Реорганизација на јавната администрацијата

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
Секоја недела "никнуваат" нови огласи за административци, а од друга страна владава ни крои некоја сомнителна судбина за која, по мое мислење не е воопшто кадарна да го оставри планираното.
Што мислите дали ќе успеат во оваа намера или ке направат тотален хаос?

 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Да можеа да се вработат приватно за повисока плата немаше државно да идеа. Чист пример човек што го познавам работеше за 15 илјади денари за приватна компанија обезбедување, после некое време се вработи државно буквално на исто место плата 35000 илјади плус бенефиции кои си ги носи државната работа.(празници. бонуси итн)

Кај нас да ја средиш администрацијата значи да изгубиш на следни избори, а сите што бркаат власт се тотално спротивно од алтруисти.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
Мислам дека од наведените пет модели, власта сака само еден, а тоа е јавно приватно партнерство.
Незнам дали постои закон со кој се утврдува висината на отпремнината!?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Секоја недела "никнуваат" нови огласи за административци, а од друга страна владава ни крои некоја сомнителна судбина за која, по мое мислење не е воопшто кадарна да го оставри планираното.
Што мислите дали ќе успеат во оваа намера или ке направат тотален хаос?

Избори се ближат,администрацијата се зголемува,плус ги имаш и двојазичните преведувачи,задолжувања огромни,до кај ќе се тера вака не знам.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
Избори се ближат,администрацијата се зголемува,плус ги имаш и двојазичните преведувачи,задолжувања огромни,до кај ќе се тера вака не знам.
Па тоа и ме чуди, баш пред избори они си играат со нервите на административците, ем не им дадоа покачување на плата, па уште и ги заплашуваат со некакви реорганизации....и затоа ќе изгубат сдс, ние од адмистрацијата нема да гласаме за Зајчено:mad:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Повеќе загрижуваат вакви парадирања со камери.
Не биле задоволни земјоделците, пфф...од кого.


техничкиве се за да се консолидира и организира државата за избори или за к**ташак и дополнителни глупости и маркетинг

Па тоа и ме чуди, баш пред избори они си играат со нервите на административците, ем не им дадоа покачување на плата, па уште и ги заплашуваат со некакви реорганизации....
за каква реорганизација се работи? Пошто знам дека порано се носеле систематизации на 3-4 години, притоа врз многу од стручниот кадар по разни институции се вршело манипулации, непостоечки раб места и завршени школи, притисок и мобинг (десетици и десетици лични познанства кои биле казнувани со пониски или полоши места и со кратење плати), на сметка на нововработените или избраните од бога, кои добар дел немале ни соодветно школо.

Така да, каква е таа "реорганизација"?
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
Така да, каква е таа "реорганизација"?
Каква!????
Никаква, ама баш никаква!!!
Таа реорганизација што ни ја планира Манчевски е причината поради која администрацијата е клекната на колена, замајување на јавноста, нешто што можеа да го направат на почетоткот на нивниот мандат, а не сега кога им дојде крајот....причина за конфликт на влада со вработените од јавниот сектор,со приватниот сектор......Сакам само да знам кои се тие приватници кои имаат толку многу финансии за да вработат нови кадри, кои немаат никакви искуства со нивната дејност а кои ќе добијат поголема плата од досегашната?
Од каде оваа држава ќе најде пари за отпремнини за тие лица кои доброволно ке го напуштат своето работно место?

Полуди идеи немам чуено:(
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Каква!????
Никаква, ама баш никаква!!!
Таа реорганизација што ни ја планира Манчевски е причината поради која администрацијата е клекната на колена, замајување на јавноста, нешто што можеа да го направат на почетоткот на нивниот мандат, а не сега кога им дојде крајот....причина за конфликт на влада со вработените од јавниот сектор,со приватниот сектор......Сакам само да знам кои се тие приватници кои имаат толку многу финансии за да вработат нови кадри, кои немаат никакви искуства со нивната дејност а кои ќе добијат поголема плата од досегашната?
Од каде оваа држава ќе најде пари за отпремнини за тие лица кои доброволно ке го напуштат своето работно место?

