Иритира како онанирате на Апасиев затоа што е речит. Требало некој таков политичар... Каков? Како сите останати? Човек кој ќе гази сѐ што ќе му застане на патот, вклучувајќи ги и оние кои стојат рамо до рамо со него? Факт е дека човекот е движечки вокабулар, но како тој, како политичар, е поинаков од останатите? Затоа што „им го плеснува во фаца“? Па ова би го направил секој кој е доволно лут на режимот, кога би имал прилика да ги конфронтира истите. Што друго? Тоа што се обидува да ѝ помогне на работничката класа? Свесен е некој дека тоа го прави САМО кога има прилика за публицитет? Јас бев во поблиските левичарски кругови уште пред оформувањето на Левица. Знам точно кога се оформи Левица, како се оформи и што се случи успат. Знам и дека Апасиев имаше прилики да помогне на угнетени работници, ама не се нафати затоа што ситуацијата не стигна до јавноста, ама знам и дека прв беше да контактира за еден случај(поединец, не група како претходно) само затоа што случајот беше екпониран пред јавноста и се пружи прилика за лапање поени пред народот. Нема да навлегувам во детали, за да не загрозам нечија приватност.