Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Синџирот е силен колку што е силна најслабата алка. А кај нас има премногу слаби алки. Ни нема спас на сите, се случува носител на болеста да нема симптоми а да ја пренеси болеста. А кај нас тие со симптоми не се пријавуваат.
Мене ме загрижува шо Венко кажа дека 3 до 4 недели поминува болен на респиратор, кога ќе се направи гужва таму тогаш ќе биди циркузот.
Абе аман со ова паникиве, ќе умрите без да се поболите.
3-4 дена спрема искуствата од Италија.
 
Светов се соочува со нешто големо, нешто непознато и мислам дека ке претрпи големи промени, но кој ќе преживее, ке раскажува.
интересно ми е што младите креваат повеке паника од постарите, се бунат кој што купил, дали правел резерви дома..па тој купил денес ама нема да излезе од дома еден период.
Туку друго сакам да знам, дали некој даде објаснување, наредба- КОЈ ТРЕБА ДА СЕДИ ДОМА а КОЈ ТРЕБА ДА ИЗЛЕГУВА.
ПОД ИТНО ПОЛИЦИСКИ ЧАС...ние допрва почнуваме да влегуваме во хаосот во кој немаме кадар, стручни лица, така да и 1000 респиратори да ни донесат како помош, кај нема кој да ракува со нив.
 
Не дошле за лекување, јасно ми е тоа. Прашањето е што ги натерало да се вратат? Зошто? Знаат дека само опасност може да ни донесат. Најблиските ги ставаат во најголем ризик. Седи си во туѓина, не ни прави тука хаос во и онака кревкиот систем.
Ne razbiram kolku tvrdoglav narod ima sto patuva vo ova vreme. Italija bese vo karantin, nashive na odmor tamu. Vo sred pandemija ne da si sedat tamu kaj sto se, ne oni se vrakaat doma.

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 
Како се сите граници отворени? Само 5 премини функционираја и од утре и тие ќе бидат затворени за сите возила освен за транспорт на производи. Колку шо разбрав и аеродромот во Скопје ќе биди затворен.
А требаше да чекаат преку 20 да отиде бројот за да затворат се? Се знаеше до што ќе дојде, мерки од типот (работете до 18 а навечер не, ќе затвориме 3 премини а 1 не, ќе затвориме еден аеродром а друг не) се класичен аматеризам.
Не бидете наивни со фалење на Филипче, Пендарот, Чулев или било која институција. Свестете се за момент во каква банана држава живееме 30 години, и не мислете дека тоа шо ќе прочитаат на прес е вистина. Уште 200 години да не д*пат пак ќе им веруваме, заслепеност левел 999.

Да не биде неоснован коментаров, нека го прашаат Филипче на следен прес дали е известен за едно лице од Италија и 3 од други европски држави, пристигнати тука пред 2-3 дена (карантин секако нема зашо се од високи европски институции :), ама битно температура ќе им измериме за пред камери), сместени во еден од најскапите хотели во Скопје.
На прашање и бунт на вработените во хотелот зошто тука ги сместуваат, одговорено е мора негде. Имаат безброј канцеларии и седиште на институцијата во која работат, ама не ги сместија таму, у хотел требало.

Пак ќе ви кажам, не бидете наивни во Македонија живеете. Затворете се дома и пробајте сами да се заштитите, ако чекате на Филипче или било кој друг политичар да ве заштити, тешко вас.
 
Каква е состојбата сега со увоз на стоки?

Во супермаркет кога ќе видиш 90% од стварите се од увоз.
Има у Илинден ратни резерви од 60та,70та колку сакаш.Нема пребирање само овчите нарезци избегавајте ги
 
Навистина еј, стариве мислат дека се постари од вирусиве - се знаат они.
Screenshot_20200316-220647~2.png
Шо бараш поќе од овај неписмен народ, арно рече некој тука" не знаеме ние од кај е вирусот вие со двојките по биологија ќе ни кажите" :)
Најсериозно при крај сум со нервите, имам постар родител кој можи спаѓа во групата на ризични а можи и не, имам брат кој е во Малта моментално и не планира да се враќа а кој знае со новите мерки и кога ќе се врати, кога можи тој да се стрпи таму а семејството му е тука ( две мали дечиња 2 до 5 години и сопруга ) сите можат, Господ на помош ама ако се случи нешто ни мвр ни курци ни палци има некој за сите да го јади.
Извинете ме за изреволтираноста ама морав да се издувам некаде.
 
