Ердоган,во среда оди на поклонение кај рускиот Император во Москва.Работата си оди по планот поставен во Астана.Некаде има по некоја грешка и тоа е се.Важно Ердоган ги убеди своите дека е голем патриот и бранител на сунитите и ги спомна неооесманските идеи.Се е во ред како што и претходно напишав.Во наредната фаза за Идлиб турската војска која сега е во северен Идлиб ќе им ја предаде целата територија на Сириската армија по мирен пат,исто како што ќе биде примопредајата на територијата во која сега патролираат руско-турски сили.
Секоја педа од сириската земја ќе биде ослобден.
Сакаше да речеш кај Лидерот на слободниот свет - Москва?
Да, тоа што си го навел е проектирано со планот од Астана и нешто во Сочи, но таму се наведени и обврски кои треба да ги исполнат потписниците.
Она што е важно да се спомене е изјавата на Лидерот на слободниот свет, дека Сирија останува целовита-неделива и не доаѓа во предвид да се дели според нечии влажни соништа. За да се реализира планот, потребно е да се знае зошто Сирија е цел на околните и западните империјални сили. Се спомнуваа многу работи, како патот на свилата, резерви на плин и нафта, спречување на иранските аспирации и излез на Средоземјето па се до најновото откритие на резерви на вода на Голан, што е вистина ... ќе почекаме, јас типувам на патот на свилата да се спречи или барем да се одложи неговата реализација.
Последните случувања, покажаа дека РФ нема капацитети во Сирија со кои би можела да и парира на Турција, ова го свати Ердоган и затоа силовито удри, иако повеќе пропагандно од колку вистински, пропагандните компилации со уништена сириска техника и воена сила се од подолг временски период, а не само од последните денови, па така онаа видео за уништување на Панцир е од Либија ... но војна е и очекувано е сите да бидат победници се до моментот кога некој не ги крене рацете.
Она што мене ме изненади е слободното влегување на турски БПЛ(дронови) во воздушниот простор на Сирија, подоцна видов дека тоа било така регулирано со договорите од Астана, каде е предвидено Турција истите да ги користи за извидување и слични операции за постигнување на мир и тука настанува проблемот... тие БПЛ се користени за извидување, но и за корекција на артилериски оган, за наведување на проектили В-З и З-В-З од тука и толкавата прецизност во нападите на здружените турско-терористички сили. Зошто некои испуштиле во договорите да го прецизираат и овој начин на користење на БПЛ, ќе треба да се одговори од РФ сепак тие се носители на духот на тие договори и концептот.
Друга работа која изненадува е што РФ по се изгледа и им забранува на сириските сили да одговорат на нападите на џихади-турската осовина (има повеќе извори кои за оваа пишуваат, а оправдувањето е дека без РФ денес не би постоела Сирија, што е точно, ама е точно и дека во тој случај борбите во Сирија би се играле на тлото на РФ) веројатно од страв или заради избегнување на ескалација од поголеми размери, но стравот кај РФ во случајов е евидентен.
Како и да е, мирот во Сирија уште долго време нема да го има, барем не се додека не се воспостават контурите на новиот светски поредок!