Да сумирам набрзинка:
Сељаците од постовите на Сусаро успеваат кај жени со ниска самодоверба и потреба да биде заштитена. Жена која се сака и почитува себеси никогаш нема да дозволи да дозволи некој да ја користи како замка за да собира броеви, а она да му реплицира со „ти си луд“. Сељаците не палат кај лавици со став, кои знаат што точно што сакаат. Овие фори палат кај пленови, исплашени срнчиња кои ќе се чувствуваат безбедно покрај некој „алфа“ мажјак.
Ботко беше во право за самодовербата. Самодовербата и те како пали, али ова само за да упецаш, на долги стази џабе ти е ако не те бива.
Сусаро беше право за желбата за одмазда за некој што те обезвредил... кога имаш 16 и имаш енергија и време за игри и интриги.
И не мора да одиш до толку далеку и да легнеш со типот, затоа што на тој начин типот донесува победа. Поинтересно е да го натераш да те засака и да го влечеш за нос како кутренце. Некои практиканти на таканаречената „пичкина магија“, овде на форумов, знаат добро за што говорам.
Не,
@Natan 3.0, не ти опаѓаат критериумите со текот на годините, туку напротив, се покачуваат
доколку се помириш со фактот дека можеби ќе останеш сам и си сосема океј со тоа. За ова Сусаро има зборувано доста на форумов и му држи вода, за било кој пол.
Едноставно, кога ќе се умориш од игри, да даваш љубов и респект и да не добиваш назад колку што заслужуваш, нема да пушташ било кој во животот. Личноста ќе мора убаво да се измачи за да ти докаже дека е достојна да ти биде дел од секојдневието, па дури и тогаш, вратата останува подотворена во случај на грешки кои не си успеала да ги увидиш навреме, затоа што никој не е побитен од твојот спокој.
И тука пак посочуваме кон феминизмот, кој не нѐ учи само за еднаквост, туку и за откривање на сопствената вредност и за самопочит.