@DenaM Еве подобро да се изразам и да ти објаснам пошо само ти не ме разбра.
Имам дечко кој е опседнат со мојот бивш и кај и да се сретниме со бившиов, дечко ми мисли дека јас го гледам и му обрнувам внимание нему (на бившиов). И се расправаме од почеток на врскава за истово.
Тоа е мојов проблем. После 5 години ми е неприфатливо да се однесува дечко ми со мене како со некоја непозната (како што опишав во првото мислење).
Ок е сега?
@Dimitar171 Јас се сомневам дека сака да прекине со мене и сега наоѓа ваква глупава, нереална причина. Како што напишав и погоре, на анонимен форум сигурно нема да лажам за реалната ситуација. Како што беше, така кажувам за да прочитам реални мислења.
Јас му реков ‘ако сакаш да ми раскиниш, застани и собери храброст како маж и речи ми, а не вака да се мачиме и двајцава’. Ама џабе, немав одговор. Крајно беше да не сум го замарала и оттогаш ништо не му напишав.