Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
posochuvajki 2 pati deka ima duplo poveke ozdraveni od mrtvi, sfativ deka stranava https://www.worldometers.info/coronavirus/ e dizajnirana so namera da se preplasi narodot.
Novite slucai se so zolto, asocijacija na vnimanie, novite smrtni slucai se so crveno, asocijacija na opasnost, a novite izleceni? Nemaat ni kolona.

Novite slucai se dodadeni koga ke skrolas skroz najdolu, isto kako na popust koga pisuva se za 500 evra!
 
Точно, дури ми се смачи да пишам на секое дека не се тестираат сите и тука паѓаат во вода сите статистики за смртноста од вирусот.
Повторувам вирусот е опасен и мора да се почитуваат мерките за да не ескалира ситуацијата па ќе испоумриме од други работи не од самиот вирус
 
На крузерон Дајмонд Принцес, гомила старци без медицинска помош, не им даваа да се искрцаат со недели, стапка на смртност 1%.

Во Италија со респиратори машини лекови болници доктори сестри...стапка на смртност 8%.

Наравоучение? Што подалеку од доктори
Поверојатно е стапката на смртност да е таа или пониска, а да има 10 пати повеќе занолени од регистрираното.
 
Бројките одат нагоре место надоле, барем по статистиката до сега немале пријавено 4000+ нови случаи во еден ден. Далеку се уште од врвот. Ужас!

Проценка на Италијанците
Максимумот ќе достигне 92 000 заболени и 3000 мртви (оваа проценка веќе ја достигнаа денеска).

Contagi_650x485.png
 
Јас не.
Друг член пиша за тоа, јас пишав дека не се тестира правилно и бројките не се релевантни

Добро бе, до кога ќе се глупирате со ова, бројките не се релевантни.
И тоа како се релевентни, затоа што како што во Италија немаат проверено, така и кај нас ќе има такви.

Што би значело дека бројките ќе бидат тука некаде, освен ако по некоја случајност кај нас не мутира вирусот во некоја побезопасна верзија, со далеку помалце смртни случaи.
 
Добро бе, до кога ќе се глупирате со ова, бројките не се релевантни.
И тоа како се релевентни, затоа што како што во Италија немаат проверено, така и кај нас ќе има такви.

Што би значело дека бројките ќе бидат тука некаде, освен ако по некоја случајност кај нас не мутира вирусот во некоја побезопасна верзија, со далеку помалце смртни случаеви.
Како можи да рачунаш проценти на смртност бре човече кога не е секој жител тестиран, од кај да знаеме ние колку се инфектирани, еве кај нас земи пример.
Со колку тестови располагаме моментално ?
Секојдневно се тестираат по 30 жители, а глава сечам во Дебар има лица кои се со температура и седат дома, ништо не ми е.
Да се тестираат масовно во Дебар сите ако не излезат 60% позитивни јас ја
 
Само масовен скрининг му е мајката и земај сите инфектирани во карантини, нека ги чува полиција.
Ене читам во Италија се спроведил некој таков експеримент, во некое градче во близина на Венеција каде што имало жариште, тестирани биле 3300 жители и сите позитивни ги носеле во карантини.
Експериментот дал позитивни резултати и од петокот нема ниту еден нов случај пријавен.
Добро нели го слушате министерот дека тоа не е метод. Ама се паметни тука едни.... Убаво објасни човекот, некој скоро заразен ќе излезе негативен на тестот и после тоа ќе си шета каде сака, со документ за по неколку дена тој да биде позитивен и плус еден куп други кои ќе ги зарази. Тест се прави на лица кои се биле повеќе денови во изолација, или постои можност да се биле во контакт со заразен барем недела дена пред тестот.
Пример: Ти си се заразил вчера (не знаеш) и утре прават тест и си НЕГАТИВЕН. Ти си се однесуваш најнормално, со документ дека си негативен, ама после од задутре си позитивен и ги заразуваш сите околу тебе. Што ти значи тестот тогаш???
 
Како што сфатив, прогласена е вонредна состојба.
Дали знае некој каде може да се најдат повеќе информации за оваа состојба, што е дозволено, што не, по категории граѓани, ризични групи и слично? Дали ризичните групи продолжуваат со самоизолација и ред други информации?

https://fokus.mk/deskoska-proglasuvaneto-vonredna-sostojba-e-drzhavnichka-odluka/

Појаснува министерката, како што одговорија и некои други членови, засега не мора да значи ништо вондредната состојба, ако владата не донесе ниедна уредба во овие 30 дена, ќе биде исто како да не постои вонредна.

Но од друга страна, со еден куп уредби може толку многу ограничувања да се постават, што нормалниот тек на животот на граѓаните ќе биде целосно променет, се зависи како ќе налага ситуацијата на терен од ден за ден.
 
Незнам колку е реално во Италија да има ''само'' 35.000 случаеви бројките се сигурно многу поголеми, по цела Европа во 80% од случаевите од Италија се пренесе вирусот.
 
Остајте тие 7% смртност во Италија и не ги земајте толку за апсолутна вредност но сметајте ги како сериозна опомена за што е способен вирусот кога нема кочници.

Во Италија се случи таква ескалација да во понеделник имаат 50 случаи и во петок да имаат 5,000 случаи. И тоа се сконцентрирано во една провинција. Кај нив здравствениот систем колабрираше и поради тоа многу луѓе останаа без потребната нега hence високата смртност.

Најверојатно смртност на вирусот ќе се движи околу 1% можеби и нешто испод тоа. Но работата е што вирусот е заебан се шири атипично, има долг период на инкубација И уште не ни е целосно јасно како функционира. Доколку се деси таква ескалација како во Италија во друга држава па и со најдобро здравство, смртноста ќе биде висока.
Тоа е тоа, ограничен е бројот на кревети во интензивна, ограничен е бројот на анестезиолози, пулмолози и сестри со обука за работа во интензивна.
 
Добро нели го слушате министерот дека тоа не е метод. Ама се паметни тука едни.... Убаво објасни човекот, некој скоро заразен ќе излезе негативен на тестот и после тоа ќе си шета каде сака, со документ за по неколку дена тој да биде позитивен и плус еден куп други кои ќе ги зарази. Тест се прави на лица кои се биле повеќе денови во изолација, или постои можност да се биле во контакт со заразен барем недела дена пред тестот.
Пример: Ти си се заразил вчера (не знаеш) и утре прават тест и си НЕГАТИВЕН. Ти си се однесуваш најнормално, со документ дека си негативен, ама после од задутре си позитивен и ги заразуваш сите околу тебе. Што ти значи тестот тогаш???

Џабе им објаснуваш, после 2-3 страни пак ке урлаат ТЕСТИРАЈТЕ ГИ СИТЕЕЕЕ!!!!! Џабе не сваќат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom