Многу руски документи од 17 и 18 век говорат за населување на Македонци во Руските краишта. Зачувана е молбата од Македонскиот Народ до царска Русија, за нивно населување во Русија.
(извор: Полное собрание Россiјској имперiи с' 1649 года , Том' XIII, С. Петербургь 1830)
На 24.12.1751 год., Руската царица Елизабета Петровна со Указ го дозволува населувањето на Србохорватите, Македонците, Бугарите, Власите и другите православни народи во Русија и да формираат свои полкови.
(извор: Пет'р' Кеппен', Хронологическiј указатель матерiалов' длја исторiи инородцев' европејској Росiи, Санктпетербург' 1864 г.)
Македонскиот полк е формиран 1752 г. од страна на Иван Хорват, со униформа во македонските национални бои: жолта и црвена.
(извор: Скальковски, Хронологическое обоз'рнiе исторiи Новороссiјскaга краја, 1731-1823, I, Оддеса 1836).
Зачувани се списоците со имињата на македонските војници од македонскиот полк, со нивни податоци kako место на раѓање, брачна состојба и нивно изјаснување по националност; сите од нив се изјасниле како припадници на македонската нација.
(извор: Централниј державниј историческиј архив УРСР - Киев фонд 1413, опис 1, зб. 6/1756)
Македонците кои бегале по Војводина, најчесто се населувале во најблиските погранични градови со турската империја: Земун и Панчево. По црквите во Земунскиот Магистрат, сочувани се изводите од матичните книги на родените и умрените од 18 век, каде иселениците од Македонија, се изјаснувале по националност како Македонци. Всушност, во тнр. протоколи од матичните книги на родените и умрените, за секое новородено дете или починат човек требало да се напише и националноста, при што многу честа е и националноста Македонци, за луѓето со словенски имиња и презимиња, кои потекнувале од сите краишта на етничка Македонија.
(Извори: ИАБ, ЗМ = Историјски архив Београда, Земунски магистрат (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи I = Протоколи матичних књига рођених и крштених Цркве Св. Николаја, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи 1а = Протоколи матичних књига рођених и крштених цркве Рождества Св. Богородице, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи II = Протоколи матичних књига венчаних цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III = Протоколи матичних књига умрлих цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III а = Протоколи матичних књига умрлих цркве Рождества Богородице, Земун).
Според документите од Земунскиот Магистрат, покрај Македонците, се населувале и бегалци кои по националност се изјаснувале како Власи, Грци и Бугари.