Коронавирус (COVID-19)

Член од
5 март 2018
Мислења
16.483
Поени од реакции
18.749
Значи овие 200 души ќе ги носат во посебен карантин на Криволак, супер, ова требаше за сите кои се враќаат од критичните места да го спроведат,кажавме и претходно.
Носи ги во карантин и таму нека бидат под полициски надзор, ова со самоизолацијата очигледно кај несовесен народ не функционира.
По мое сите ама баш сите земји потфрлија со мерките, почнувајќи од Кина кога една недела знаеле дека има опасен вирус и од властите го прикривале случајот, па после кога работата излезе од контрола и бројките почнаа да растат објавија, не се чудете после зошто донирале по државите, арно пиша некој ова се нивни срања, должни се да се извадат од истите.
Автоматски споено мислење:

Добро дојдовте во виртуелниот свет работата, онлајн настава, онлајн концерти, онлајн театри :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
Хаос е со нашите печалбари. Малта вчера затвори се освен маркети и аптеки. Нашиве таму останаа без работа, а не можат да се вратат веќе. Ситуацијата е иста и со другиве држави каде што има наши.
А зошто мислиш дека ние тука сме имуни на тоа, дека нема да остануваат луѓе без работа? Знам дека не е место на оваа тема но неможам да разберам во случај на смртоносен вирус приоритети ни се работата на печалбарите и реновирањето по дома...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.831
Поени од реакции
36.864
Треба да се напраи тоа flatten the curve, за да може медицинскиот систем да го издржи бројот на заразени и да не колабрира. Инаку вирусот е тука да остане и ќе треба градиме herd immunity што значи со тек на време голем да од популацијата треба да го прележи вирусот. Тоа значи во подолг временски период а не Италија сценарио.

Ако продолжи овој вид на карантин, еден куп фирми ќе пропаднат и многу луѓе ќе останат без работа. Треба да помине пикот и после да се остави вирусот да си го земе нормалниот тек како грипот.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
Лесно ви е на вас кои што не сте у ситуација да делите плата на вработени, а во исто време да плаќате кирии и даноци кон државата, да викате нека се затвори се. Се извинувам за офтопикот али пред да напишеш нешто размисли малку.
За што се извинуваш кога си 100% во право? Секој ден по некој комантар од овај тип има. Одбивно дури на човек да му стани.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.483
Поени од реакции
18.749
Не стварно не можам да ги сфатам луѓето шо викаат дека нема што да се прави дома, досадно им било. Поготово тие што имаат дечиња, па еден тон милиони работи има што да се прават, еве гледам и за да им се ублажи досадата им пуштаат онлајн активности, денешно време кога технологијата е напредна и имаме достапност на интернет, серии, филмови, стримови, ако не можат да издржат тогаш не знам стварно.
Автоматски споено мислење:

Треба да се напраи тоа flatten the curve, за да може медицинскиот систем да го издржи бројот на заразени и да не колабрира. Инаку вирусот е тука да остане и ќе треба градиме herd immunity што значи со тек на време голем да од популацијата треба да го прележи вирусот. Тоа значи во подолг временски период а не Италија сценарио.

Ако продолжи овој вид на карантин, еден куп фирми ќе пропаднат и многу луѓе ќе останат без работа. Треба да помине пикот и после да се остави вирусот да си го земе нормалниот тек како грипот.
Значи цела ствар е да се купи време дури да најдат соодветен лек или вакцина, а знаеме дека тоа не можи да се случи преку ноќ, па карантините служат за вирусот да не излези од контрола па да колабираат болниците.
Затоа трпение
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.018
Поени од реакции
83.414
АПЕЛ: Зошто е потребен масовен скрининг на популацијата за новиот коронавирус
Што ќе биде потенцијалниот бенефит од масовниот скрининг?
  1. Ќе ни го каже приближно вистинскиот број на заразени. Сега не го знаеме. Масовниот скрининг во Јужна Кореја (сега почнува и во САД) покажа дека најголем број од носителите на вирусот се младите (20–29 г.) коишто немаат никакви или имаат благи симптоми. Најранлива група се старите со хроницитет. МОЖЕБИ ВАКА ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЈ ИМА ВИРУС, КОЈ НЕ. Ако откриеме еден човек што на друг начин не би го откриле и спасиме неколку животи, вреди тие неколку милиони евра.
  2. Ќе се одредат локални жаришта на болеста и на државно и на градско и на маалско ниво. Ваквите кластери не само што ќе овозможат студирање на болеста и нејзиното распространување, туку ќе може да се направат и математички модели коишто ќе претпостават што ќе се случи следно. Колку повеќе информации, толку подобар модел. МОЖЕБИ ЌЕ НИ ПОМОГНАТ ДА БИДЕМЕ ВО ЧЕКОР СО БОЛЕСТА.
  3. Знаејќи ги кластерите на заразени и нивната демографска дистрибуција, ќе се овозможи подобра распределба на ресурси. На пример ако има 100 заразени во Битола и 10 заразени во Тетово, не може во двете да има еднаков број на респиратори, туку ќе бидат поскладно распределени. Војската ќе прска и дезинфицира соодветно. Истата логика за се, во зависност од големината на жариштето. МОЖЕБИ ПАМЕТНО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ РЕСУРСИТЕ.
  4. Бидејќи луѓето се социјални битија, ќе има недоговорно однесување и недоволна социјална дистанца и изолација. Од морето на неодговорните ќе се знае колку се заразени, колку не. НА ЗАРАЗЕНИТЕ НЕОДГОВОРНИ ќе им се даде мотив (морален и правен) да се изолираат.
  5. Психолошки луѓето ќе се осеќаат како да имаат контрола врз ситуацијата, а истовремено ќе бидат послушни и ќе ги следат правилата на социјално дистанцирање и изолација.


Македонија има инфраструктура и опрема да направи масовен скрининг на 30 000 луѓе месечно. Потрошувачката ќе биде отприлика 25 ЕУР по тест. Владата може да ги достави тестовите до сите институции со тие капацитети и тие да бидат бесплатни за граѓаните. Досега Министерство за здравство многу одговорно и дисциплинирано си ја вршеше работата (и во споредба со многу понапредни земји). Не би сакал сето тоа да падне во вода поради ваква ситна инвестиција и превид. Неколку земји како Јужна Кореја, Бахреин, па сега почнува и САД, храбро влегоа со масовен скрининг, бегајќи од епидемиолошкиот конзерватизам и се осврнаа на технологијата. Треба и ние да бидеме храбри и неконвенционални.
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Овој со реновирањето... cringe :sramezliv:
Нареден прес Филипче пиштол нека земе, и на вакви прашања без да одговара. Метак в чело и ај чао.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.349
Поени од реакции
38.542
100 % жената дома му има кажано да праша, оти сеа ќе реновират и ајде да зборува по комшики еве овој мојот го праша министерот не е опасно како шо кажа, ама приоритет е да седиме дома па ќе одложиме со реновирањето.
Гомна да јадам ако не е некоја ваква слична ситуација, 100 % жена е замешано. :pos:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.256
Поени од реакции
18.205
Лесно ви е на вас кои што не сте у ситуација да делите плата на вработени, а во исто време да плаќате кирии и даноци кон државата, да викате нека се затвори се. Се извинувам за офтопикот али пред да напишеш нешто размисли малку.
Ќе им стане јасно коа ќе нема да соберат данок за административните плати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom