Ти ги третираш симптомите, а не причината за појава на истите.
Причината лежи во нефункционирање на институциите и клептоманската политика.
Со тоа што ти ќе напаѓаш на нив, тие на тебе ќе донесеш до хаос и ќе ти биди шубе да излезиш на улица и тебе и нив.
Ако ги средиме институциите и тој страв го донесиме врз политичарите (тие кои навистина не доведоа до ова дереџе) ќе имаш позитивна клима да ги доведиш работите во ред, законот ќе биде за секој ист и секој 5 пати ќе помисли пред да направи било каков прекршок.
Од тоа што не сме ни гласни ни силни, ниту пак правиме нешто сме до ова дереџе, немаме држава, немаме име, немаме никаков код.
Види за да доведеш некој друг во ред прво треба да почнеш со самиот себе.
Народот кај нас гласа за да добие работа од 300е плата и да седи по цел ден и таква работа не испушта па по цена и детето да му биде нападнато по улиците.
Народот овде не сака да ги смени институциите ни па клептоманската политка, ни овде ни во Србија,Хрватска,Албанија,Босна, самиот народ е таков или според мене таквите навики му се наметнати и некој цврсто се обидува да не ги промени.
Се согласувам дека насилството можеби ќе побуни и кај нив поголемо насилство но на крајот победува оној кој е повеќе насилен, така да пред 15 години сме ја имале таа шанса но не сме ја искористиле, сега е доцна, сега има помалку инциденти од пред неколку години само затоа што поголемиот дел од младината кога ќе чуе некој да зборува на албански ја навреднува главата, или внимава што зборува ако седи на исто место до нив.Буквално странци во своја држава ни донесе таквото пасивно размислување.
Ти очекуваш да се направат некакви промени со нив а они гласаат за човек што им дал двојазичност и они тоа го рачунаат како голем напредок, што во истокот ќе има двојазични табли во здраствени установи а на западот кај нив ќе нема некој апарат со кој може да се открие некоја болест во рана фаза.
Ти ја сфаќам поентата верувај и јас би се ангажирал за истата ама во некое друго време и момент, до тогаш останувам на оваа теза.Дел од своите ставови ми е прашањето, како што го сметам за правилно фрлањето ѓубре во корпа а не во природа така го сметам и овој став како исправен и во даденава ситуација неопходен.
Инаку од лично искуство ти кажувам кога би прашал одредени луѓе, Албанци со кои работам и лани живеев ќе ти кажат дека немаат запознато по толерантен човек а во исто време и поголем патриот и човек што ја сака својата држава.
Секојдневниот живот од 6 месеца со Албанец муслиман, религиозен човек кој стануваше во 5 сабајле да се моли го докажа тоа за мене како личност.И со истиот а и со новите колеги со кои работам сум секогаш искрен(нормално скоро па никогаш не разговараме на такви теми зошто се знае како може да заврши муабет за политика) и до некаде им се јасни моите убедувања и ставови.
Јас немам ништо против Албанци како самите Албанци, имам против што истите имаат нешто против Македонија и македонскиот народ, исто како што имам и за сите останати(Грци,Бугари) и за оваа тема ги гледам истите тие како проблем кои треба да се реши(или требало) без разлика по која цена.
Најубво би било кога се би се решило преку ноќ ама светот не е таков.
Пак ќе кажам ова е мој став од пред некоја година и нешто, во минатото бев крајно национналистички настроен и размислував тотално од сегашна гледна точка погрешно, овој став кој го имам според мене мислам дека е вистинскиот.