Не ми е јасна изјавава на Филипче со тоа дека вирусот ќе згасне кога ќе се створи имунитет на популацијата. Како очекува пик со 2000 заболени тогаш?
И мене ме зачуди ова, тек сега ја слушнав изјавата, во неа спомнува и вакцина, и спомнува повеќе бранови. Се збуни малце, а од друга страна нема потреба да прогнозира зашто го фаќаат за збор. Ваљда нивното worst case scenario беше 2.000 луѓе во пикот, што според сегашниов тренд може ќе го надминеме, ама битен е делот колку од нив ќе завршат на инфективна и дали капацитетот ќе се надмине.
Јас мислам дека непотребно си ставаме притисок на прогнози, има 3 сценарија и сите се со еднаква можност:
1. Летото да го убие вирусот
2. Точка 1 па повторна појава на есен, откривање на вакцина до декември
3. Шведска сценарио ако точка 1 не се случи
Сеуште се евалуира, ефектот од карантинот никој не го знае, кинеските бројки не се за верување многу.
И ние у фирма правиме естимации за ефектот и секој состанок различни бројки имаме, мн сценарија се, а никој не може ни 60% сигурност да даде на некое сценарио.
Мое мислење е дека ако до јуни или јули не се смири вирусот, ќе отидат сите земји како Шведска, мора да се функционира.