќе дојде за некои 3 - 4 месеци, посебно ако доларот изгуби на вредност, има да има таков chain reaction што фирмиве нема да знаат кај да фатат.