Собранието се распушти, избори на 12 април

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.310
Поени од реакции
34.708
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април.
kgn-img-498285.jpg

Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето обраќање рече дека по направената консултација на 10 февруари со Државната изборна комисија, денешниот ден е последен рок за распуштање на Парламентот.

– Одговорот од ДИК беше дека тие можат да обезбедат соодветен тек на процесот во рок од 55 дена од моментот на самораспуштање на Собранието поради фактот што предвремените избори се поврзани со чинот на распуштање на Собранието, а не со политички одлуки. И поради таа причина, анализирајќи и пресметувајќи ги сите рокови, последниот момент на распуштање на Собранието треба да биде денес со цел да се обезбедат сите рокови и постапки навремено, појасни Џафери.
Посочи дека сите одлуки што биле донесени во Парламентот се донесени во интерес на граѓаните и на државата.

– Како луѓе човечки е нешто и да сме погрешиле. Што се однесува до мене ако сум згрешил, грешката не сум ја направил намерно и јавно се извинувам, потенцира Џафери.

Координаторот на СДСМ Јован Митревски рече дека во изминатите три години сегашниот парламентарен состав поминал низ многу премежија и пребродил многу кризи, но оти тоа не ги спречило да донесат историски значајни одлуки со кои се дефинира иднината на државата.

– На 12 април нè очекуваат предвремени избори. Граѓаните ќе имаат можност да одлучат кому ќе му ја дадат поддршката. Ќе се соочат со две дијаметрално спротивни политики – едната на СДСМ чија главна грижа е граѓанинот и другиот избор за кој нема да коментирам, рече Митревски, посочувајќи ги придобивките за граѓаните од реализацијата на проектите спроведени од СДСМ.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски оцени дека во изминатите три ипол години овој парламентарен состав поминал низ тешка политичка криза и обвини за непрофесионално работење и криминал и корупација во редовите на СДСМ.

– Избори мора и ќе има на 12 април. Денес ќе ставиме крај на заложништвото во кое се наоѓа државата, рече Мицевски, посочувајќи дека СДСМ ќе остане запаметена по, како што рече, катастрофалните економски политики, партиските вработувања во администрацијата, немањето странски инвестиции.
 
17.02.2020 година, 18.00 часот собир - марш за правда :
не бе, направија грешка во слоганот, мислеа да викаат "Шутка не ти бега Никола". Правда мора да има па макар и Мијалков да биде затворен.
 
aj chestito ....grebi dobi a? inache vchera se samoraspushti ne denes ....
 
Гледам се заборава главната тема денес.....а тоа е снимката како Прасица со опел Вектра оди кај комплексот државни вили на Водно

Е сега....Пендарот вели дека во тоа време не бил вселен во претседателската вила.....останува уште премиерската:eek:

види богати...кој тоа се плаши да се сретнува во зградата на Владата?
 
Штета што не беше лето,па и сладолед од најубавиот ке лижеа :D вака само на седвич со посебна и растителен кашкавал останаа
Жално е што толку многу луѓе се иселија и ќе продолжат да се иселуваат, се додека не останат само вакви конфигурации во Македонија. Без разлика на тоа која партија ги товари.
 
Наредниве две години ми се чини дека ке биде најмасовното иселување од кога постои оваа таканаречена држава.Од 20 души останавме 10 во период од некои 7-8 години,а од тие 10 што станавме уште 7 си одиме годинава
Жално но вистинито.Како бидна,што бидна не знам ама ние ја заглавивме овде во нашата држава
 
Жално е што толку многу луѓе се иселија и ќе продолжат да се иселуваат, се додека не останат само вакви конфигурации во Македонија. Без разлика на тоа која партија ги товари.
Не да се селат, јас кога ги слушам изјавиве и со стап да ме тепаат овде не би се вратил, кога знам дека утре мојот глас и гласот на овие вреди исто, ваквите гласно го кажуваат својот став и се оперирани од срам а јас ако укажам нормална критика кон одредена партија ќе бидам наречен комуњар или вмроон.
 
Абе ако остане само на вербален деликт лесно е тоа. Туку двеве парти се спремни да ти направат нешто. Овде само тие меѓу себе не се задеваат, се што може да му наруши рамнотежа е под директен напад, а може и физички да го кркаш.

На овие избори најмногу ќе го јаде Левица, ќе играат гнасно и едните и другите против нив.
 
Абе ако остане само на вербален деликт лесно е тоа. Туку две парти се спремни да ти направат нешто. Овде само тие меѓу себе не се задеваат, се што може да му наруши рамнотежа е под директен напад, а може и физички да го кркаш.
Ич да не се секираш за ништо,се ќе биде океј
 
Северна Македонија е мултиетничка држава. Во која има два конститутивни народи и два официјални јазици. Периодот од 1800 до 1945 е оспорен, и најверојатно ќе се откаже од него. И ќе остане како држава без историски континуитет. Најмлада во Европа, без никаква предходна борба за нејзино формирање. Историска случајност.

Дополнително, за 20 години од сега, луѓето што не ги знаат и двата официјални јазици, ќе се сметаат за неинтегрирани и неедуцирани. Уште дополнително над тоа, Северна Македонија е во топ 5 најмизерни држави во Европа, дури и ако теоретски реализира 100% од економски потенцијал.

Секој што би претендирал на власт, а намерите да не му се или тесен интерес или одмаздољубие е тешка будала. И треба да биде хоспитализиран.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom