Машини за сушење алишта

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
А од пареата oд тушот не се осеќа мирис? За секој случај во купатило без прозор треба вентилатор.
 
А од пареата oд тушот не се осеќа мирис? За секој случај во купатило без прозор треба вентилатор.

Замисли човек, има болници во кои купатилата на пациентите во болничките соби немаат прозор. :D
И тоа е неподносливо внатре во купатилата, сум лежел во таква болница, во такав ужас.
 
Друштво ја имам друго да прашам Бидејќи живееме во стан, со кнап место, дали би можело машината за сушење да ја сместиме на балкон? И кој тип на машина би бил по соодветен, кондезациска или вентилациона? Немам буквално ни едно ќоше за во станот, а потребна ми е многу, бидејќи сум со мали деца.
 
беко дцу 7430 испробан модел машина за сушење
3година душа и вадам
 
Dali ovaa masina za susenje e dobra kvalitetna dali ima nekoj iskustvo so ovaa masina.

http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10090_10094&product_id=71998
не сум чула некој шо ја има да даде искуства
оти бе не купиш проверен модел ?
шо трчите по ефтиното
ке си останите без еден пар гаки од скржавтилак се ке ви скусе ке нема шо да облечиш
 
ARDO (Hexagon Line)
италијанска венталациона машина купена од ELIPSO пред некои 5-7 години (ако не и повеќе), по цена од 13.000 ден.

МАГАРИЦА.
 
Над машината за сушење (кондезациона со топлотна пумпа) сакам да ставам помал замрзнувач со 3 фиоки (поради недостиг на простор на затворена тераса). Дали е тоа изводливо или не?
Ова го прашувам пошто сум чул дека машина за перење и машина за сушење оделе една над друга, но за замрзнувач не знам.
 
Над машината за сушење (кондезациона со топлотна пумпа) сакам да ставам помал замрзнувач со 3 фиоки (поради недостиг на простор на затворена тераса). Дали е тоа изводливо или не?
Ова го прашувам пошто сум чул дека машина за перење и машина за сушење оделе една над друга, но за замрзнувач не знам.

Машината за сушење оди над машината за перење, обратно никако. Сушарата е доста полесна и нема вртежи како машината за перење, но сепак создава вибрации. Планов ми делува како ризичен, со оглед на тоа дека и замрзнувачoт бара да биде правилно нивелиран и на рамна површина.
 
Машина за сушење алишта е само едно џабе фрлање пари на глупости...

Зошто да купувам таква работа кога имам две тераси во куќата едната е 13метри, другата ми е 4 метри...
 
За тебе ако е џабе фрлање за некој не е и сите имаме тераси. Остави ги алиштата на дожд или снег да киснат надвор со денови. Алиштата се помеки од сушарата и нема потреба од пеглање.

А ти може и машина за перење да не купуваш, имаш раце ќе переш и ќе ги вриеш во лонец ставен на шпорет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom