Не знам зошто мислиш дека овие две се неконзистентни. Пештерските луѓе ја имале истата мозочна структура со „илјада" модули што ја имаме ние, десетици илјади години п.н.е., не се пештерските луѓе битија со помалку комплексен мозок од нас. Теоријата за модули е парцијален аспект од целиот муабет и има некои проблеми, но каква и да е структурата на умот, тој не е различен кај нас и пештерските луѓе во голема мера ако земеме дека е емергентен феномен на мозокот. Развитокот од тогаш, па навака, е културолошки.
Битна е зашто имаме заедничко еволутивно минато и постарите делови од мозокот ни се исти. Ако мајмуните имаат социјална хиерархија, абдуктивно може да заклучиме дека и пештерските луѓе имале. Бидејќи социјалната хиерархија се јавува во сите култури, може да постулираме еколошка валидност во истата и да ја изведеме како резултат на човековата природа. Аналогиите во однесувањето помеѓу луѓето и бонобо мајмуните и/или шимпанзата е поголема отколку помеѓу луѓето и рептилите, на пример, што може да се изведе од поголемата сличност на ЦНС. Поради тоа, мајмуните, па и глодарите, се користат како животински модели за психолошки испитувања.
Ова ти го објаснив во минатиот пост.
Past theorizing on the evolution of rape adduced the hypothesis that this act constitutes the behavioral expression of a mechanism which has evolved t…
www.sciencedirect.com
Тоа можеби би било точно ако навистина имало таква промена во однесувањето. Но за тоа треба да понудиш докази.
Силувањето постои како феномен, но ако забележиш, даваш примери за силувања на членови надвор од едно племе (војни), што е логично. Луѓе од други племиња не сакаат туѓи гени. Други се правилата за силување во рамките на едно племе.
Пиши (пошто е пдф):
The Evolutionary Psychology of Human Mate Choice
Женките во животинското царство вршат селекција и кај другите видови, за ова има многу докази, а истото се аплицира и кај праисториските луѓе. Не знам зошто ова ти е чудно. Можеш да изложиш докази за твоето тврдење дека женките кај луѓето од праисториските племиња не го избирале својот партнер, туку оплодувањето се вршело само со силување?