Пријателе,се мислев како да ти одговорам зошто за да се дојде до тој заклучок треба да се објаснат настани од пред неколку години па целокупната светска поитика па регионалната политика зана крај да се дојде до нужноста на сево ова што се случува сега.Слободно изнеси ги причините, за просторот нека се грижат други.
Инаку вака нафрлено 'нема никаква опасност...' ќе делува несериозно.
Еве нпр. јас мислам дека опасноста за турско-руски судир е многу изгледна, тоа што ја така мислам не значи дека ќе дојде до судир туку дека имам такви информации кои упатуваат на таков развој. Ако опасноста од судир е мала нема да има така сериозни закани-предупредувања од РФ, Турција во ОТАН ја има клучната позиција за навлегување во 'мекиот стомак' преку туркменските станови и групи кои делуваат на просторот се таму до Кина-Ујгурите. Ваквата позиција на Турција е градена со децении од страна на НАТО, и ваквата позиција е градена со цел еден ден да се искористи, дали е време, е прашањето.
Во светот во овој момент има три пола кои се глобални субјекти и Кина која е лиску до тоа но сепак во овој момент не е тоа.
Трите субјекти се Русија,Трампистите и длабоката држава.
Сите тие се меѓусебно спротивставени но во исто време се природно насочени еден кон друг затоа што го делат и се борат за истиот простор.
Затоа во еден момент Русија оценува дека е подобро да се подржи Трамп но подршката е само од руски интерес иако во тој однос има и доста идеолошки примеси што е далеку позначајно од било каков моментален интерес.Трамп ја прими подршката не затоа што е руски човек туку дека мисли дека тоа е најдобриот пат за САД.
Русија исто така соработуваше и со длабоката држава иако се и интересно и идеолошки спротивставени.Значи поентата не досегашниво напишано е во нужната координација на трите вектори на светската политика.
Е сега во тие нивни планови,за кој ние дознаваме од одредени изјави или дејствувања има регионални сили (вектори) кои се поставени да го изведуваат или спроведуваат нивниот план или представа за тој дел на светот.
Сега во врска со регионот за кој пишуваме.
Ти добро си забележал дека длабоката држава после распадот на СССРза Турција имаше одредено специјално место исто како и за Полска па тие добија и одреден израз како Нова Европа кој ќе бидат апсолутно главни држави во своитерегиони.
Така за полска беше одредено да биде глацна за централно словенските држави Чешка.Словачка,Белорусија,Украина,Молдавија плус балтичките држави.
За Турција беше одредено да биде главна од Сараево па до кинескиот Ѕид.
Затоа беше доведен и Ердоган со помош и подршка на Гуленистите и сите неоосмански и исламистички сили во Турција.
Запамти го ова неоосмански зошто е важно за тоа што се случува сега.На Турција и се дадоа доста концесии во економијата им се дадоа доста западни лиценци им се даде во финансискиот сектор одредена инекција која после завршување на дејството на лекот секако дека ќе го врати делото во првобитна состојба,но сето тоа изгледаше доста моќно а се во сврха на неоосманизмот.Султанот Ердоган качен од Анкара гледаше од Сараево па се до киргиските степи и сахарските песоци како на своја зона на доминација.
Сирија и сириските настани требаа да бидат само уште една епизода во тој след.