Вака по пишаново, ми делува дека не си баш по финансиите. Ништо страшно, затоа си има сметководители и советници.Чекај малку сега, нели државата ти ги одземаше тие 40% од бруто добивката ?
Јас те прашав за нето добивката што ти останува после оданочувањето од државата.
Обиди се и ти да одговориш, не би требало да ти биде тешко.
Ај за појасно да ти е, државата ти зема 40% од платата што се исплаќа, фирмата ти исплаќа бруто плата, а ти на сметка добиваш нето плата.
Државата на крај на годината од добивката ти зема данок на добивка кој е 10%. Ти како газда на фирмата ако сакаш дел од тие пари да извадиш, државата ти зема дополнителни 10%.
Да ти пообјаснам, ако некој ми донесе 100.000 денари, јас од тие ќе му исплатам 40% бруто. Не чекам на крајот од годината тоа да биде, а и не е само еднократно, туку ако е повеќекратно, исто толку пати си добива 40%.
Очигледно е врска немаш за системите, штом не кажуваш за каков систем си. Истото може да се заклучи од видеото од 2мин, каде што ти мислиш дека капитализмот во САД, пред 1940, ги дозволил тие државни мерки и мешање на државата.
Преминот на моќта кај политичарите не бил наеднаш и целосен. Туку дел по дел, постепено.
Инаку твоето мислење дека влезот во ВСВ ја јакне индустријата, треба да важи за сите учесници, а во реалност, не е така.
Значи не е само да нафрлаш информации, а да не можеш да ги објасниш причините или последиците. Што ќе постигнеш со тоа ...