За сите шо креваат паника, уште еден податок од Шпанија од прошлата година. Исклучените ТВ и прогуглајте малце, подобро ќе се осеќате. Треба да се свати сериозно ситуацијата, но нема никаква потреба од паника и страв.
Прегледај го приврзокот 240985
Во Македонија
во сезоната 2018/2019, вкупниот број на заболени од грип/ заболувања слични на грип изнесува
21.531 (I=1.040,6/100.000) и 29 починати.
https://www.iph.mk/sostojba-so-grip-vo-republika-severna-makedonija-sezona-20182019-zavrsna-informacija/
Ова во ситуација каде сите кафани, трговски, градинки, училишта итн. работат и никој к. не го боли за претпазливост, седење дома, држење дистанца, дезинфекции итн. Плус следење на контакти со заразени Х100 и самоизолации и карантини, навистина нема место за паника, само висока претпазливост и придржување кон мерките.
Но, како што сме информирани од СЗО и др., разликата помеѓу грипот и коронава е тоа дека вториот е 2 пати позаразен, има голема предсимптоматска трансмисија за разлика од грипот кој е најзаразен 3 до 4 дена откога ќе започнат симптомите. Плус короната се задржува подолго време на површините
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2955907/ , ова е само еден пример, на одредена температура и влажност колку се задржува на одредени површини вирусот на грип.
Разликата помеѓу хоспитализирани од грип и корона е 10 пати повеќе за болни од корона.
И што е многу важно, просечна хоспитализација за болни од корона е 11 дена, два пати повеќе од тие со грип за кој е 5-6 дена просек, со што се стресира уште повеќе здравствениот систем. Значи има секојдневно хоспитализации во државава за секакви болести, не е само коронава, а знаеме каков ни е здравствениот систем, со опрема, со кадар да не зборуваме итн. Западна европа има проблем не па ние. За еден пациент од корона во просек имало потреба од 2-3 медицински лица, сите во фул гиар опрема, со часови и часови... за разлика од сезонски грип.
Лошо е што се поклопува со сезонава на грип, уште потешка ситуација за капацитет на болници итн.
За стапка на смртност, гипот е со 0.1%, а коронава гледаш по држави варира и нема прецизни податоци ама сигурно е неколку пати повисока.
Грипот е сезонски, короната е цела година, пример во Сингапур каде не е сезона на грип еве што се дешава. Значи целогодишна закана.