Иран

Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.288
Поени од реакции
795
Овие као сакат да се степат ама си играт мачка миш tom I jerry
 
M

Macedon1um

Гостин
Во Америка има поделени мислења, републиканците бараат војна, демократите го криват Трамп и бараат да се иницира дијалог со Иран.

Јас мислам ако сега САД не одговори на нападот, многу работи во светот ќе се сменат... а тоа нема да биде добро за Америка.
Америка е лудница, ама Трамп и Републиканците дојдоа на власт со анти-војна ставови и ветуваа на гласачите дека ќе ги повлечат своите војници од Авганистан и Ирак. Дури и твитовите на Трамп можеш да ги видиш во минатото каде што го обвинува Обама дека ќе започнел нова војна со Иран, оти немал појма како да преговара :) Ако убиството на Солејмани е дел од стратегијата на САД да направи притисок и да ги натера Иранците да преговараат тогаш тоа ептен им е промашај

Трамп би требало одма да го отпушти советникот што таа опција му ја предложил оти Иранците се тешки фанатици и кај нив ова нема да има никаков ефект.. што више мислам им прави услуга бидејки ќе си ги зајакнат позициите внатре во државата.

Ако падне Иран, автоматски паѓа и Сирија, паѓаат Хезболах и моќните Шиитски милиции кои имаат 150К добро истренирани луѓе под оружје во регионот, а без нив, колку и да има подршка Асад од Русија, нема да може да се задржи на власт... Добро е за Иран што, што и да се случи, нема да биде тоа преку ноќ... Но секако нивните можности за оправање далеку ќе се намалуваат. Ако не е спремен Иран за долга војна, не требало ни да почнува ништо...

Јас мислам дека Иран ја стави во тесно и Русија. Сега, како што вика еден мој клиент ќе се трча маратон...

Иначе што се однесува до ситуација на блискиот исток... Своето влијание на БИ го изгуби онаа администрација што го инсталираше ИСИС и Ал Багдади како партнер на Америка. Трамп во случајов само ги наследи проблемите таму...
Јок не паѓа така лесно Сирија бидејки уделот на Иран во ослободувањето нејзино е минимален

Таму Русите 90% од работата ја завршија пред се со обука на војници, воена техника/оружје, финансии итн. Иран беше активен повеќе против ИС односно во пустинските делови накај Ирачката граница, додека Русите беа главни во разбивање на упориштата на „умерената“ опозиција
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.621
Поени од реакции
26.134
Eве доjде моментот веке персиjците да си вратат за окупацациja на македонците :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Иран имат многу други цели во Близкиот изток преди да доjдат да стрелат ракети ком Балканот,а и да го направат се пак НАТО инвестира во ПРО точно за тази цел. Наjблиски лансери са ти корабите во Средиземно море и стационираните во Романиja ракети SM-3.

Ироничен беше постот...
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.748
Поени од реакции
4.449
Изгледа некој сака преку дистракција, од атентатот кој според меѓународно право е државен тероризам да го пренасочи против Иран,... еве руши и цивилни авиони и со тоа го придобие јавното мислење.
Сега е време за спекулации, кога нема вистински информации најубаво се спекулира, интернет троловите започнаа со креирање на перцепција дека иранските сили го собориле авионот, на кого тоа му оди во прилог!
 
M

Macedon1um

Гостин

Ако од ова не се исплашат Иранците тогаш не знам :pos:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.621
Поени од реакции
26.134
Па дефинитивно ситауцијата би изгледала многу поинаква од сега доколку Иран падне. Дологорочно ризикот за режимот на Асад само ќе расте. Меѓутоа, Русија држи прилично добри карти во моментов, што можат да ги искористат за спогодување во насока на опстанок на Асад и контрола на стратешки битните делови од Сирија. Откако самопрогласениот генијалец им ги даде и сириските Курди и Sdf во рака без испукан куршум, моментално имаат скоро комплетна политичка контрола на теренот.
Во секој случај, фокусот на штитењето на нивниот влог во режимот на Асад е многу поразумна опција од впуштање во опасни, несигурни и непредвидливи авантури со trigger-happy лидерите на Иран, против светска сипер сила. Единствен природен сојузник за Русија во тој регион во моментов е Сирија на Асад, не е Иран. Иран и историски и во иднина е природен конкурент на Русија во битката за влијание и контрола на стратешки битни делови од цел тој регион. Во моментов само ги обединува заеднички интерес, чија мета е САД. Дури и Израел е многу подобар потенцијален сојузник за нив, отколку Иран, доколку некоја идна американска администрација одлучи дека и најголемиот сојзник на БИ им е вишок.

Никоја администрација на САД не го инсталирала ИСИС како партнер на САД, да не ја пишуваме историјата одново. :) Надворешната политика на Обама кон блиски исток беше прилично лоша. Од наглото повлекување од Ирак, континуираната подршка за ал-Малики, неодлучноста и немањето стратегија во граѓанската војна со Сирија, што овозможи теренот да го преземат сунитски исламисти, Арапската пролет и сл.
Меѓутоа, политиката на оваа администрација е комплетно фијаско. Повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран без јасна цел и стратегија за понатаму. Што е целта? Преговори за нов договор, пацификација, воен напад и смена на режимот? Предавство и фрлање во вода на единствениот сојузник на терен во Сирија - сириските Курди, без некаков видлив бенефит. Антагонизација на Ердоган во јавноста, а носење на одлуки во негов интерес, со што ни го задржува како сојзник ни го ограничува како конкурент. Повлекување или немање стратегија за односите со некои стратешки битни земји од регионот. Зголемување на военото присуство и покрај најавите за спротивното во текот на кампањата. Несмасни одлуки како онаа за Ерусалим. Сам ја маргинализира улогата на САД во овој дел од светот. Ако и сега наведне глава и почне да ја фарба домашната јавност дека победил, регионот ќе го гледа САД како набилдан боксер во дискотека кој се заканува на сите, а никој не знае зошто искочил и што воопшто бара таму.
И не е само на блиски исток, целокупната надворешна политика им е катастрофа. Од трговската војна со Кина, заканите за воведување на тарифи за извозот на европските партнери, нарушување на односите со секој традиционален сојузник, трансакционата политика која ја води со цел свет.

Иначе, патетично е како некои либерални гласноговорници реагираат на целиов настан. Пробуваат да истолкуваат намера за деескалација од лансирање на ракети кон американска војска, и додека Хамнеи најавува дека ова е само почеток. Јасно е дека ова е игра на кој ќе трепне прв. Ако тоа е Америка и нема реакција од нивна страна, никој веќе нема да ги сфаќа сериозно во тој регион.
Лошата политика на САД во моментов, е резултат на ароганцијата во последните 30тина години, а не само на Трамп или Обама. За разлика од Русија, каде што конците ги држи Путин и луѓето околу него, во САД претседателот нема до толку голема улога во геостратешките игри на државата. По тоа прашање САД е воена диктатура... така да резултат на сегашната ситуација е резултат на нивната геостратешка игра.

Дали е случајна или не ескалацијата, не можеме толку лесно да нагаѓаме, но сигурно не е дело на некој безумен старец кој сака да ја направи САД повторно голема. Улогата на тој старец е да ги прима шегите на негова сметка и да ја превзема одговорноста пред јавноста, односно одговорен е за шоубизнисот, за да можат геостратезите да си играат во позадина.

Сојузништвото не бара емоции, туку тоа е борба за опстанок, па така сакале или неќеле Иран се во сојузништво со Русија, секако доколку Русија сака да ја задржи Сирија... А Иран секако дека има фактор за ослободувањето на Сирија од терористите, дека мотивацијата на Шиитските милиции во борбата против ИСИС е секако на друго ниво од таа на Русите.. А имајќи во предвид дека Русија сеуште не може да трча маратон, а Сириската Армија е истоштена... така да тие 150К луѓе под оружје во регионот се и тоа како асет за воена премоќ во регионот.

Токму затоа се и овие игри.... Баш организаторот на тие милиции е убиен, баш човек за кој се очекува одмазда...
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Како мислиш нема никој да ги сваќа сериозно? Се дур имаат толкава воена моќ, ништо нема да се смени. И да не вратат ништо (а ќе вратеа до сеа ако сакаа) сигурно нема од утре други земји базите да им ги гаѓаат.
Сигнал е дека употребата на таа воена моќ скоро и да не е опција во моментов (освен во ептен исклучителни околности). Употребата на воената моќ е единствениот deterrent, кој САД го има кон играчите од тој регион. На времето имале и по некој морков за да ги привлечат битните и помалку битните непријателски расположени земји од тој регион, финасиската подршка во форма на неповратни финансиски средства и кредити по поволни стапки, трансфер на ескпертиза, продажба на технологија и воена опрема. Сега економски немаат што да понудат, а политички и самите не знаат што сакаат да понудат.
Мораат да ја задржат репутацијата на bully во регионот за да го задржат и влијанието што го имаат, барем јас така мислам. Сигурно нема сите војна да им објават утре, меѓутоа ако нема одговор на предизвикувачите, секој ќе си ја проба среќата, да види до каде може да ги притиска без да реагираат. Таква е логиката на реал политиката.
Тоа веќе и се има случено на В. Британија после WWII кога на сите бивши колонии им стана јасно дека Британците не можат веќе да си ги бранат интересите и сите скокнаа да си ја пробаат среќата. Не викам дека САД е во таква ситуација, меѓутоа логиката е таа.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.793
Поени од реакции
17.548

Муабетот ми е дека сеуште не сме виделе дека САД не можат да си ги бранат интересите. Иран од секогаш бил проблематичен и тоа што проаѓа за нив не значи дека ќе пројде и за други земји. Како пример ќе ја земам Русија, немаше исто да реагираат ако авионот што им го сруши Турција им го срушеше Грузија да речеме.
Нападот ми се чини дека не е за тестирање на толеранцијата на Американците, туку покажување лице. Да имаше некој војник на САД загинат(што им е црвена линија претпоставувам) друга ќе беше реакцијата.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.407
Поени од реакции
20.172
Дали е ова прв напад врз американски воени бази од страна на една држава после Перл Харбор?
НР Кина, Северна Кореја и Северен Виетнам имаат нападнато американски бази.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.478
Поени од реакции
20.368
Лошата политика на САД во моментов, е резултат на ароганцијата во последните 30тина години, а не само на Трамп или Обама. За разлика од Русија, каде што конците ги држи Путин и луѓето околу него, во САД претседателот нема до толку голема улога во геостратешките игри на државата. По тоа прашање САД е воена диктатура... така да резултат на сегашната ситуација е резултат на нивната геостратешка игра.

Дали е случајна или не ескалацијата, не можеме толку лесно да нагаѓаме, но сигурно не е дело на некој безумен старец кој сака да ја направи САД повторно голема. Улогата на тој старец е да ги прима шегите на негова сметка и да ја превзема одговорноста пред јавноста, односно одговорен е за шоубизнисот, за да можат геостратезите да си играат во позадина.

Сојузништвото не бара емоции, туку тоа е борба за опстанок, па така сакале или неќеле Иран се во сојузништво со Русија, секако доколку Русија сака да ја задржи Сирија... А Иран секако дека има фактор за ослободувањето на Сирија од терористите, дека мотивацијата на Шиитските милиции во борбата против ИСИС е секако на друго ниво од таа на Русите.. А имајќи во предвид дека Русија сеуште не може да трча маратон, а Сириската Армија е истоштена... така да тие 150К луѓе под оружје во регионот се и тоа како асет за воена премоќ во регионот.

Токму затоа се и овие игри.... Баш организаторот на тие милиции е убиен, баш човек за кој се очекува одмазда...
Дали Русија на Иран и има продадено оружје (авиони, ПВО итн) и ако не дали мислиш дека би и продала било што во блиска иднина ?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.748
Поени од реакции
4.449
Дали Русија на Иран и има продадено оружје (авиони, ПВО итн) и ако не дали мислиш дека би и продала било што во блиска иднина ?
Да!

еве овде има најнови вести
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.621
Поени од реакции
26.134
Дали Русија на Иран и има продадено оружје (авиони, ПВО итн) и ако не дали мислиш дека би и продала било што во блиска иднина ?
Имаат 10тина батерии С300 систем. Но имаат сопствена копија на овој систем, најверојатно развиена со помош на русите, Bavar 373 .. После имаат и некои сопствени системи за кои и нема многу информации (барем јас не сум начекал) .... Khorad 3, Khorad 15

Иначе реално, многу малку оружје имаат купено од Русија.. Повеќето Руско вооружување им е од Советско време.. Оставштина од војната против Ирак најверојатно. Зборам за официјално, претпоставувам дека имаат неофицијални канали.. Но затоа пак имаат многу широка воена индустрија, произведуваат све што е потребно за една армија, Имаат сопствени беспилотни летала, сопствени стелт авиони, и така натаму... Мислам дека набргу ќе дознаеме каков квалитет имаат...

Иначе интересна работа е што имаат независна и доста напредна ракетна програма.. Имав можност на еден Европски универзитет да работам со луѓе од Иран кои беа на постдипломски студии од технички факултети и исто така да ги споредам со други студенти, како на пример од Кина, Русија и западните земји... Можам да кажам дека искрено многу позитивно се изненадив од нивното знаење, а тоа збори дека Иран вложува во науката и правилно го гради образовниот систем... неспоредливо е на пример со Кинезите, кои претежно учат механички...
Автоматски споено мислење:

Интересно совпаѓање...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom