Шизофренија

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.873
Поени од реакции
42.548
Бре бре сите тука научници и начитани демек од психологијава, врска немате само тоа ќе речам, шизофреничарите се меѓу нас, нормални луѓе, не се некој марсовци со рокчиња, само вие некој табуа стварате околу таа "болест", има милиони болести, иста е и оваа си пиеш лекови и никому ништо...
Што знаеш ти за психологијата ајде кажи ни? И ние нешто да научиме од тебе
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Ne deka bolesta e ubava sum imal mnogu gadni momenti i odvratni custva i misli. No so tek na vreme se naviknuvas i so terapija ili se podobruvaat ili isceznuvaat. Ke se iznagledas i iznaslusas sekakavi raboti od totalno jezivi do krajno prijatni i ubavi. Imam materijal za 2-3 filma i nekolku knigi vo glava...ama ne planiram nisto da pravam. Ne sakam da bidam avtor ne mi e toa zelba a i ne sum po pisuvanjeto.
Ako nekoj ima vakov problem samo bez panika i strav...aj sega merenje na Jung i Frojd koj kolku procital.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Било која болест ако не ја лечиш ќе умреш, истото и со оваа, ај пробај живеј со дијабет да не примаш лекови, одма последици ќе се јават, и не можеш да живееш така подолго од неколку месеци мора да се лекува, сеа да не набројувам али било која болест ако не се лечи ќе направи штета и последици и на крај смрт. ме мрзи сеа да пишувам, шизофренијата ако се лечи одма веднаш по првата психотична епизода големи се шансите да се излечи скроз, и да не се повтори без разлика дали примаш или не лекови не зборувам на памет, имам читано научни истражувања... понетов[DOUBLEPOST=1542410943][/DOUBLEPOST]
Ај без навреди, може?
Филозофка, ти наброја симптоми на депресија. Луѓе, дали воопшто знаете што е шизофренија?
Психологијата ми е пасија уште откако знам за себе и страшно ме иритира кога истата се злоупотребува. Ме иритира што психијатрите не работат со пациентите, туку им препишуваат дроги како да се витамини, а уште повеќе ме иритира кога се даваат погрешни дијагнози на лица и ги клукаат истите со разни „лекови“.
А да се разбереме и уште нешто, овде на форумот не се даваат дијагнози и не се препишуваат лекови. Тука можеме да кажуваме свое мислење и да даваме совети, ништо повеќе.
Аууу леле значи експертов се јави, абре земи прочитај еден лист па после пишувај алооо, каква депресија ова шо набројав се негативни симптоми на шизофренија. КАква пасија врска немаш...
 
Последно уредено:
K

kicodarker

Гостин
Аууу леле значи експертов се јави, абре земи прочитај еден лист па после пишувај алооо, каква депресија ова шо набројав се негативни симптоми на шизофренија. КАква пасија врска немаш...
Го прогласувам твојот пост за најмакедонски на цел интернет простор. Во кратки црти вака изгледа просечен коментар/дебата на фб,форуми расправија во живо и сл.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.515
Jas imam destina izvestai so dijagnoza F20 od psihijatri na klinika. No toa ne e bitno.
...како не е битно, мене би ми пречело да ми закачат таква дијагноза само затоа што имаат пенкало во рака и после можеби по некој поагресивен неприфатлив разговор запишат F20, извештаи можеш да имаш и педесет ако истите се надгледува на предходниот што напишал, додека нема неуролошки доказ со можеби промена на мозочна структура применувајќи томографија или магнентна резонанса или барем подолго следење на пацинетот со многу добро познавање и искуство на докторот, а не вака од прва те видел сте разговареле , ти дале таму некој тест да пополниш, навечер не можеш да спиеш и готово имаш Шизоренија F20
...ајде следеЧи! :facepalm:
 
Ni jas ni ti ne sme psihijatri.
Mene mi e bitno Ok da sum, tebe ti e bitno nesto drugo, ne navlaguvam vo toa.
Sto brojce i bukva ne e bitno.
Problemot e vo toa sto nema svest kaj narodot za mentalni bolesti i tretman a za nekoi dijagnozi ima prerasudi i tabua.
Sum gledal deka i na pacientite im e strav da kazat sto mislat i sto custvuvaat, zosto moze da gi piknat vo bolnica. A ima i slucai koga i roditelite se so malo trpenie i vednas sakaat da gi otkacat od doma.
Ima seriozen problem so mentalnoto zdravje vo mk i od strana na pacientite i lekarite i okolinata i instituciite.
Treba poveke da se zboruva na ovaa tema.[DOUBLEPOST=1542479692][/DOUBLEPOST]Sekoj koj ima problem so agresija, nesonica, golema anksioznost, depresivnost, cudno razmisluvanje, veruva deka ima nesto sto samo toj/taa go znae a e bitno za svetot ili lokalno a sam go otkril po pat na razmisluvanje (delusii), opsednat e so edna tema na razmisluvanje, misli deka e sleden ili nabjuduvan postojano, misli deka lugje sakaat da go ubijat, misli deka ima super moki, komunicira so visi sili ili golemi avtoriteti, gleda raboti sto samo toj gi gleda, slusa, mirisa, go dopiraat ili mu go menuvaat teloto, ima vkus vo ustata na nesto sto ne go jade, misli deka zemjata se navaluva. Strav mu e od lugje, nema motivacija ili saka da napravi golema promena vo zivotot od ednas. Slabo pamti, nemoze da se skoncentrira na govorot na covekot so koj zboruva poradi misli sto mu proletuvaat, mu e gajle za izgled, higijena, jadenje i slucno.
Misli za sebe deka e vazna i bitna licnost za svetot i okolinata, misli deka ima telepatija, telekineza ili deka mu gi citaat mislite ili deka moze da svati se i sesto, moze da faka radiobranovi, da ja predvidi idninata so sigurnost, misli deka komunicira so mrtvi lica i duhovi. Misli deka za nego se specijalno napraveni web sajtovite ili deka se zboruva ili ke se zboruva za nego po mediumi. Strav mu e od obicni nesta. Ima custva koi ne gi imaat drugite kon ista situacija. Bez nadvoresna pricina dozivuva euforija, panika, strav, taga, ili ima custvo na haj pa i spontani orgazmi bez nadvoresna pricina.
Misli deka e vo opasna situacija a realno ne e. Misli deka odredeni licnosti go mrazat i sakaat da mu nastetat ili deka mnogu go sakaat bez povod i dokazi.
Posle vakvi stvari sledi ostanuvanje na del od zabludite, se javuva anksioznost i/ili depersija ili moze se da pomine i da e 100% "normalen"
Malku narodno kazano...
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.481
Поени од реакции
18.079
Може и од апчињата да ти е изгубена енергијата...но и од психотичната епизода се случува. Поминува...јас сум имал доста епизоди последниве ми беа без депресија и анксозност али од дизлузии и халуцинации можам книга да напишам што ли не видов и не чува. Обично ми траа 1-2 месеци 1-2 годишно. Тогаш незнам на друга планета сум...веќе се научив не кревам паника за ништо. Депресијата е најодвратна и несоница. Мислам дека конечно се научија моите да не креваат паника ако бизарно се однесувам и си зборам сам со себе т.е. со гласови. Имало моменти кога се осеќав како со недели на сум на ЛСД...неможеш да функционираш ама барем да не те замараат со глупости и ако се однесуваш чудно. Проблем е табуа на луѓе...или ако те шутнат во болница.
Дали е можно психотичната епизода да трае кратко, еднократно, во форма на аудиовизуелни халуцинации од типот слушање гласови ( обично опишани како демони) и гледање на мртви луѓе, и потоа со недели се е добро без никаква симптоматологија? Се тоа се случува под терапија. Како влијае кафето и марихуаната при параноидна шизофренија, мислам на секојдневна употреба, наводно марихуаната ги олеснува нусефектите од Халдолот- таков опис е даден од пациент, но дали ја интензивира психотичноста и слично ?
 
Мене обично ми траат епизодите 1-2 месеци. Со сите видови на халуцинации аудио, визуелни, олфакторни, тактилни па и вестибулаторни само сум немал густативни. Ми се повторуваат од на 4 до 24 месеци, сега сум немал 10 месеци. И се надевам дека нема веќе да имам. Во меѓувреме на психотичните епизоди некогаш ме факала анксиозност, страв, депресија а некогаш се е 100% нормално, како например сега. Значи може да се имаат епизоди а меѓу нив се да е нормално ама немора. Може дури и само еднаш да се има епизода па после никогаш да не се повтори. Инаку можно е и под терапија да се има епизода...но можно е поради тоа што се намалила терапија или не е земана редовно или имало некоја тригер ситуација или е земана некакава „дрога“ а, можно е и чиста мира што е ретко но, не и невозможно.
Кафе е ОК нема ништо посебно лошо во него освен ако немаш проблеми со анксиозност, Марихуана НИКАКО, Мене ми тригерувала епизоди, истотака никако Алкохол не оди со антипсихотици. Само Кафе и Цигари може а иделано ништо, битно е уредно спиење, јадење, физичка активност, социјализаци и останата физичка и ментална хигиена.
Уште еднаш ќе нагласам Марухуана НИКАКО!
Инаку обично не даваат Халдол се смета за застарен лек но сепак може, кај нас најчесто се лечи со Рисперидон, Оланзепин или Арирпризоле...во поретки случаи Празине. За несакани ефекти од Антипсихотици се зема Мендилекс (Биперидин) ама делува само на мускилни ефекти од Антипсихотиците, како вкочанетост, тресење на раце и случно. Исто така вообичаено е да се даде и седатив во терапијата. Инаку ако е можно и лекари се согласат може и депо инекција антипсихотик кај нас го има само Рисперидонот, депо инекција има помалку несакани ефекти од орално земање на антипсихотик. Истотака мислам дека е подобро од поновите антипсихоти обично имаат помалку нусефекти а ефикасноста е иста. Битно е да се знае дека антипсихотиците делуваат на позитивнтие симптоми на психозата на негативните во главно немаат ефект за што треба психотерапија најчесто.
Од седативни обично одат стандарните, Диазепам, Лорам, Хелекс и треба да се види кој највеќе одговара. Некој комбинираат и антидепресиви со ова ама тоа е обично ако има и други болести и не е чиста параноидна шизофренија. Можно е дури и стабилизатор на расположение да се зема (мислам дека тоа се антиепилптици) како Ламотригин и Валпроат, но се даваат кај брзи промени на расположени и на состојби од психотичен спектар кој се поблиски до биполарно растројство. Ама за се ова со психијатар...Не се земаат совети од интернет. :)
 
Последно уредено:
Член од
6 декември 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, би сакала да ве замолам за совет.
Имам блиска особа што е дијагностицирана со ф23 пред неколку години, лежеше на психијатрија. Релативно ги има сите симптоми што ги напоменавте од зборување сам со себе, мислење дека сите сакаат да му наштетат, дека некој не прислушкува итн.Ги одалечи сите пријатели од него и се затвори во себе. Некое време пиеше редовно лекови и беше подобар. Сега пробува да ги престане на своја рака.
Моментално го слушам како зборува со себе и ми се кине душата.
Не сака да оди на психијатар, кога и да се зборува за тоа излегува од соба или на ignore те става.
Ве молам, сакам стварно да му помогнам некако, како да допрам до него? Како да реагирам кога има вакви епизоди?
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
419
Поени од реакции
85

Само со кротко, полека ќе го однесете на доктор
 
Смирено, и не му викај дека тоа што го слуша или гледа дека не е реално. Прави муабет и не контрирај. Пробај да го убедиш дека ќе му биде поубаво ако ги пие лековите и зборува со доктор. Релаксирано и без паника, обвинувања, наредби и закани и лаги.
 
Член од
17 ноември 2019
Мислења
59
Поени од реакции
38
Mozebi sum pesimist,ama jas ne sum slusnala nekoj da se izleci od nekoja dusevna bolest i da funkcionira bez lekarstva.Bez strucna pomos i soglasnost od bolniot ti ne veruvam deka ke pomognes....Toa e ramno na nekoj da mu zboruvas da ne pie,da ne se drogira stetno e.Se macis da pomognes ama ako se nema volja od dr strana zaludno e....Ne si prepisuvaj griza na sovest bidejki tvoeto zboruvanje ne dopira.
 
Ова било пред 50 години, сега се излекуваат луѓе и од алкохол, наркоманија и шизофренија. Окулу 50/100 за 2-3 години ништо не им е.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.515
Mozebi sum pesimist,ama jas ne sum slusnala nekoj da se izleci od nekoja dusevna bolest i da funkcionira bez lekarstva.Bez strucna pomos i soglasnost od bolniot ti ne veruvam deka ke pomognes....Toa e ramno na nekoj da mu zboruvas da ne pie,da ne se drogira stetno e.Se macis da pomognes ama ako se nema volja od dr strana zaludno e....Ne si prepisuvaj griza na sovest bidejki tvoeto zboruvanje ne dopira.
... има има, му треба само позитивна личност да му ја тргне негативноста во текот на денот барем по неколку часа, не со лекови, не со наредби, туку со прилагодување на пронаѓање на причината зошто пациентот дошол до таа душевна состојба и делување за остранување на истата, со примери зошто така, затоа што, ете вака!
...личност која беше вратена дома „од лекување“ како последна инстанца за можно душевно лекување - Бардовци, како неизлечлив случај, пробано секакви терапии и искуства без никаков ефект да се извлече од нервниот слом што ја направи личноста, да не ги отвара очите, да не препознава никого, да не може да се исправи на нозе и да нема никаква допирна точка со сегашноста, агресивна, непослушна!
... и ДА, без лекови, туку секојдневно работење по 4ч според нејзиното укажување, накратко... се навлезе во нејзиниот мозок, прифатено нејзино толкување на духови, неповрзано зборување, да за краток период се доби поверење во „гласот“ кој навлезе во нејзиниот мозок, кога го слушаше тој глас само тогаш си беше послушна и ги извршуваше сите наредби, додуше споро, но успешно и да... чудо се случи ги отвори очите, се исправи на сопствени нозе, почна да препознава.... за четири месеци беше истата особа со сите нормални однесувања како да немала никогаш нервен слом, така да мозокот се уште е мистичен орган никој не може да управува, ниту да тврди дека све е изгубено од психолошка гледна точка, единствен огран што се уште е тајна за сите можности, секогаш има надеж!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom