- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.579
- Поени од реакции
- 10.608
Образованието е бесплатно без разлика дали е самообразование или државно. Кој сака да се образува ќе најде работа дали полно работно време или хонорарно, надвор или во државава. Генерално невработените се на црно вработени, необразовани, болни, со утнато образование а не саката да се до/преобразуваат, мрзливи, оселени, хонорарно вработени, земјоделци и слично.
Образовниот систем е неквалитетен и неопходно е да се реформира.
Генерално имаме над 17% невработени во државава, процент кој што се уште е еден од највисоките во Европа, во главно млади лица. Тие 17% се оквалификувани како работоспособни, не се болни. Само кај нас се користи терминот "утнато образование", такво нешто не постои. Правилниот термин е застарен образовен систем со програма која што не е прилагодена на потребите на пазарот на труд. Кај нас владее долгорочна невработеност која што е погубна за економијата.
Во категоријата болни, мрзливи паразити и луѓе кои што од х причини не сакаат да работат (иако има работа), во нормална економија отпаѓаат 3-5% и ова се нарекува природна стапка на невработеност. Кај нас повторно има 17% проценти невработени, и тоа не може да бидат сите болни сакати паразити. Ние имаме проблем со креирањето на работни места. Кај нас јавната администрација е најголемиот генератор на нови работни места наместо реалниот сектор.
Скоро сите земјоделци се водат како вработени, самите си плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Една од мерките од времето на Грујо. Пред тоа се водеа како невработени и преку ноќ станаа вработени.
Стварно не ми е јасно шо ви пречи зголемување на минималецот?Ево нека го намалат минималецот на 8000 денари сметаш дека тоа е вистинското решение за борба против сиромаштијата ?Абе прасицана од сјо за ветар во магла се изналапа пари заедно со тајфата околу нејзе,партиски паразити лежат дома и земаат плати,пратенициве земаат апанажи и патни трошкови надвор од секоја логика,министерски деца земаат стипендии од 40000 евра,ама најголем проблем било зголемувањето на минималецот!?![]()
Не е проблем зголемувањето на минималецот, проблемот е како тој да расте долгорочно. Оти најверојатно наредното зголемување на истиот ќе биде за 5-6 години од сега, во некое друго предизборие. Поентата ми е дека истиот нема економска поткрепа. Во нормални околности истиот ќе расте постепено, паралено со растот не економијата, во пократки временски интервали. Ние изминативе години не забележавме посериозен раст во ниту еден сектор важен за економијата. Борба со сиромаштијата не е само предизборно зголемување на плати за популистички цели. Неопходно е креирање на нови работни места во реалниот сектор и создавање на квалитетен образован кадар, а тоа ќе придонесе и за стабилен и долгорочен раст на платите.