Замислете си ги овие ситуации. Ви кажуваат родителите дека немаат повеќе можност да го плаќаат 24 часовниот интернет, немате вие сами можност да си го плаќате интернетот поради финансиски причини, сакате да се откажете едноставно од виртуелниот свет од кој сте станале зависни, да прекинете секаква комуникација освен повремено проверување на е-маил... Прашањето е дали би се откажале така лесно од 24 часовниот интернетот, дали би рекле нема проблем исклучете го не ми смета, би можеле да преживеете без интернет дома?
Еве јас прв да си одговорам. Има моменти кога сакам скроз да се откажам од интернет кога се ми е скурчено и не сакам да мислам воопшто на тоа. Не сум сакал до толку многу да навлезам во виртуелната комуникација, не сум сакал да уклучам форум од кој сум зависен, да проверам е-маил... со еден збор ми идело да го џитнам компјутерот низ џам и да се откажам од се. Но сепак на крај покрај се се навраќам на интернетот и неможам да не го уклучам компјутерот барем еднаш во денот иако би сакал тоа да можам да го направам. Значи за крај неможам да се откажам од интернетот така лесно!
П.С. Секогаш викав и ќе викам животот ми беше поедноставен кога немав дома 24 часа интернет.