Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
дали царот е гол, кој смее да каже, изгледајте го видеото па после коментирајте
 
малку претерувате, освен некои битолчани што се жалеа други нема...
се плукаше по оние што дојдоа и си се шетаа по гости, не почитуваа самоизолација и маме ебаа со шетањето ама ваљда не ги оправдуваш овие?


Sent from my iPhone using Tapatalk
да не се разбереме погрешно ама одамна се плука по дијаспора,не само сега и претходно со разни досетки од типот "дојте овде да бидете патриоти" и да не редам други, нема потреба, веќе излишно е. Мене не дека ми значи нешто фб, ама јас сосема се исклучив од тоа срање да не читам дибеци со глупи добацувања кој ми прават тензија и ми го расипуваат денот.
 
Овој дел што го пиша Самир Љума

Само што влеговме во дворот на Десарет еден од патниците коментира "тууу ова е полициско одмаралиште, нема шанси да побегнеме"

Е ваквите директно во Шутка, со Боки нека делат соби, ѓубриња. Кај ги примаат назад во државава, па уште планираат да не седат 2 недели во самоизолација.
 
Овој дел што го пиша Самир Љума



Е ваквите директно во Шутка, со Боки нека делат соби, ѓубриња. Кај ги примаат назад во државава, па уште планираат да не седат 2 недели во самоизолација.
Мене повеќе ме загрижува логиката на исказот. Некој слепец мисли дека ако некое одморалиште е полициско, во тоа одморалиште има повеќе полицајци во време на пандемија, или што му била поентата?
 
Нашите медиуми треба да престанат да пренесуваат некои лошо преведени статии од млади пациенти. Здрав човек ќе оболи кога ги чита.
Вчера дури и на самиве телевизии доле вртњше вест дека починал 14 годишен фудбалер на Атлетико. Нормално веста е трагична, но апсолутно никого не го засега во државава, ниту сме го познавале детето, ниту случајот е поврзан со корона. Која е потребата од ширење на такви вести?
Сум работел кратко 3 месеци во интернет медиум и ќе ти кажам дека токму ваквите вести се најчитани, статии, анализи, ако имаш 10 читања си топ, вакви носат преку 300 сигурно, а нив им требат вести кои ќе билдат читаност за да добијат повеќе пари од реклами, тоа тие.
 
Ау, 31 година... Тие што се со хронични болести сфатете го ова озбилно :(
Се прашувам дали е синот на починатата жена од Куманово...

Едит: Изгледа не е, он има 33 години според некои портали.
 
Се прашувам дали е синот на починатата жена од Куманово...
Не дочув камион пројде, дали имал претходно коморбидитет (друго заболување). Ако немал, ова е лотарија.
 
Не дочув камион пројде, дали имал претходно коморбидитет (друго заболување). Ако немал, ова е лотарија.
Не кажаа ништо. Штом не кажаа, веројатно немал други проблеми :(
 
Во америка скоро 20к нови вчера и над 500 мртви, гледам и сите други се повеќе и повеќе,
ова избега од контрола и нема шанси никаков карантин да го сопре, прогнозирам по април-мај ќе се укинат сите карантини, оти се виде дека карантини не можат да се спроведат во башибозок земји,
значи ќе биде тешко ама вака е потешко, без карантин ќе биде погоден здраствениот сектор, ама другите сектори ќе живуркаат.

Значи никаков карантин не е возможен кога народот гледа на секаков начин да го заобиколи, до вчера кај нас само 30 и нешто се беа заразиле на страна додека по 6 и нешто пати се заразиле од овие, којзнае уште колку има заразено што шетаат насекаде и го шират вирусот, досега кај нас се појавуваа директни врски со некој дојден од странство, ама ете од вчера тој од Битола вели дека бил заболен од непознат случај, што и мислам дека во идно време ќе ги гледаме.

И најнови вести од предмалку има нови 2 починати кај нас.
 
Не кажаа ништо. Штом не кажаа, веројатно немал други проблеми :(
Ај сеа....без да знаеш, не коментирај "веројатно".
Веројатно немал, а веројатно и имал. Не знаеме.
 
Овој дел што го пиша Самир Љума



Е ваквите директно во Шутка, со Боки нека делат соби, ѓубриња. Кај ги примаат назад во државава, па уште планираат да не седат 2 недели во самоизолација.
Десарет е на сам брег на езерото, повеќе од пола од собите се со поглед, има и бунгалови со сопствени дворчиња кои ќе се искористат за семејства претпоставувам. Така да ова им е премија и уште се жалат.
 
Ај сеа....без да знаеш, не коментирај "веројатно".
Веројатно немал, а веројатно и имал. Не знаеме.
Еве сега кажа Венко, имал проблем со килограмите + влошувањето било со брз прогрес
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom