Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ај па ако не Фалкао да го вратиме ....Околу напаѓач - најреална опција и најдобра моментално ми изгледа Кавани.
Нема шанси следната да ги одмара. Доста битна утакмица со Барнли, препотребни се 3 бода. После за со Сити реваншот треба да е ненормален да ги игра. Нека ги пушти истите од утакмицата против Астана гости таму.Ако научил нешто Оле од повредите, наредната утакмица ќе ги игра Џонс/Туанзебе, Баји, Далот.Ван бисака, Мегваер и Џејмс у ладна комора до понаредна утакмица.Ни на тренинг да не се појават.За Фред дури ми е страв да помислам, типот 3 акумулатори потроши мислам.И Лингард е време да прекине да глуми примадона и да се стави во оган за клубот кој што од мал го следи, му изгинаа колегите он, си го лади.
Инаку дечки тоа е, со овој состав со овие повреди и замор што го носат, толку се може.Да беа читави(одморени и неповредени) како со Сити, можеби и друга песна ќе беше.Одбраната долговреме волку неартикулисана не сум ја видел и многу грешки почетнички правеа.
Јас имам пливано со инјекции и се чудам како моментот да играш ПЛ фудбал со инјекции се нафрла онака, како да идеш петочки на провод во Saloon. Освен што не ја чувствуваш болката, телото ем додатно ти се прави партал наместо да се регенерира раат ем ја немаш подвижноста и мобилноста на торзото што би ја имал кога би бил здрав.
Поради тие инјекции Миркуловски си ја јадеше пензијата од првокласен ракомет пред да навлезе во 30ката
Џонс и Шо ги чекаме со месеци здрави да се и пак да се повредат ама затоа Рашфорд сите мора да ги игра. Тебе фудбалер може на коленици да те моли да игра, реалната ситуација е друга. За тоа кој требало да игра и што немало кој друг не е наш проблем, други земаат пари за да го смислат кадарот.
Eве, од тоа што читам за повредата, вика дека го тера играчот да прави движења со телото за да се намести како не би чувствувал болка.
У цела нервоза сум пишал фактура, место фрактура.
Гледам дека прв пат во комплет, се удира по раководство, и Гери, и Евра, и Кин.
Нека чекат слободно до лето. За мене следните месец дена се клучни за сезоната, имаме доста битни утакмици Премиер и Лига Европа. Без ни еден трансфер, голема е веројатноста да ја завршиме сезоната уште сегаЈа искрено не очекувам трансфер,ке чуваат пари за во лето![]()