Полуди идеи немам чуено:(
Абе види прво нешто шо треба да направат е да ја немалат јавната администрација а не да ја зголемуваат.Прво нешто за намалување на истата е приватизација на Македонски Пошти.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
Абе види прво нешто шо треба да направат е да ја немалат јавната администрација а не да ја зголемуваат.Прво нешто за намалување на истата е приватизација на Македонски Пошти.
Нека ја намалат, немам ништо против, но што со партиските кадри кои ги напикаа пошто им беше ветено..или треба ние што не сме партиски определени д го јадеме стапот?
Треба прво добра систематизација, кои места требаат а кои се само за "украс" или клатачи на врата.
Во мојот отсек пред неколку години бевме само 7 вработени, а сега сме 17...измислени места, одговорни лица за на само двајца колеги, шеф на шефот, началник на шефот....немаат ни два саати ефективна работа од 8 те часа за кои земаат плата, ама земат по две илјадарки плус за одговорност.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Нека ја намалат, немам ништо против, но што со партиски те кадри кои ги напикаа пошто им беше ветено..или треба ние што не сме партиски определени д го јадеме стапот?
Треба прво добра систематизација, кои места требаат а кои се само за "украс" или клатачи на врата.
Во мојот отсек пред неколку години бевме само 7 вработени, а сега сме 17...измислени места, одговорни лица за на само двајца колеги, шеф на шеот, началник на шефот....немаат ни два саати ефективна работа од 8 те часа за кои земаат плата, ама земат по две илјадарки плус за одговорност.
Е па за жал тоа е најголемата болка на државава,измислени работни места за ухлебување на партиски паразити.:toe:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Најбезболно кратење на администрацијата, за политичките партии кои се на власт, е да ги избркаат неопределените. Така ќе ги зачуваат работните места на своите членови и после паѓањето од власт.
Знам дека нема многу неопределени во јавна администрација, после децении партиски непотизам. Но, тие што останале, кога би се избркале, би се скратила бројката на вработени во администрација, а би се зачувале местата за партиски подобните (од двете партии, "за да после другите не ги бркаат нашите"), односно би се задржале гарантираните гласови за на избори.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Вака,од едно око, случајно да не имаш бројка колку се тие неопределените:bravobe:
Има списоци на партиски активисти. Уште кога почна да се зголемува бројот државните службеници (рачунај, во времето на Никола Поповски имаше негде 65000, сега се веќе над 120000, мислам дека дел се зголеми и сосе вклучените здравство и образование меѓувреме, не сум сигурен за овие бранши), а истовремено добивавме извештаи од ЕУ каде (меѓу другото, судство, права на медиуми...) строго се препорачуваше департизација, требаше да се послуша и тоа ќе беше многу едноставно, делотворно за државата и полезно за граѓаните и буџетот. Требаше само секој што не е на некој партиски список и кој во работата не агитира и работи за одредена партија, да може да конкурира. Другите аус. Младите не е тешко да најдат работа приватно, за постарите е проблем, оддалечени веќе од факултетите кои ги учеле.
Ама ќе немаше армија од протестанти и гласачи.
Еве ти пример. Еден сосед, младо момче, во обид да се запосли (знаеме како партија наоѓа работа), се обрати до сега еден екс функционер, исто негов сосед. Знаеш кој беше условот? Не само книшка, него да оди со транспаренти на протести и контрапротести. Момчето одби, нормално, ќе изигрува слуга. И сега ваљда се прај исто или слично.
И сега велиш било проблем реорганизација и селекција на неопределени. Не е, само никому од собрание не му одговара тоа.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
Младите не е тешко да најдат работа приватно, за постарите е проблем,

Воопшто не се согласувам со тебе.
Постарите ке се согласат да го ослободат работното место за добра отпремнина, ако ја понудат нели таа опција како што наговестуваат, но што со младите, во кои приватни фирми они ке се запослат во нашава држава и се разбира за кој личен доход, за крпен живот??
Не е така лесно со години натрупувана јавна администрација да ја трансформираш и да ја намалиш а да нема проблеми, тс да се направи општи хаос.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom