jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 18.623
- Поени од реакции
- 26.137
Според мене, тие што се огорчени, се претежно сами на себеси се огорчени, пошто си мислат дека тешко можат да се уклопат и го криват напредокот...Гледам неколку повозрасни членови на форумот се најдоа засегнати од муабетот а некои ми стојат и како навредени. А стварно не треба. Мислам дека темата не се однесува на тоа дека постарите треба да знаат да програмираат или перфектно да работат во Excel. Ако такво нешто не им е потребно за секојдневната работа се знае дека ретко кој на тие години чисто од хоби би ги учел тие работи.
Темата е за тоа дека голем број од тие генерации немаат основна компјутерска писменост. Без разлика на возраста секој може да научи да напише меил, да искуца еден Word документ, да плати сметка онлајн... Па ако ништо друго, да знае да напише еден нормално среден коментар или порака. Да не биде koko koste, Mskedonia veccna, Dasi zivizdraf... И како што пишав претходно на темава, уште полошо е што некои луѓе само зашто не сакаат да се замараат да научат нешто ново гледаат на новите технологии и генерации со презир и огорченост.
Ова не се однесува на повеќето повозрасни на форумот. Со самото тоа што сте тука, пишувате на повеќе теми и сте на интернет форум докажувате дека не сте игнорантни спрема новите технологии и одржувате чекор. За некои до оваа тема и не знаев дека сте на таа возраст, еве сум мислел дека се помлади.
Тоа дека има и млади „неписмени“ за интернет ерата е сосема точно ама е друга тема. Жално е кога видиш дека млад човек не знае да состави една реченица или не знае да копира документ или да смени јазична поддршка. Никој не вика дека не е така ама тука темата е за постарата генерација па затоа сите коментираме за тоа...
Но како е сега, а како беше пред 15тина години, има доста напредок искрено да гледаме. Мислам дека кључниот процес во развојот на свеста за Интернет во Македонија, придонесе facebook. Пред тоа луѓето и не беа многу заинтересирани ни за компутери, ни за интернет, дури ни кај младите. Интернетот кај нас дојде мислам дека 1998, а реално почна масовно да се користи од населението тек после 2010. Полека полека све ќе биде, знаејќи како беше во девеесетите и гледајќи денеска, верувај има огромен напредок, дури и неочекувано голем.
А тоа што незнаат да состават реченица, мислам дека не е до тоа колку знаат технологија, туку колку се писмени или во најмала рака колку обраќаат внимание што напишале...