Македонска берза

Член од
23 јуни 2017
Мислења
591
Поени од реакции
1.098
Malku politika :D

Od pozicija na najmokjen drzavnik vo svetot neposredno pred izbori, da dozvolish da ti kolabira berzata e amaterska greshka... Tramp e vakov, takov, nikakov, samo ne e amater, ne sluchajno signal tamu kaj sto e...
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
331
Od pozicija na najmokjen drzavnik vo svetot neposredno pred izbori, da dozvolish da ti kolabira berzata e amaterska greshka... Tramp e vakov, takov, nikakov, samo ne e amater, ne sluchajno signal tamu kaj sto e...
Кребил е Трамп, а победи на избори затоа што победи партијата која го номинирала. Башка, познато е дека голем дел од белите Американци се против про-имигрантската, про-црнечка, про-лгбт Демократска Партија, па така ги подржуваат Републиканците, макар да номинираат и бездомен загар за претседател. Овој премногу доби кредибилитет, особено на Балканот го воспеваа како спасител на сувереноста на државите, како патриот кој го цени правото на секоја земја да си го чува својот идентитет и да не дозволува наплив на мигранти и муслимани, наводно беше и против воените интервенции на САД по светот, но тоа е само една фарса, која самите Балканци сакаа да си ја веруваат и уште си ја веруваат како вистина која им дава надеж. Реалноста е дека овој е многу неписмен човек, кој најголем дел од богатството го наследил, а другиот дел го лапнал со превара, извршувајќи неколку банкроти за таа цел. Според тоа, не мислам дека овој осмислил нешто во врска со берзата, туку баш напротив изгледа Кинезите се тие што ќарија..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.600
Поени од реакции
11.776
...

Реалноста е дека овој е многу неписмен човек, кој најголем дел од богатството го наследил, а другиот дел го лапнал со превара, извршувајќи неколку банкроти за таа цел. Според тоа, не мислам дека овој осмислил нешто во врска со берзата, туку баш напротив изгледа Кинезите се тие што ќарија..
Неписмен човек не е способен за создавање на богатство со превара. Потребен е посебен менталитет и начин на размислување за создавање на богатство со превара, а таков менталитет и таков начин на размислување имаат само криминалците и професионалните измамници.

Криминалците вообичаено се држат настрана од радарите на јавноста и не се кандидираат за јавни функции - барем не во западните држави, Балканот е посебна приказна.

Професионалните измамници од друга страна, создаваат богатство со превара и се прикажуваат или како обични смртници - слично, ако не и исто како криминалците - или како успешни бизнисмени.

Но ниту криминалците, ниту професионалните измамници се неписмени.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Не дозволува г-динот Трамп ни два дена по ред да се порадуваме и поситиме на берзански пад
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.600
Поени од реакции
11.776
Не дозволува г-динот Трамп ни два дена по ред да се порадуваме и поситиме на берзански пад
Не се секирај, си одигра типот убав настап за односи со јавноста, сега останува пандемијата да си го направи своето и за некој ден ќе си продолжи јојо ефектот.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Не верувам дека некој очекуваше вака да ескалира ситуацијата во Европа, ептен сме во непозната територија
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
239
Поени од реакции
189
Не верувам дека некој очекуваше вака да ескалира ситуацијата во Европа, ептен сме во непозната територија
Zedd, јас баш очекував. Италија не случајно е бунар, затоа што е најрасипаното општествено уредување во ЕУ, и таму уште ќе се рашири, следна Шпанија, а после Британија пикот следи во Грција. Све ова е последица на една устоена и угоена на туѓ грб култура, која сега се гледа од што е направена.Белгија и Холандија како две најсвилени нации во Еу исто така нема да знаат што ги снашло. Најлошо од се е тоа што, додека се оправат од овај бран, веќе ќе фати Септември, а од Октомври, Ноември ќе ги стигне новиот бран и ќе ги ги дозакопа. Кај нас е слична ситуацијата со успано здравство и кабинетски лекари, кои немаат појма што е кризна состојба.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
Не верувам дека некој очекуваше вака да ескалира ситуацијата во Европа, ептен сме во непозната територија
кланица е ова, нови 3.500 случаи во Италија само денес, Шпанија над 1.000, Германија ,Франција исто, Швајцарија е ужасно 160 лица на 1 милион, Норвешка 200 на милион...све се затвора....ова уште долго ке трае, ке има големи ефекти врз цела економија. Мислам дека исто се случува и во САД ама гомнарот Трамп крие реална бројка, не прават тестови, а знаејќи ја реална та состојба превзема мерки како да има реално х10 позитивни случаи - кај може во САД да има само 2.500, по мене има сигурно над 20.000 само ради спората реакција од властите. Нема шанси да има само 7 случаи на милион жители, состојбата е слична како во Франција барем, значи има накај 2-30к.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Минимум уште 10 проценти надолу ќе биде следната недела, а нема да ме зачуди и привремено да се стопира тргувањето.

Во владата веќе формирале кризен штаб за ефектите врз економијата од вирусот.
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
239
Поени од реакции
189
Дечки, Македонска берза се вика темата. Не корона, не здравство, не светска берза, не Трамп.
Се што наброја дека не е за овде, влијае на МСЕ, и затоа и го коментираме, Корона посебно? За каков помоќен фактор на влијание врз берза би сакал ти да коментираме, г-не редар?
 
Член од
16 декември 2019
Мислења
63
Поени од реакции
75
Минимум уште 10 проценти надолу ќе биде следната недела, а нема да ме зачуди и привремено да се стопира тргувањето.

Во владата веќе формирале кризен штаб за ефектите врз економијата од вирусот.
Dokolku prodolzi slednata nedela vaka mislam deka neizbezno e da se zapre trguvanjeto i opsto da zastanat site usluzni dejnosti od neophoden karakter
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
239
Поени од реакции
189
Dokolku prodolzi slednata nedela vaka mislam deka neizbezno e da se zapre trguvanjeto i opsto da zastanat site usluzni dejnosti od neophoden karakter
Која е процедурата за запирање, кој ја има надлежноста за постапката и колку би траело има ли лимит?
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
331
пи децаш
Неписмен човек не е способен за создавање на богатство со превара. Потребен е посебен менталитет и начин на размислување за создавање на богатство со превара, а таков менталитет и таков начин на размислување имаат само криминалците и професионалните измамници.

Криминалците вообичаено се држат настрана од радарите на јавноста и не се кандидираат за јавни функции - барем не во западните држави, Балканот е посебна приказна.

Професионалните измамници од друга страна, создаваат богатство со превара и се прикажуваат или како обични смртници - слично, ако не и исто како криминалците - или како успешни бизнисмени.

Но ниту криминалците, ниту професионалните измамници се неписмени.
Декстер, не мора да ти фаќа по секој услов светилката за да вака успееш. Сигурен сум дека знаеш многу навидум тупи деца, на кои животот им е погоден. На овој му се погодија конците, не поради него, туку поради претходните пермутации, комбинации кои претходеа.. Секој кој знае два збора англиски, би сфатил дек овој е тежок сељо. Дури и нашите "виза ви" експерти имаат поголем вокабулар од Трамп. И да напоменам, ниту го подржувам него, ни па неговата опозиција, ама премногу очекуваме од човек кој ништо нема да ни помогне..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.600
Поени од реакции
11.776
Декстер, не мора да ти фаќа по секој услов светилката за да вака успееш. Сигурен сум дека знаеш многу навидум тупи деца, на кои животот им е погоден. На овој му се погодија конците, не поради него, туку поради претходните пермутации, комбинации кои претходеа.. Секој кој знае два збора англиски, би сфатил дек овој е тежок сељо. Дури и нашите "виза ви" експерти имаат поголем вокабулар од Трамп. И да напоменам, ниту го подржувам него, ни па неговатата опозиција.
Во целост се согласувам, но барем јас лично не верувам дека неписмен сељак би имал толкава среќа. Доколку е чиста среќа во прашање, тогаш дефинитивно станува збор за холивудско сценарио, а на мене лично ми е тешко да верувам дека светот го допрел тоа дно.

Но сепак тоа е само мое лично мислење, секако дека другите имаат право на поинакво мислење.

А се согласувам дека му се погодија конците, ја пратам американската политичка сцена од поодамна и убаво видов какви игноранти беа Барак Хусеин Обама и демократите кога имаа сопствено мнозинство и во Конгресот и во Сенатот на САД, а сепак ги продолжија истите политики на Џорџ Буш Помладиот и на републиканците - буквално исти игноранти како плавите жолтици кај нас во Македонија, прават невидени гнасотии, а истовремено се однесуваат како ништо да не било.

На ваквите гнасотии да очекуваш дека народот ќе се прави слеп на здрави и функционални очи и на здрав и функционален вид, или глув на здрави и функционални уши и на здрав и функционален слух, треба ептен да имаш изгубено секаков допир со реалноста, а очигледно тоа им се случи на Барак Хусеин Обама и на демократите во 2016 година кога со сиот памет ја поддржаа Хилари Клинтон, а очекуваа нејзин противник од редовите на Републиканската Партија да биде Џеб Буш.

И сосема очекувано беше во вакви околности да се појави некој опортунист кој ќе го искористи моралниот и етичкиот вакуум на американската политичка сцена, претставувајќи се себеси како борец за сочувување на националните интереси и семејните вредности на САД и на американската нација. Демократите, републиканците, медиумите и се разбира Гугл и Фејсбук, не веруваа дека такво нешто е возможно бидејќи мислеа дека ако ги контролираат етерот и Интернетот, тогаш го контролираат и јавното мислење, но едно е да дупиш народ во здрав мозок, а друго е да очекуваш народот да ти ја јаде помијата, а истовремено да поверува дека е деликатес, особено во ситуации во кои увезуваш имигранти и субвенционираш корпорации додека обичниот американски смртник се обидува да врзи крај со крај.

Да, му се погодија конците, но сепак не верувам дека неписмен човек би знаел како да ја одигра политичката изборна игранка како што ја одигра сељакот. Но сепак тоа е само мое лично мислење, секако дека сите останати имаат право на поинакво мислење.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom