реков, грешка сум, со новиот систем не знам точно како оди. Да не треба на колена да клекнам. А за навреди, после толку пари лапање од адвокати, не ми збори за навреди. Ама не се сите исти, нели. Само сите 4-5 што досега сме ги ангажирале. Другите се цвејчина.
Ова се инаку информации од пред неколку години
„Приходите кои граѓанините ги остваруваат, во земјата и во странство, се оданочуваат со персонален данок на доход (ПДД). Даночната стапка по која се пресметува персоналниот данок е 10%. Одделните приходи кои сте ги оствариле во текот на календарската година, како даночен обврзник на персоналниот...
akademik.mk
Приходи од имот и имотни права
Доколку во 2015 година сте оствариле приходи од имот и имотни права, односно издавате под закуп (кирија) или подзакуп земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот, покрај обврската да поднесете аконтативна даночна пријава (образец “ПДД-АДП/ПИ“) во рок од 15 дена од денот на остварување на приходот, задолжително по истекот на годината треба да поднесете и Годишна даночна пријава.
Доход од закуп и подзакуп
Дефиниција
Доход од закуп и подзакуп е доходот што обврзникот го остварува од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.
Во доход од закуп и подзакуп се вклучуваат и надоместоците на трошоци за поправки, реновирање, вложување и слично, кои закупецот односно подзакупецот ги врши за сметка на закуподавачот.
Даночен обврзник
Физичко лице кое остварува доход од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.
од 2013
Кои се главните обврски на договорните страни?
Како и кај повеќето други договори, склучувањето ваков вид на договор произведува права и обврски за двете договорни страни. За закуподавачот е обврска да го предаде предметот во исправна состојба и да го одржува во таква состојба, додека трае и се применува договорот за закуп. Со цел да се избегнат сите можни подоцнежни недоразбирања или злоупотреби, препорачливо е договорните страни да состават и потпишат записник за примопредавање на предметот.
Главна обврска на закупувачот е плаќањето на закупнината во редовен рок. Закупнината се плаќа во парични средства, освен ако страните не се договорат поинаку. Препорачливо е парите да се уплаќаат на банкарска сметка на закуподавачот. Притоа, на договорениот нето износ на закупнина, се плаќа персонален данок на доход (ПДД), кој во моментов изнесува 10% од даночната основица (нето закупнината).
Формален обврзник за плаќање на данокот е закуподавачот, но вообичаена практика кај нас е договорање бруто износ на закупнина, при што закупувачот при префрлање на нето износот на сметката на закуподавачот, истовремено го плаќа и износот на ПДД како јавен приход Нема правило кога се плаќа закупнината, односно дали пред, за време или по користењето на предметот. Во практиката, најчесто се плаќа авансно (однапред). Притоа, може да се плаќа од месец за месец, но, понекогаш, особено кога се работи за подолгорочен закуп, се плаќа и за подолги временски периоди (за 3 или за 6 месеци однапред).
адвокат за правни работи? Интересно
Инаку ова со даноциве чинам е работа на економисти, не на правници. Или ти како правник работиш и со даноци, завршни пресметки и извештаи?