Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.223
Поени од реакции
35.842
Тоа е лекцијата што ја добија лабуристите. Немој да си играш мајтап со граѓанска волја изразена на референдум и да се обидуваш со ситни политики за партиски поени да ја изиграш. За тоа ќе платиш цех на избори.

Ете тоа и се случи. На лабуристите главите им беа толку напикани во своите газови и живееја во некојси страшно нереален EU pipe dream, што заборавија дека на избори ќе треба да излезат пред британските граѓани а не пред ЕУ естаблишментот кај кој упорно се лигавеа последниве три години.

Не знам што очекуваа да се случи кога го прогураа тој поданички закон за одложување на Брегзит, каде самите на ЕУ им даваат опција за постојано одложување. Како ли само упорно ги игнорираа гласачите во своите лабуристички бастиони кои гласаа за Брегзит, а они веќе три години одбиваат да им го испорачаат тоа за што гласале.

Затоа сеа гласачите им испорачаа порака дека нејќат Анти-демократски шарлатани како лабурустите и либерал-(не)демократите.

Борис никогаш не би дошол на власт а камоли да освои вакво мнозинство ако од другата страна не би биле вакви тешки аматери.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Види Лабуристите одсекогаш имале проблем со внатрепартиска поделеност по прашањето на ЕУ. Уште на првиот референдум во 1974 Лабуристите беа длабоко поделени за влез во тогашната ЕЕЗ (денешна ЕУ). Тогаш Ториевците под водство на Тачер беа убедливо про ЕУ. Тогашната стратегија на тогашниот лабуристички премиер Харолд Вилсон што сега на некој начин го копираше Корбин да биде неутрален по тоа прашање успеа, ама очигледно овој пат Лабуристиве заборавија дека и покрај тоа што Вилсон беше неутрален САМО ВО КАМПАЊАТА, кажа дека ТОЈ ЛИЧНО ќе гласа за ЕУ. А сега убедлив дел од Ториевците (со некое малцинство од богатиот југ кои се традиционално про ЕУ и традиционално гласаат за Ториевците) беа про ЕУ. Додека Лабуристите гласаа 60% за ЕУ и 40% против ЕУ (И тоа ЗА беа само во најголемите градови како Лондон, додека на северот и североистокот во традиционалните лабуристички тврдини со исклучок на Манчестер и Ливерпул гласаа за Брегзит.

Но сепак јасно е дека ова беа Брегзит избори и дека Џонсон и Фараж направија одличен договор што ги обединија Брегзит гласовите во една партија. Додека Remain гласовите и покрај тоа што овој пат покажуваат тесно водство доколку би се одржал втор референдум, не успеаја да ги обединат во една партија/коалиција.

Еве графички да се надоврзам на твојот коментар. Сега не дека сите гласачи на Лабуристите и ЛибДем се за останување, ама процентот на референдумот не е ни близу на сегашната распределба на пратенички места.

Но брилијантната коалиција на Фараџ и Борис и тоталната некоординација на Корбин и Свиндон си ги донесоа резултатие.

Што ти значи изборен модел, ЛибДем со над триипол милиони гласа имаат 11, а СНП со милион и двеста има 48.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.223
Поени од реакции
35.842
Лабуристите реално беа во заебана ситуација бидејќи најголемите нивни упоришта гласаа за leave додека најголемиот дел од целокупното гласачко тело им се remain гласачи. Пробаа да балансираат со глупава “округло па на ќоше” политика за Брегзит што испадна катастрофално.

Пишав уште пред некој месец кога се фатија и они на мамката наречена втор референдум за Брегзит излажани од хардкор remain слепцитедека јако ќе го јадат стапот.
Големо мнозинство без разлика за remain или leave едноставно сакаат чиста и јасна насока и ова конечно да заврши.

Он наместо тоа им понуди дека он ќе одел да преговара повторно со ЕУ (иако и сам се изјасни дека е remain), па господ знае до кога ќе траат тие преговори па после пак ќе распишувал референдум па пак кампањи поделби, лаги, омраза и срања. Абе оди бегај :pos:

Најдобрата опција му беше да го поддржи договорот на Меј и после да вади манифести и разни работи па неа може ќе ја победеше. Вака Борис Џонсон за него е тешка категорија. Плус овој вториов има кристално чист пат за Брегзит. Утврден јасен рок до кога ќе се договараме, ако нема договор ние рокот го запазуваме и напуштаме зашто ова веќе еднаш мора да се заврши.

Корбин од друга страна ќе преговарал дур немало договор и немало да напушти без договор. What the fuck преговарачка позиција е тоа бе човек кога немаш опција да станеш од масата. Нормално дека другата страна ќе те ренда до смрт како што милува.

