Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Тотално отфрлање на јаг.хидр.од исхраната за мене е мошне нездрава работа.
Но, можно е, што знам!
Јас таков тежок начин на одмастување на црн дроб не би одбрала никогаш
Добар е рецептот а и успешен со пиење вода рано наутро на празен стомак, која е помешана со една лажичка брашно и преноќува цела вечер(се пие само водата, без талогот).
tenor.gif
 
Да имам стомак. Намалив благо/бели пецива(црн леб купувам од рамстор, фурна диме,бкако камења да јадам. многу тврд леб), сокови и се благо исфрлив. Ми рекоа еден месец секое сабајле млака вода со еден лимон исцеден да пијам. Почнав да трчам, па ќе видиме што ќе биде.
Најмногу ме кочи исхраната. Не знам што да јадам, бош време сум на работа, а и неможеш нејаден да седиш...
 
Еј само да знајте дека бев на свадба и ослабив 3кг за 5 дена. Проблемот беше шо бев некој број измеѓу М и L. М ми беше точна во рамената и ракавите ама не ме береше во стомак, а L обратно.

Лекот... Јадев само овошје и интегрални кексови и сл. Ептен криза ко ќе ме фатеше за јадење јадев парче пилешки стек од 200 грама без леб(еднаш дневно).

Сега пак не јадам леб и си држам линија еве две недели вагата не се мрднала :)
 
Проблемот беше шо бев некој број измеѓу М и L. М ми беше точна во рамената и ракавите ама не ме береше во стомак, а L обратно.
Па ради ова постојат slim fit, regular fit, relaxed fit
 
https://www.nobelprize.org/prizes/medicine/2016/press-release/

Без да знам за аутофагијата, со оглед на бројни обврски овој период, од 3-4 месеци, од премор и немање време, можеби и мрзливост, прекинав да вечерам. Често доручекот ми беше после 10 часот.

Ослабев 10 кила, ми се исчисти грбот и лицето ( имав кожни проблеми ) , се чувствувам многу добро, ми се одјаде и месо, ама сепак го јадам барем 2 пати неделно - исклучиво домашно чувано, крвната слика ми е бонбона, ама што е најважно - ми се регулираше притисокот и тахикардијата кои ги имав години наназад ( благо покачени ).
 
Последно уредено:
Дали користењето на капсули за слабеење би можело да го наруши здравјето со конзумирање на 16 годишна возраст?
 
Дали користењето на капсули за слабеење би можело да го наруши здравјето со конзумирање на 16 годишна возраст?
Зависи кои ама генерално - не.
Ама сите тие капсули се snake oil најчесто, не ти требаат.
Терминот snake oil се користи за продукти кои се рекламираат како да имаат некое вистинско и преовеличано дејство а всушност немаат ни приближно ефикасност.
 
Дали користењето на капсули за слабеење би можело да го наруши здравјето со конзумирање на 16 годишна возраст?
- ДА!
оти не знаеш причината зошто ја имаш таа состојба на дебелина!
 
оти не знаеш причината зошто ја имаш таа состојба на дебелина!
Да, у денешно време 16 годишник може да е дебел поради низа здравствени состојби кои значително ќе се влошат од снејк оил капсулите, лол.
 
Да, у денешно време 16 годишник може да е дебел поради низа здравствени состојби кои значително ќе се влошат од снејк оил капсулите, лол.
...хипотиреоидизам на пример, забавен метаболизам што е многу присутно денес кај младината поради дефицит на јод во земја, почва, вода, храна, сол? м? и кои капсули ќе му помогнат ? плацебо ли некој ефект од тоа? :toe:
 
Ако не го мрдни дупето од стол и не исфрли глупостите што ги јаде ни Т3 не го слабее.
 
Дали користењето на капсули за слабеење би можело да го наруши здравјето со конзумирање на 16 годишна возраст?
Батали тоа капсулите, боље кажи тежина висина активност да ти дадеме некои насоки...па види ти што понатака
 
Дали користењето на капсули за слабеење би можело да го наруши здравјето со конзумирање на 16 годишна возраст?
Дете, во најубави години ова ти е најлошо решение. Под итно спорт! Ако си девојче, одбојка е прекрасен спорт. Со мали корекции во исхраната (одбегнувај вечера, намали благо, исфрли сокови...) и движење ќе имаш големи и долгорочни промени на подобро.
Никој не видел аир од хемија...колку и да е ефикасно (а веројатноста е мала), ќе ги вратиш килаа многу брзо...
 
Другарките ми ги фалат биле ммогу ефикасни на природна баз денес земав да ги пробам па ке видиме
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom