Онлајн платформи за учење!

  • Креатор на темата Креатор на темата Петра П.
  • Време на започнување Време на започнување

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.298
Локација
Universe
Не само сега дури трае пандемијава туку и години предходно ваквите платформи стануваат се попопуларни. Јас одвреме на време учествувам во некои од курсевите кои ги нуди Coursera и Udemy. Моментално повеќето од универзитетите нудат бесплатно користење на датабазите со книги а некои од истите имаат на располагање онлајн курсеви како на пример Harvard кој излезе со понуда за околу 400 беспалатни курсеви воглавно од областа на програмирањето, статистиката и сл. Доколку некој го интресира може да ги разгледате преку овој линк: https://aseanop.com/harvard-univers...Qv3YCHPQKqVrKaXxIpD2ZOFwCtc_PwUElhzEYhYu4BLY8
Темава ја отворив со цел да се информираме за ваквите платформи бидејќи мислам дека ова е иднината на образованието и секако е тесно поврзано со она што денес се бара кај еден вработен: постојано надоградување и проширување на знаењето притоа без непотребно трошење на време.
 
Користете ги придобивките на third world country,lynda и udemi курсевите ги имате на торенти :D
 
Многу сајтови има за учење на јазик, кој би го препорачале како најдобар ? Конкретно Германски сакам да почнам да учам
 
А сега еве со ситуацијава студентите и средношколците како и кои апликации најмногу ги користат при предавање или тестови? Освен што знам google meet, google classroom, zoom, microsoft teams...
 
А сега еве со ситуацијава студентите и средношколците како и кои апликации најмногу ги користат при предавање или тестови? Освен што знам google meet, google classroom, zoom, microsoft teams...
Кај нас секој професор си одбра платформа која најмногу му одговара. И морам да ги користам сите платформи кои ги наброи. Најзадоволна сум од zoom бидејќи е лесна за управување прегледна е за раѕлика од microsoft teams на пример каде што е тешко да се следи видеото и кога истовремено треба да го бараш документот што ти бил испратен. На zoom исо можеш да споделиш екран да видат и останатите што работиш, а исто така можеш лесно да го снимиш предавањето. Па да слушаш одново.

За тесотовите и рашни вежби, на пример на курсот по германски јазик користиме https://padlet.com/. Може да пишуваат истовремено повеќе луѓе. Претпоставувам дека е добро за тестови особено кога се користи со zoom заедно.
 
Дечки Teams генерално гледано е многу нестабилен. Година дена го користам на работа, со кој можам гледам на Скајп да зборам. Далеку е уште од Скајп
 
Што мислиш за онлајн платформиве кои ги испрати. Ги имаш користено, задоволен си?

И општо како се снаоѓате сите со ваквото, нестандардно учење? Ви одговара, имате потешкотии?
Jaс четири сертификати на кои ме пратија од работа ги зедов online, t. e. материјалот го учев онлајн на платформа а полагав во Семос. Со оглед на тоа што и нашиве IT факултети се оскудни, цели факултети ги завршуваме на Google па ние навикнати сме, снаоѓале, не снаоѓале, немаме друго :D
 
Тоа секако. Но јас иако веќе исто така некои сертификати си ги зедов онлајн .. меѓутоа многу често чуствувам дека имам многу помала концентрација додека седам пред компјутер, а исто така понекогаш сум и скептик околу овие курсеви.
Моментално посетувам онлајн курс за PHP и имам чуство дека е многу малку. Како се снаоѓаше ти со ова. Си бараше дополнителни вежби. Мислите дека е во ред паралелно да се следат повеќе курсеви за една иста тема кога повеќето работи не ти се познати?
Односно како си го структурирате учењето во вакви ситуации.

Јас доаѓам од сосема друга професија и сум навикната повеќе на книги или кратки извештаи од кои си извлекувам раѕни информации кои потоа ги составувам, и додадавам во својата работа, или учењето. Но што со тоа кога се работи за преквалификација и сл?
 
не се учи програмирање со книги, јазиците се менуваат со тек на време и книгите стануваат аутдејтед. Програмерската логика да ја сконташ е проблемот, синтаксите се учат и не е тоа нешто што мора на памет да го знаеш.
 
Тоа секако. Но јас иако веќе исто така некои сертификати си ги зедов онлајн .. меѓутоа многу често чуствувам дека имам многу помала концентрација додека седам пред компјутер, а исто така понекогаш сум и скептик околу овие курсеви.
Моментално посетувам онлајн курс за PHP и имам чуство дека е многу малку. Како се снаоѓаше ти со ова. Си бараше дополнителни вежби. Мислите дека е во ред паралелно да се следат повеќе курсеви за една иста тема кога повеќето работи не ти се познати?
Односно како си го структурирате учењето во вакви ситуации.

Јас доаѓам од сосема друга професија и сум навикната повеќе на книги или кратки извештаи од кои си извлекувам раѕни информации кои потоа ги составувам, и додадавам во својата работа, или учењето. Но што со тоа кога се работи за преквалификација и сл?

Конкретно за php udemy може и не е најдобар избор, си има цели сајтови со скринкасти. Овие ти се најдобри

https://laracasts.com/

https://codecourse.com/

https://symfonycasts.com/

покрај туторијали за php на првите два линка главната содржина ти е за најпопуларниот php framework Laravel, третиот е за Symfony фрејмворкот. Мој совет е да си купиш годишен subscription кога имаат попусти (black friday) за отприлика 40 - 50 долари/фунти годишно добиваш неограничена содржина и не мораш да се умараш да чекаш торенти. Имаш и доста js(Vue/Nuxt) содржина.

Една од најквалитетните книги за PHP и OOP ти е https://www.apress.com/gp/book/9781484219959
иако книгата е малце high level и може не e најдобар избор за почетник
 
Кога ќе видиш дека имаш намалена концентрација си правиш пауза.

https://www.memrise.com/ добра за учење јазик.
Други платформи за онлајн учење

https://www.coursera.org/
https://www.edx.org/
https://alison.com/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom