- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.721
- Поени од реакции
- 85.660
Ќе го побомбардираат малку и тоа е.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Аиии овие директно нападнаа, баш како што кажаа, од сопствена армија и од сопствената територија и тоа на воени цели... ептен храбро...
Автоматски споено мислење:
@Sussaro Иако не почнале да се бомбардираат цели во Иран, ова мислам дека може да се нарече пролог
Автоматски споено мислење:
И секако, нафтата на берзите скокна за 3.5%
И Иран ќар и Мурика ќар
Имам осечај дека муриканците ако немаат жртви во овој напад, ќе се воздржат да ја ескалираат ситуацијата уште малце, се до некој погоден момент.
Дека војна не им бега тоа е сигурно.
Ова не е блеф ова е отворен напад...јасен и гласен без да се остави простор за никаков сомнеж..Они знаат дека војна не им бега вака-така барем ќе блефират уште малце дека се јаки, додека овие другите не превземат некаква акција.
Во Америка има поделени мислења, републиканците бараат војна, демократите го криват Трамп и бараат да се иницира дијалог со Иран.Убаво имаше пишано некој на предходниве страници..
Ако Американците беа толку сигурни во успешна авантура против Иран одамна ќе нападнеа, немаше толку време да калкулираат и да се закануваат само. Ако нема жртви и Американците не вратат тоа ќе значи дека сакаат деескалација на ова да се заврши, ако вратат тогаш мислам не бега нов голем конфликт таму
Лично јас не верувам да нападнат цели внатре во Иран дури и да има жртви од нападот
Ако падне Иран, автоматски паѓа и Сирија, паѓаат Хезболах и моќните Шиитски милиции кои имаат 150К добро истренирани луѓе под оружје во регионот, а без нив, колку и да има подршка Асад од Русија, нема да може да се задржи на власт... Добро е за Иран што, што и да се случи, нема да биде тоа преку ноќ... Но секако нивните можности за оправање далеку ќе се намалуваат. Ако не е спремен Иран за долга војна, не требало ни да почнува ништо...Сепак лизнаа на крај, импулсивни фанатици не се баш трпеливи стратези. Политичкиот врв на Иран има неосновано голема доверба во своите способности, иако ситуацијата на терен е многу повеќе резултат на воено-политичката инвестиција на Русија и економската инвестиција на Кина, во исход кој е комплементарен со интересите на Иран, а многу малку со нивната компетентност. Да не беше интервенцијата на Русија во Сирија и подготвеност на Кина да купува енергенси од нив, и покрај санкциите изречени од САД, сега ќе имаа сунитски исламски калифат кој им се шета по границата и држава пред сериозна фискална криза (која и сега е реална опасност, но ситуацијата е сепак сеуште manageable).
Мислам дека е многу веројатно да има одговор од САД. Им удрија по гордоста, тупаница во лице е ова. Едно е парамилитарни групи, со логистика на Иран, да преземаат изолирани напади врз американски цели, друго е официјалните воените сили на Иран да го прават тоа.
Претпоставувам дека ќе му биде многу тешко на Трамп да се воздржи од одговор, што поради мачо имиџот и политичкото бравадо на кое му се базира стилот на владеење и подршката што ја доби од електоратот, што поради репутацијата која САД мора да ја чува во светската политика.
Ако Иран нападне цели во Израел и во заливските земји, особено цели како Дубаи, не само што ќе го привлече гневот на светската јавност, туку и ќе создаде широка воена коалиција против себе, која иранскиот режим ќе има големи проблеми да ја преживее. Се сомневам и дека ќе добие голема конкретна помош од Русија во тој случај, која вниманието би го насочила кон заштита на својот сојузник Асад.
Без разлика на реакцијата на демократите и останатите противници на Трамп, кој гледаат моментов да го искористат во внатрешно политичката борба (и без разлика што се во најголем дел во право), ако ситуацијата продолжи да ескалира, ќе мора и они да се качат на возот. А ако тоа се случи и работава ескалира до отворен конфликт, САД пепел ќе го направи Иран, а најголема жртва за жал ќе биде народот на Иран.
Како и да е оваа администрација на Трамп ја води најкатастрофалната надворешна политика во историјата на САД како голема сила. Човекот е непресметлив, за 3 години прокоцка позиции на БИ кои САД 50 години наназад ги градеше. Никој не знае која underlying strategy ги води потезите кои ги влечат со Иран и што е целта. А прилично сум сигурен дека и самиот тој и неговите советници не знаат.
Očekuvaš pamet od Jenki Trampot ...Нема уште ништо официјално од американците, од Иран јавуваат дека потепале 80 американски војници. Ќе видиме Трамп што ќе рече, иако не очекував директно да ги удрат и ќе изиграат паметно но не можеш од нив тоа да очекуваш.