Бришењето, па враќањето на македонскиот јазик во меѓународните институции не е прв ваков случај. Веќе неколку пати досега се менувани термините со кои се означува нацијата и јазикот што се говори во земјава, именувана под референцата. Па така во самите организации постои неконзистентност и конфузија по ова прашање. На пример во ОН, во листата со англиските имиња на земјите и на јазикот стои само референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, исто и во делот на руски јазик, додека на истата страница во истата графа на француски и на шпански јазик освен референцата, стои и „Македонци“.