не е проблем што биле со Мусолини за време на СХС, но немало потреба 1944, кога веќе Италија капитулира, посебно не поврзување со блгарските фашистишки остатоци...
Инаку и настанувањето на злогласните усташи, уште мислам 1922, имало корен во угнетувањето на хрватите од страна на централната српска власт која имала доминација во офицерски кадар во армијата и во управната власт ... на крај српската хегемонија заврши и со отцепување на Црна Гора, но нашата голгота сега е сврзана со грчкото негирање и блгарските аспирации...
Другар, народот ги направил и Комитите и Усташите. Маката ги направила. Да се разбереме, не можеш ти да свртиш капа туку така после светска војна. Вмро си ја одбрале страната. Италија изгуби, Германија изгуби. Хрватите, Србите, Македонците, ние сите се „Извадивме“ на тие Партизани, демек сме биле против Фашистите. А на сите ни е јасно дека и Усташите и Четниците и Комитите биле против комунизмот и биле од страна на Германците, Итаљаните. Само наш балкан како што си е, секогаш мора да биде поделен по нешто па ете и по некој партизански одреди се појавиле.
А што викаш за србите, србите колку што имаат изгубено, тоа е чудо. Една работа уште ми остана у сеќавање - „ србите уште малце и ќе останат Београдска Покраина“. Србите буквално изгубија се, добро уште Војводина да им се отцепи фали. А ние, на нас никој не ни е крив. Сами си дозволивме се да ни се деси. Само не сфаќам како Бугарите толку ги сакаат ВМРО и Комитите и сакаат да си ги присвојат кога баш тие им ја ебаваа државата како сакаа. Баш тоа вмро им вршеше терор, убиства, си имаше своја пара војска на некој начин, им стави Македонец роден во Велес за премиер итн.
Со грците више стана смешно ова. Искраено името како само име, има голема улога во нашата гордост али и Вардарска Македонија е логично име за Државава пошто де факто државава е направена на Вардарскиот дел од Македонија.Северна исто така има некоја логика пошто ова е северниот дел од таа цела територија Македонија која што сме ја изгубиле. Само, боли бе тоа гркот да ми кажува како да ми биде името, ах бе ќерата... Најбитно од се е да не се изгуби НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ.
Нација - МАКЕДОНЕЦ - МАКЕДОНКА - МАКЕДОНСКО
Јазик - МАКЕДОНСКИ
Црква - МПЦ
другото и да се мења нешто, треба да се размисли убаво ама Националност, Јазик и Вера НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ПИПА ДА МЕЊА НА НИЕДЕН НАРОД. Не зборам тука за внатрешно државно уредување, кај нас во Македонија има и други вери, и други националности. Зборам за Националното прашање за секој Македонец каде и да е, не може он да стане Северно-Македонец или под националност да биде Граѓанин на северна Македонија. Се знае, сите тука моментално (за среќа/за жал кој како љуби) сме граѓани на северна Македонија Но под националност мора да има да си стои : Македонец, Албанец, Ром, Турчин итн...И пред да се смени името кога бевме Република Македонија ние сите бевме Граѓани на Република Македонија и по националност си се делеше после на Македонец, Албанец,Турчин,Ром итн.
Под јазик : Македонски, потоа следуваат и Албански, Турски, Ромски итн. (на овие јазици барем јас знам дека има и паралелки во Основно/средно)
Како и да е, ќе видиме и ова северново колку ќе трае... Нагло залади, не се трпи више мме
