Апсолутно НЕ! Феминизмот постои зошто во прво место жената е подредена на мажот. Собата е доказ дека одредени мажи и покрај модерен сетинг и постоење на феминизам се сеуште тоа шо се - идиоти. Феминизам не постои за да се контра на мажот, туку за жената да се истакни до ниво каде општествено е еднаква на маж. Е сега шо некои мажи феминизмот го земаат лично, како атак на нивна машкост и мислат дека е предизвик, пак ќе речам, се идиоти. Оти феминизмот не е за мажите. Не го земајте и него.
И вистина е, има многу подкатегории на феминизам и сите за малку поразлични работи се концентрираат ама пред се гледаат да ја истакнат жената. И навидум сме еднакви ама ете видовме со јавна соба како е. Реченица за криминалот од ликнување и споделвање слики. Параграф за како жртвата згрешила. Жртвата никогаш не е крива макар и ситуацијата во која се нашла да не е општествено морална. Ама никој нема муда против "фраеро" да плука оти е маж. Полесно е по жртвата оти е жена.
Си ја најдов темата
Ами шо прајме со "Ева ја создаде од реброто на Адам", видиш колку одамна е поставен шовинизмот.
Митот за Лилит исто, бог ја создал заедно со Адам равноправна во исто време, од кал еден до друг.
Адам и побарал да му го почеше грбот, она одбила, овој се пожалил кај господ дека Лилит не го слуша, не му удоволува, господ кажал... Така ли? Е сега ќе види она.... и ја пропади демон да биде.... а на Адам му направил втора, од реброто сега, за да го слуша, да му биде потчинета.
Пошто и господ е машко, он навивал за Адам!
Лилит по легендата нели имала црвена коса и будалите ги палеле таквите дека останало оти тоа се демони.... вештерки.
До кога вие жените ќе ја толерирате црквата мене ме интересира?
Феминизмот е Океј, и живееме веќе во време кај што жената има еднакви можности и права... и тие мали нееднаквости кои останале полека се гланцаат.
Неофеминизмот е одење во крајност, он вика... жената ја силува маж, значи секој маж е потенцијален силувач... и е реакција на векови потчинетост, тепање и лутина.
Ако на црнец во Америка му кажете... Кај си бе Блеки?... он нема да ви врати со... Еве сум бе Вајти!... туку веднаш ќе се наљути, ќе помисли дека сте расист и ќе изреагира така, пошто болката и фрустрацијата се пренесува со генерации... робови, па седеле назад во автобус... напатени од Вајтис...
Па сега одиме во другата крајност, за да ја еманципираме жената, во популарната култура она толку се осамостои од мажот, што и во последниот терминатор имате женско иден лидер на отпорот, женско дефендер нејзин од иднината и Сара Конор, трите заедно тепаат терминатор кој што е машко.... па сублиминално на девојчињата што им кажуваме?
Зверот за кој шо прај муабет
@Bodhidharma кај мажот денес го потискаме, а го будиме кај жената повеќе... дисбаланс?
И двајцата треба да знаат да тепаат, само мажот малку повеќе, додека жената го дои бебето, он ги штити од зверовите... пошто она не може и двете... нели така природата сакала?
Викинзите имале по мене скоро добар баланс, ако го убијат мажот пред куќата додека го брани семејството, жената ги сокрива децата под креветот, го зема мачот од мртвото тело на мажот, не губи време во кубење коси... леле мажот ми љубовта моја го отепаа, шо ќе праам сега без таткото на мојте деца... туку продолжува да ги брани децата.... пошто мажот ја спремил и неа да тепа, а ја спремил за ова додуше и татко и.
Преведи го ова во современото опшевство, колку го нема.
Кога Русо ни кажува назад кон природата, можеби мисли назад кон принципите на природата, не кон шумата без струја и интернет, а принципите најлесно се уочуваат со чиста перцепција.... почнуваш од телата... кој има повеќе мускули, кој дојка за доење.... и никој не е побитен туку целта е конечно јунити, комплементарност... двајцата заедно прават една целина... јинг јанг...
Љубоффф