Јакиот играч Ешли факинг Јанг. Колку и да бил борбен и да гинел, сепак придонесот во играта не му беше ништо подобар од Лук Шо. Зборам за сезонава. Реално сме покриени на бековски позиции и одењево на Јанг не е никаков проблем. Да немавме играчи, и јас би бил против, али вака, со Бисака и Вилијамс како прва и Далот и Шо како втора опција нема потреба од Јанг. Уште ако му лупнеа и поголема плата со новиот договор што му го нудеа, а човекот има 35 години, колективно самоубиство ќе требаше да напраат од прв до последен у Јунајтед.
Јунајтед нема проблем со дефанзивната линија, има доволно играчи, проблемот се средината и нападот. Додатен проблем е Оле и неспособноста да си ги увиди грешките или да ги поправи, плус муабетите дека нема ништо да менува. Стварно не знам што да мислам за човеков, дали е незнаење или некој инат, можда и комбинација од двете, али како и да е нема долго да тера вака. За Вудвард и остала багра у управа нема што да се збори, главните кривци се они и додека таму не се сменат работите, менување на Оле нема ништо посебно да смени, пак ќе истераат месец, два, во добра форма, на ура, на еуфорија и пак после тоа ќе биде се исто.