На кој начин сум изгубил чест, достоинство, идентитет, со тоа што пред Македонија е додадена географска одредница која појаснува во кој дел од геогравскиот регион - Македонија се наоѓа државата - Македонија?
Дали воопшто прочита што пишува во постот што си го цитирал? Дали воопшто си размислувал какви шанси имаме да опстоиме како држава во ситуација на повторни блокади, изолации, ембарга, меѓуетнички кризи и конфликти? Која чест, кое достоинство ќе го имаш тогаш, кога ќе ја нема Македонија?
Таа географска одредница значи многу, кукавичко јајце кое грците и странците го подметнаа, ај што како прво е грда и несоодветна за држава како Македонија, туку и значи ова: ако е северна логично има и јужна, а јужна ќе биде Егејскиот дел на Македонија, регион на кој грција името му го промени од Северна Грција во Македонија во 70-тите наменски за нивната политика ,,Македонија е грчка", е сега со нивната политика никој нема да им забрани и нашата северна држава да ја сметаат за дел од нивниот регион Македонија и во иднина да ни ја бараат и територијата, а некои паметни како бившиот ни премиер наш од муртино да им ја исполнат и таа желба. Видовме како се колнеше во жена, деца и жица за името, така може и друг да се колни во иднина и по ова прашање... Во тој прилог е и грцизацијата на Македонците од Егејска Македонија, на македонските учесници во граѓанската војна во грција, отсега ќе бидат ,,славофони грци", не за џабе Ципрас пред некое време ја прекрсти и Мирка Гинова во грчкиот парламент...
Сето ова под услов да опстани северната ,,држава" доволно долго, ако другите кандидати за нашата територија не ја завршат навреме работата (операција на дип стејт, циа, амбасада од кале и други амбасади), а веќе е во тек процесот со двојазичноста и ,,генијалниот" договор со Бугарија.
Како ќе опстане Македонија со блокади, ембарга, меѓуетнички конфликти?
Сега кога името е подарено, немаме меѓуетнички конфликти, не се напаѓаат Македонците во Скопје и другите градови во Западна Македонија со ножеви, најбрутално само затоа што се Македонци и зборуваат македонски, дури имаше и еден смртен случај по претходен таков напад и уште неколку други кои за среќа не завршија трагично и сите последователно во периодот кога се потпишуваше тој т.н. договор за промена на името, Франција не блокираше за датум за преговори, до датум не стигна новата ни држава, а колкупати заев ве лажеше дека сте добиле датум за преговори за членство во еу, тоа што го правеше Грција сега другите ќе го прават.
А како ќе опстои Македонија кога не само името е изгубено, ами и идентитетот (џабе ги правдаш, со коси црти ќе ве попишуваат на следниот попис ако го има), историјата (речиси ништо не ни остана, едниот дел од македонската историја даден на грција, другиот на бугарија, веќе и не се срамат да кажат јавно дека Гоце Делчев бил т.н. бугар, да не зборуваме за другите револуционери на ВМРО - не ја сакаат строфата во химната каде што се спомнуваат, па бугарите не биле фашисти - окупатори, АСНОМ го тргнаа од преамбулата, а го ставија охридски рамковен, од историјата ни остана само договори и тоа за унапредување на македонската нација, а стигнаа и до Македонците од Егејска Македонија да ги погрчуваат, малце им било тогаш), јазикот (сега ќе кажувате дека зборувате јазик од словенската група на јазици кој истовремено е бугарски дијалект, да им угодите и на едните и на другите де)?
Да не почнуваме за двојазичноста, тиранска платформа, па во иднина федерација, иљирида, химна знаме, грб и кој знае уште што има ветено црпкото од муртино за коаљицијата негова бивша и нова...
Како ќе опстои Македонија, кажи ми, со вакви круцијални отстапки за сите соседи кои отворено и низ историјата и денес негаторски, непријателски и асимилирачки настапуваат кон македонскиот народ и македонската нација, притоа поддржани и тогаш од европските сили и денес од еу (нивни наследници) каде сакаме да влезиме (тие сакаат да не уништат, да не постоиме, да нѐ нема, а вие продадовте сѐ македонско за да влезете во нивното друштво), кога малцинството етнички го чисти мнозинството - македонскиот народ, а власта им дава одврзани раце за тоа, дури и ги поддржува, ослободува убијци, вахабисти, кои како во Ирак, Сирија ликвидираат луѓе, како ќе опстоиме кога суверенитетот ни е изгубен, кога друга држава ни кажува како да се викаме, нѐ уценува, кога ни ја менуваат историјата, кога амбасадори ни менуваат влади, ни се мешаат во внатрешните работи, поддржуваат кршење на право на самоопределување, самоименување?
Во споредба со ова едно ембарго и едно вето не изгледа ама ич страшно и опасно за опстанок на Македонија.