Највеќе го утепа немањето на јасна стратегија за Брегзит после три поминати години. Капак на тоа беа неговата ужасна непопуларност и смешниот манифест кај што само ветуваа бесплатни работи без јасен финансиски план како тоа ќе оди. Лесно му ја прочитаа програмата како аматерска и популистичка.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Лесно му ја прочитаа програмата како аматерска и популистичка.
Се слагам со се освен со ова, противникот му беше човекот што популистички лажеше дека без ЕУ, Британија ќе заштедела 350 милиони неделно.

Не може ако е десен популизам со нивните мегаломански ветувања и манипулации да е ок, а ако малце левичари понудат или ветат популистички мерки тоа да е најлошо нешто на светот. Генерално зборам, не само за УК.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.223
Поени од реакции
35.842
Се слагам со се освен со ова, противникот му беше човекот што популистички лажеше дека без ЕУ, Британија ќе заштедела 350 милиони неделно.

Не може ако е десен популизам со нивните мегаломански ветувања и манипулации да е ок, а ако малце левичари понудат или ветат популистички мерки тоа да е најлошо нешто на светот. Генерално зборам, не само за УК.
Истата приказна е се сложувам. Борис Џонсон е популист од рангот на Трамп. Ама му се погоди да има чист план за Брегзит и многу непопуларен лидер на опозиција со катастрофален план за Брегзит. Ама и овој Корбин со програмата не беше ништо поарен. Посебно со тоа што на среде изборна кампања ветуваше нови нови работи кои ќе биле бесплатни.

Го гледам сега истото се случува на демократските прелиминарни избори во САД кај што се натпреваруваат кој ќе вети повеќе free stuff. И они мислам дека погрешно го проценуваат електоратот и прават грешка. Се тоа што го ветуваат е таргетирано кон едно мало ама многу гласно малцинство, додека другите им се чудат на паметот.
 
Медикер, главното ветување има голема подршка од сите граѓани на САД, за ова ти зборам погоре, ѕидот на Трамп кој нема никаква практична употребливост е ок и не е глупост, медикер е глупост само оти кошта неколку проценти од воениот буџет на САД.

Демократите грешат што се фокусираат на глупиот импичмент заради кој веќе се дига рејтингот на Трамп во клучните виолетови држави, и тоа што ќе изберат некој кретен како Бајден или Бутиџеџ, а не оти прогресивците ветуваат социјални програми.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.722
Поени од реакции
4.399
Не ова значи дека УК излегува од ЕУропска... (излегоа бритите сега може да му дадат датум на Црпе, чекај бе што зборам па на Црпе му дадоа датум на Македонија не и даваат)
...понатаму оваа значи дека ЕУропска по 31.01. и дефинитивно започнува со редефинирање а ако не се успее во тоа ќе се распадне;
... исто така значи дека клубот “пет очи“ (во една глааа) ќе започне да јакне и да се позиционира поагресивно во тековните световни процеси!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.680
Се слагам со се освен со ова, противникот му беше човекот што популистички лажеше дека без ЕУ, Британија ќе заштедела 350 милиони неделно.

Не може ако е десен популизам со нивните мегаломански ветувања и манипулации да е ок, а ако малце левичари понудат или ветат популистички мерки тоа да е најлошо нешто на светот. Генерално зборам, не само за УК.
Џонсон вс. Корбин е дуел на луѓе со убедливо најнизок човечки интегритет во историјата на британската политика.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Не ова значи дека УК излегува од ЕУропска... (излегоа бритите сега може да му дадат датум на Црпе, чекај бе што зборам па на Црпе му дадоа датум на Македонија не и даваат)
...понатаму оваа значи дека ЕУропска по 31.01. и дефинитивно започнува со редефинирање а ако не се успее во тоа ќе се распадне;
... исто така значи дека клубот “пет очи“ (во една глааа) ќе започне да јакне и да се позиционира поагресивно во тековните световни процеси!
Им следува судбината на Југославија, сакал некој да го прифати/признае тоа или не. :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.187
Поени од реакции
18.002
Ајде аирлија заминува Британија од ЕУ оваа недела.

Но, првите проблеми на Џонсон уште пред тоа почнаа да се појавуваат и тоа во форма на Huawei :D

Да видиме како Џонсон ќе џонглира меѓу, ЕУ, САД, Кина и Русија, и плус локално со Северна Ирска и Шкотска. Дури и Велс му го отфрли планот за брегзит :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862

На крај ќе кажам само, времето ќе покаже кој бил во право.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.397
Поени од реакции
20.141
Епа конечно и ова го дочекавме. Нека им е со среќа.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.615
Поени од реакции
26.133
Значи почнуваме да растураме во светската геополитика...
После ултиматумот на Иран, предупредувањето на Израелците и Палестинците, стига и заклучокот за Брекзит...

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Супер, сега кога останаа без ЕУ ќе бидат во друштво на Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Украина, Молдавија и ред други угледни држави што имаат контрола врз сопствениот суверенитет и миграцијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom