Тоа е повеќе за тие што се со происход - често иако ДАБЧ им има дадено происход (со што ти е потврдено потеклото), после Јотова може да те одбие оти на интервјуто си дал само копии а не оригинали или бидејќи документите не ти се доволно убедливи за потеклото (иако во ДАБЧ си поднел оригинали и тие ти го потврдиле потеклото), затоа најсигурно е дополнително да однесеш документи ако имаш и други кои покажуваат дека имаш предци од Бугарија.
Ти штом си со родители си прилично безбеден, освен ако твоите добиле државјанство само со изјава „се чувствувам Бугарин“ а не поднеле никаква потврда за потекло, тогаш најдобро гледај и ти дополнително да однесеш некои документи за бугарско потекло оти во спротивно можно е да те одбијат.
Бар јас вака ги знам работите, ако некој има забелешка нека ме корегира/дополни.