Има у Илинден ратни резерви од 60та,70та колку сакаш.Нема пребирање само овчите нарезци избегавајте ги

Е како не. Баш тие години квалитетни овци се одгледуваа.
 
Еве јас ја сликав денес од кола пред Стопанска во Струмица, значи да не се лажеме сите што се вратени од ЕУ не се контролираат.
Тие мислат дека го излажале системот, шетаат и се екстремно глупи луѓе. Бог знае како ќе се справиме, а искрено на толку луѓе што транзитираат од нашиот крај во жариштето во ЕУ, огромна среќа е што уште е работата под контрола.
 

Attachments

  • 20200316_111958.jpg
    20200316_111958.jpg
    1,3 MB · Прегледи: 107
Знам дека рековме без официјални одлуки да не се постира ништо ама добив инфо од лице кое работи во министерството за локална самоуправа во Скопје и изгледа Скопје го спремаат за Карантин, се очекува да се зголемува бројот на заразени од докторката.
А и некако како да не спремаат за тоа, секој ден на прес има се построги и построги мерки, изгледа тоа е некој протокол кој го следат сите земји
 
Еве јас ја сликав денес од кола пред Стопанска во Струмица, значи да не се лажеме сите што се вратени од ЕУ не се контролираат.
Тие мислат дека го излажале системот, шетаат и се екстремно глупи луѓе. Бог знае како ќе се справиме, а искрено на толку луѓе што транзитираат од нашиот крај во жариштето во ЕУ, огромна среќа е што уште е работата под контрола.
ПА гледаш какви превари прават, ако е од Македонија кон Италија забранет лет, одат Швајцарија или пренасочуваат летови, доаѓаат од Виена.
Абе нашиов народ ми личи на оние кибритчиине што беа на камени мост. Синоним за ситен преварант - кибритчија ти е македонец.
 
А требаше да чекаат преку 20 да отиде бројот за да затворат се? Се знаеше до што ќе дојде, мерки од типот (работете до 18 а навечер не, ќе затвориме 3 премини а 1 не, ќе затвориме еден аеродром а друг не) се класичен аматеризам.
Не бидете наивни со фалење на Филипче, Пендарот, Чулев или било која институција. Свестете се за момент во каква банана држава живееме 30 години, и не мислете дека тоа шо ќе прочитаат на прес е вистина. Уште 200 години да не д*пат пак ќе им веруваме, заслепеност левел 999.

Да не биде неоснован коментаров, нека го прашаат Филипче на следен прес дали е известен за едно лице од Италија и 3 од други европски држави, пристигнати тука пред 2-3 дена (карантин секако нема зашо се од високи европски институции :), ама битно температура ќе им измериме за пред камери), сместени во еден од најскапите хотели во Скопје.
На прашање и бунт на вработените во хотелот зошто тука ги сместуваат, одговорено е мора негде. Имаат безброј канцеларии и седиште на институцијата во која работат, ама не ги сместија таму, у хотел требало.

Пак ќе ви кажам, не бидете наивни во Македонија живеете. Затворете се дома и пробајте сами да се заштитите, ако чекате на Филипче или било кој друг политичар да ве заштити, тешко вас.
Добро, ќе затвореа ама сите случаи кои ги има досега се од тие од Дебар, од директорката и патничката од Барселона која сама се пријавила. Не дека ги бранам нешто ама и со затворање на границите ќе ги имавме истите бројки само без ова од Шпанија пошо другите ко заболиле немало ни еден случај во мк и не можело да се затворат граници. Не знам таму какви се протоколите за затворање на граници па не можам да коментирам на таа тема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom