Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ne_sum_ja
  • Време на започнување Време на започнување
А што е уствари разликата на овој и договор на Меј?
 
Не следев што има на натпреварот помеѓу УК и ЕУ(Германија со своите), сега глеам, овие барале а овие прифатиле уште еден ,,,детлајн,,,, (брегзит-ов како мачка со 9 животи, никако да умре :pos:) сега тоа би требало да биде 31 јануари. Комедија жива, добро што овие не барале, а овие одобриле рокот да биде 31 фебруари 2120 год.
По се изгледа нема ништо од брегзит, ги намагарчија Бритите, која стара демонкратија човече, па ова го нема ни во Северџистан.
Избори на 12.12. (12.) ај да видиме дали ќе биде како и своевремено во Македонија пред да се редефинира во Северџистан, пресметале дека преку мајтапење со Бритите на изтите ќе им досади па ќе распишувале нов њет-ферендум и тогаш ќе добиеле посакуван резултат.
(оној институтот за НЛП кој престана да постои, добро си ја врши работата ...)
За вакво нешто само им требале измени во изборниот закон со кој на сите кои се дојдени од другите членки на ЕУропска би имале право на глас, како и на оние од 16 до 18 години, човече овие бетер од Црпе наш.
Другото сценарио е дека нема брегзит се додека некој не му забие гол на другиот, кој ли би можел да биде во улога на гол, можете ли да предвидите!
 
Циркусот продужуе, Корбин и екипата се криви што се неодлучни и не нудат конкретни алтернативи, на крај мораа да прифатат избори оти други решение нема.

Ако гледаме по анкетите мометнално брекситашите (Конзервативците и Брексит партијата) и оние другите што не знаеме за што се (Лабурситите, Либералите и останатите помали опоциски) е горе долу изедначени, изборите може ништо да не променат во односот на силите, нијанси буквално ќе одлучуваат дали Борис ќе собере доволно пратеници да го помине договорот во новиот парламент.
 
За два дена ќе бидат изборите во УК. Моментално конзервативците уживаат водство од 10% во просек пред лабуристите и прогноза за пратенички места која им носи апсолутно мнозинство во парламентот со најмалку 20+ пратеници.
 
Најверојатно така ќе испадне, за цело време на кампањата, рејтингот на Конзервативците нагло растеше како што на лабуристите стрмоглаво паѓаше. Тоа е цената што Корбин ќе ја плати за неговото немање став.

Ама бар добра работа, конечно ќе заврши циркусот наречен Брексит, ќе си испаднат убаво во јануари, е после во тој транзицискиот период какви што ќе се дешава, каков е точно договорот УК-ЕУ тек ќе видиме.
 
Успеаја да се оправат лабуристите во споредба кога почна кампањата и на анкети губеа со повеќе од 20%. Највеќе на сметка на либерал демократите чиј рејтинг целосно се стопи и многу гласови им се префрлаат кај лабуристите. Но мислам дека нема да биде доволно да победат или барем да го спречат Џонсон да освои апсолутно мнозинство.

Доколку Конзервативците победат со апсолутно мнозинство, нема веќе никаква цел Корбин да остане лидер на лабуристите.
 
Доколку Конзервативците победат со апсолутно мнозинство, нема веќе никаква цел Корбин да остане лидер на лабуристите.
Сенилниот дедо немаше никаква цел ни кога стана лидер на лабуристите, ама тоа е стандардна европска болест...
 
Сенилниот дедо немаше никаква цел ни кога стана лидер на лабуристите, ама тоа е стандардна европска болест...

Имаше како не. Да ја внесе УК во Варшавски пакт:D
 
Богами лошата кампања на Лабуристите од несправувањето со антисемитизмот, преку чудниот став за Брегзит, за разлика од пред 2 години кога кажаа дека се за излез но со добар договор, си го направија своето. А и Џонсон имаше солидна кампања, ја сврте партијата кон лево, предвивдуваат повеќе трошења за социјала, здравство и слично, така да им навлегоа во теренот.
 
Богами лошата кампања на Лабуристите од несправувањето со антисемитизмот, преку чудниот став за Брегзит, за разлика од пред 2 години кога кажаа дека се за излез но со добар договор, си го направија своето.

Најмногу ова, кога главната опозиција не може да понуди јасна алтернатива на владината политика по најбитното прашање на земјата во последните 70 години, тоа е резултатот.

A да, Шкотската национална партија апсолутно победи во Шкотска, со оваа мнозинство на Борис, поподелена нација не може да постои, буквално сега се две држави. И после ние сме биле нефункционална земја.
 
Последно уредено:
Најмногу ова, кога главната опозиција не може да понуди јасна алтернатива на владината политика по најбитното прашање на земјата во последните 70 години, тоа е резултатот.
Види Лабуристите одсекогаш имале проблем со внатрепартиска поделеност по прашањето на ЕУ. Уште на првиот референдум во 1974 Лабуристите беа длабоко поделени за влез во тогашната ЕЕЗ (денешна ЕУ). Тогаш Ториевците под водство на Тачер беа убедливо про ЕУ. Тогашната стратегија на тогашниот лабуристички премиер Харолд Вилсон што сега на некој начин го копираше Корбин да биде неутрален по тоа прашање успеа, ама очигледно овој пат Лабуристиве заборавија дека и покрај тоа што Вилсон беше неутрален САМО ВО КАМПАЊАТА, кажа дека ТОЈ ЛИЧНО ќе гласа за ЕУ. А сега убедлив дел од Ториевците (со некое малцинство од богатиот југ кои се традиционално про ЕУ и традиционално гласаат за Ториевците) беа про ЕУ. Додека Лабуристите гласаа 60% за ЕУ и 40% против ЕУ (И тоа ЗА беа само во најголемите градови како Лондон, додека на северот и североистокот во традиционалните лабуристички тврдини со исклучок на Манчестер и Ливерпул гласаа за Брегзит.

Но сепак јасно е дека ова беа Брегзит избори и дека Џонсон и Фараж направија одличен договор што ги обединија Брегзит гласовите во една партија. Додека Remain гласовите и покрај тоа што овој пат покажуваат тесно водство доколку би се одржал втор референдум, не успеаја да ги обединат во една партија/коалиција.
 
Дали ова значи дека УК се распаѓа?
Лично не би сакал да видам такво сценарио, иако за жал е можно. Тогаш и тие ќе треба да го менуваат името: United Kingdom of England and Wales:D

Инаку да се надоврзам на мојот погорен пост. Корбин е стварно будала што ги послуша хистеричните хардкор про ЕУ членови на партијата. Гласачите во Британија се со висока демократска свест така да и оние што гласаа за Remain се согласни дека резултатот требаше да се испочитува и затоа сметам дека Лабуристите требаа да го задржат првичниот став тие да испреговараат добар договор со ЕУ и така да излезат. Истотака мислам дека прашањето за повторен влез во ЕУ фино лепо можеа повторно да го отворат за 4-5 години откога ќе излезат целосно, доколку економијата нема да им функционира и доколку Шкотска и Северна Ирска прогласат независност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom