Системот крахира поради многу причини, а јас никаде не напишав дека увозот и извозот се "слаби алки". Во нов ред изразив лично мое видување каде сме "слаби".
Океј е да се увезува тоа што го немаме, и во ред е да извезуваме се' она од кое народот нема потреба. Ама дека нема услови за да се намали увозот, има. Само треба да се поработи колку е поволно и профитабилно да се работи истото, во различните сектори и сфери. Многу работи увезуваме место сами да произведеме.
А за извоз, немам поим колку Војводина извезува пченица, ниту пак ме интересира да дознаам. Сега во моментов никој нема да извезува ништо додека прво не ја обезбеди сопствената држава. А другото што ќе остане, точно, ќе се продава на повисока цена. Храна, маски, уатевр.
Исто, никој не ни тражел начин нашите шивачници да се конкуренција на Кинезите, затоа што ние не сме Кина и немаме ни приближно иста бројка на популација. Компарацијата е апсурдно парадоксална.
Ниту пак некој тражел да извезува маски. Јасно пишав дека за нас немаше маски, па можеше да почнат со шиење многу порано место да се чека да дојдат од друго место.
А кога веќе покажаа дека можат ги шијат, ете простор да продолжат некои конфекции и во иднина да го прават истото. Нека набават соодветни матријали, и можат да шијат за нашто здравство. Ете една бизнис идеа за нешто повеќе.
Целата идеа беше нешто да се смени на позитивно после толку флешови покрај кризата, место главаната цел да биде само да се врати се во нормала. Јер на нашата "нормала" доста основни нормални работи и фалаат.