jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.420
Верувај, со истата мисла тргнале девелоперите во 2005... важно ми е да знам што бара клиентот. Ама од 2005 до денеска, се измениле можда буквално сите вработени во таа фирма, а во зависност од браншата и по неколку пати се направила ротација... Истото се десило и во компанијата која го развивала софтверот.. во меѓувреме, се смениле барањата, се размрдале приоритетите и дошле некои нови неочекувани моменти и све тоа било правено од девелопери попут тебе кои можеби врска немале која е големата слика на проектот, ниту пак знаеле кои се почетните барања... и све завршило како што завршило...Правам муабет за проект кој е почнат некаде 2005, и се имаат сменето богзнае колку програмери, последниот човек кој што им работел напуштил и мислам дека не се во контакт.
Доколку се почнува од нула, доволно ми е да знам што бара клиентот, кога и клиентот самиот не знае што бара не можам многу да им помогнам.
Доколку не се воспостават правила на игра и доколку тие правила стриктно не се следат и контролираат... па макар тие биле и сосема погрешни, долготраен успешен проект нема да може да опстои сам по себе...
Замисли си штои бил SugarCRM во 2005 кои техники на развој користел и каква била визијата тогаш, со тоа што е денеска визијата и какви се денешните очекувања... Тоа што порака ти дава??? Незнам за тебе, ама мене ми дава порака дека продуктите во IT секторот се доста краткотрајни, и без разлика колку да вложуваш во нивна скалабилност, на крајот секако ќе застарат...Некои функционалности како knowledge base или како некакви модули, можеш да искористиш... Но робустен продукт во целина... тешко.
Тие луѓе што инвестирале 15 години во тој развој на тој продукт, преминале којзнае какви све нервози и заебанции, инвестирале многу пари и очигледно се очајни да го доведат во ред... Не им е пријатен звукот кога слушаат дека треба сета таа инвестиција да ја фрлат во ѓубре, а особено не им е пријатен звукот кога слушаат дека не знаат што сакаат...
Многу е лесно за тебе да кажеш не бива од ова ништо, дајте одпочеток да го почнеме... вистинската работа е да се снајдеш во тој калабалак.... Според мене, еден од условите за да некој стане сениор програмер, е да се снајде во таков некој код и генерално во таква некоја ситуација. Што ми вредиш ти како сениор, ако јас неможам да те искористам во некоја таква ситуација (во која што и си), која реално ми носи клиент, со кој би можел да ја зголемам соработката??? Што да пишам во твоите способности, кога те продавам ?? „Овој е програмер е многу добар али само кога почиња од почеток“ ???
Затоа мене не ми е многу важно дали програмерот ги знае дизајн патерните, и некои банални работи попут тернари оператор.. Мене ми е битно како девелоперот се справува со стрес и каков пристап има до проблемите... Многу повеќе ќе ми заврши јуниор, кој под стрес се осеќа како дома и има добар аналитички пристап, одколку филозоф, кој ќе ми кажува колку е срање проектот на којшто работам, како јас да сум малоумен и да не го гледам тоа...
Последно уредено: