Веганизам/Вегетаријанизам

Член од
28 март 2006
Мислења
17.874
Поени од реакции
12.404
Da ne bide deka izbegnuvam odgovor. Ke pisam koga ke se vratam doma od pc. Ke ti navedam se sto i kako. Poso aj realno mozem i da gi sfatim tia prasalnici sto se javuaa poso ne ste dovolno ocigledno vlezeni u taa problematika. Veruj mi deka se moze vo potpolnost da se nadoknadi ... zitarici, seminja, jatke, mesunke, ovosje, zelencuk... dovolno mu e na orgsnizmot. B12 go zemate kako najgolem problem... toa prasanje e diskutabilno. Go ima vo organska pocva, no kolku moes u dnsno vreme na toa da se potpres. Teloto samo go sozdava sto vo ustata sto vo crevata. Zalihi ako ne se lazam bea i do 3 godine ama ubavo e da si vrsis pregledi za da ipak imas uvid.
напишав погоре кои витамини и минерали се исклучиво од животинско потекло или оние од растително потекло кои се со многу мал ефект. Можеш да прочиташ, не е само б12.
Jaglehidratite, onie od rastenija nemaat vrska so dijabetes.
Ne postoi podobar izvor za vitamin D od sonce.
со сонцево посебно во лето со УВ 10-11, одличен извор на меланоми. Да не споменувам колку само народ не смее да излага на такви температури. Затоа смислиле (оти нели Д е битен за имунитет поред другото) и додатоци за Д витамин.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.409
Поени од реакции
30.864

Isto taka smislile naocari za sonce, sheshir i krema zastita od sonce.
Автоматски споено мислење:

Sto pravime so pesticidite so koi se rasnat zitaricite za zivotni, i koi posle zivotnite gi jadat?
Ke mi odgovori nekoj?
 
*Orce*

*ORCE*
Член од
14 мај 2009
Мислења
19
Поени од реакции
18
За конструкцијата не сфаќам каква конструкција е потребна за сестрана исхрана.
За дебелото црево не е баш точно. Месните продукти со помош на дигестивни ензими и стомачната киселина се разградуваат на аминокиселини до тенкото црево каде се ресорбираат како аминокиселини и масни киселини. Така да, месото како месо не оди во дебелото црево за да скапува таму, туку тоа е одлика токму на растителните влакна кои не можат да се дигестираат "горе" (што не е негативност). Поголем проблем се адитивите на храната, адитивот што му дава црвена боја на месото или свежина на лебот и посебно ако збориме за растенијата, милион пестициди (конкретно 1 година ресенско се пофалија 15 пати ги прскале јаболката) или премази на цитрусите.
Ајде види што јадат сите суштества на оваа планета освен човекот според физичката конструкцијата.
лавот, тигарот, волкот итн... имаат нокти и заби за месо и црева за месо и конструирани се за месо јадење.
зајакот, козата, срната итн... имаат конструкција за билна исхрана
Човекот во која група спага ако НЕ ја приготвува храната... што ке јадеш ако не ја приготвуваш. Дали ке можеш да јадеш се што јадеш денес и размисли што ке ти остане само да јадеш
 
Член од
19 април 2014
Мислења
430
Поени од реакции
1.248
Па јас би опстанал да живеам таму... неколку години уназад не јадам месо и немам никаков проблем... А вие месојадците зар мислите дека месото е корисно... Прво човекот од физичка гледна точка како и сите други организми не е создаден да јаде месо.
Самата конструкција не е направена за месо.
Прво нашите црева не се направени за преработка на месо (после се чудиме зошто имаме рак на дебело црево итн)
Второ нашите раце немаат нокти и канџи како месојадците ама ние на други начини ги убиваме и ги готвиме и јадеме
Трето има и такви што не јадат ништо и се викаат bretarijanci ... :kezec: кој се тие и како живеат запрашај се
Види вака човекот денес е сештојад колку и да се обидуваш да го порекнеш тоа, ако не е така исхрана со месо ќе не убиеше, како што месојадните животни не можат да преживеат без месо.
А тиа Бретаријанци за кои зборуваш се обични скамери на кои се палат глупи луѓе ама ти запрашај се на каква исхрана преживуваат луѓето од северниот пол каде најголем дел од исхраната им се состои од месо.
Jaglehidratite, onie od rastenija nemaat vrska so dijabetes.
Ne postoi podobar izvor za vitamin D od sonce.
Точно е дека сонцето е најдобар извор на витамин Д тоа не може да го замени ништо. Тоа што директна изложеност на сонце може да предизвика рак на кожа значи само дека не треба директно да си изложен на сонце а не дека тоа е штетно.

Ајде види што јадат сите суштества на оваа планета освен човекот според физичката конструкцијата.
лавот, тигарот, волкот итн... имаат нокти и заби за месо и црева за месо и конструирани се за месо јадење.
зајакот, козата, срната итн... имаат конструкција за билна исхрана
Човекот во која група спага ако НЕ ја приготвува храната... што ке јадеш ако не ја приготвуваш. Дали ке можеш да јадеш се што јадеш денес и размисли што ке ти остане само да јадеш
Постои и трета група се вика сештојади.
Ама бидејќи сакаш да те правиш многу паметен и логички да објаснуваш според твојата логика човекот може да јаде треба и лисја како козите така??
 
*Orce*

*ORCE*
Член од
14 мај 2009
Мислења
19
Поени од реакции
18
Види вака човекот денес е сештојад колку и да се обидуваш да го порекнеш тоа, ако не е така исхрана со месо ќе не убиеше, како што месојадните животни не можат да преживеат без месо.
А тиа Бретаријанци за кои зборуваш се обични скамери на кои се палат глупи луѓе ама ти запрашај се на каква исхрана преживуваат луѓето од северниот пол каде најголем дел од исхраната им се состои од месо.

Точно е дека сонцето е најдобар извор на витамин Д тоа не може да го замени ништо. Тоа што директна изложеност на сонце може да предизвика рак на кожа значи само дека не треба директно да си изложен на сонце а не дека тоа е штетно.

Постои и трета група се вика сештојади.
Ама бидејќи сакаш да те правиш многу паметен и логички да објаснуваш според твојата логика човекот може да јаде треба и лисја како козите така??
Чекав да ја пишеш таа трета група на сештојади во која спагаат свињите... Али како сакаш така прави и изборот е твој и не планирам да го сменам. Колку за информација од тие сештојади спагаат и глувците и направен е експеримент и резулатот е следен: Оние што јадат месео станале агресивни за разлика од оние што не јаделе месо. Експеримент врз стотици мачки е исто така направен и резултатот е дека огромен процент од оние што јаделе месо станале стерилни после втората генерација од нив.. и ред други работи.
Јади што сакаш... тоа што јадеш е во тебе и станува дел од тебе
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.874
Поени од реакции
12.404
Isto taka smislile naocari za sonce, sheshir i krema zastita od sonce.
да, и џемпер со долги ракави, долги тренерки на плус 40 :) . Проблем е што УВ зрачењето поттикнува трансформација на витамин Д во телото. А УВ се познати и признати мутагени.
Ke mi odgovori nekoj?
па си има регулативи у нормални земји за дозволени дози на пестициди за човечка и сточна храна. Затоа стопати русите ни враќаа коскесто овошје. А што правиме со житариците за леб и пецива кои човекот ги јаде? Плус адитиви во истите тие пецива за мирис, вкус, свежина и слично? Секако домашно е најдобро, можеш да го контролираш прскањето и храната, но повеќето немаме ниви ниту добиток. И таман работа ако почнеме да мериме загаденост на храната. Нашите имаа испитување за пестициди во храната. Најмногу пестициди има во јаболкото, јагодите, грозјето, кајсиите, праските, зелената салатка, сливите, краставиците. Сигурно знаеш колку и со што се прскаат зеленчуците во оранжерии.
Да сме начисто, незагадена храна од разни полутанти и отрови освен (и тоа е сомнително, со оглед на резидуи од пестициди во почвата и водата) домашно произведената нема. Овде беше муабетот како што ја разбирам темава дали екстремно веганска, екстремно месната или нешто на средина.
Ја не сум екстремист
 
Последно уредено:
Член од
19 април 2014
Мислења
430
Поени од реакции
1.248
Чекав да ја пишеш таа трета група на сештојади во која спагаат свињите... Али како сакаш така прави и изборот е твој и не планирам да го сменам. Колку за информација од тие сештојади спагаат и глувците и направен е експеримент и резулатот е следен: Оние што јадат месео станале агресивни за разлика од оние што не јаделе месо. Експеримент врз стотици мачки е исто така направен и резултатот е дека огромен процент од оние што јаделе месо станале стерилни после втората генерација од нив.. и ред други работи.
Јади што сакаш... тоа што јадеш е во тебе и станува дел од тебе
Прво не одговори на прашањето.
Второ нема потреба да ме менуваш јас почитувам избор на исхрана и сам пробав краток период да бидам вегетеријанец, ама факт е дека човекот е сештојад.
Трето мачките е невозможно да живеат без месо и има стотици случаи каде сопственици вегани ги умреле мачките зошто не ги ранеле месо.Со други зборови твоите експерименти се или лажни или не постојат и сам си ги измисли.
Автоматски споено мислење:

да, и џемпер со долги ракави, долги тренерки на плус 40 :) . Проблем е што УВ зрачењето поттикнува трансформација на витамин Д во телото. А УВ се познати и признати мутагени.
па си има регулативи у нормални земји за дозволени дози на пестициди за човечка и сточна храна. Затоа стопати русите ни враќаа коскесто овошје. А што правиме со житариците за леб и пецива кои човекот ги јаде? Плус адитиви во истите тие пецива за мирис, вкус, свежина и слично?
братко точно е дека изложеноста на сонце е штетна во најтоплите часови во лето, ама не одете во екстреми ве молам,на човекот му е потребно сонцето за да преживее уште да кажеш дека не смее никако да излегува на сонце :):)
Инаку се знае дека домашно одгледана и приготвена храна е најздрава се што има има адитиви е на долг рок штетно.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.874
Поени од реакции
12.404
Ајде види што јадат сите суштества на оваа планета освен човекот според физичката конструкцијата.
лавот, тигарот, волкот итн... имаат нокти и заби за месо и црева за месо и конструирани се за месо јадење.
зајакот, козата, срната итн... имаат конструкција за билна исхрана
Човекот во која група спага ако НЕ ја приготвува храната... што ке јадеш ако не ја приготвуваш. Дали ке можеш да јадеш се што јадеш денес и размисли што ке ти остане само да јадеш
тоа нешто веројатно се нарекува еволуција, промена во градбата и адаптација (со употреба на оганот пред неколку стотици илјади години). Башка, ние неаме очи од страна као срната од одредени причини, карниворите имаат, исто од одредени причини).
Автоматски споено мислење:

братко точно е дека изложеноста на сонце е штетна во најтоплите часови во лето, ама не одете во екстреми ве молам,на човекот му е потребно сонцето за да преживее уште да кажеш дека не смее никако да излегува на сонце :):)
не велам тоа, треба внимавање. Башка третина (негде и повеќе) од годината не е погодна за УВ зраци доволни за производство на Д (посебно па кај нас со загадениов воздух од ноември до март). Затоа посебно кај малите деца се даваат капки (на нас ни даваа зрнца рибино масло). Инаку од познати во САД имам слушано дека докторите се почесто го препорачуваат како суплемент токму заради зајакнување на имуниот систем.
 
Последно уредено:

*Orce*

*ORCE*
Член од
14 мај 2009
Мислења
19
Поени од реакции
18
Прво не одговори на прашањето.
Второ нема потреба да ме менуваш јас почитувам избор на исхрана и сам пробав краток период да бидам вегетеријанец, ама факт е дека човекот е сештојад.
Трето мачките е невозможно да живеат без месо и има стотици случаи каде сопственици вегани ги умреле мачките зошто не ги ранеле месо.Со други зборови твоите експерименти се или лажни или не постојат и сам си ги измисли.
Човекот денес е сештојад е само твое мислење али во она сештојад има и огромен број на луѓе што не спагаат. Она што можам да ти го кажам е дека со она што јас го јадам одморен сум само со 3-4 часа спиење и полн сум со енергија. Одамна не јадам други суштества кој имаат душа, чуства и емоции а ги гледаме како храна како да нема што да јадеме... зар мора сето тоа да се јаде размисли малце... Мене ми е многу подобро одкога не конзумирам месо и немам потреба за тоа али нели секој си има право на свој избор.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Цитат? доказ?

Како дојдовме од ова,

До ова?

Зарем би предложила такво богохулие да не се слуша телото? неговото тело вика дека седмица е правиот избор, токму таа храна и ни една друга треба да јаде, така кажа нели? Јас мислев дека ако намалиме се ќе биде ок, или не?

Холестеролот од храната не е есенцијален, па така и прашањето не ти е есенцијално, внесување на холестерол од храна, ги зголемува и LDL, и тоталниот холестерол, додека кога се работи за HDL, истиот одамна веќе не се смета за доволно ефикасен за балансирање на лошите ефекти на LDL, така да САМО LDL е фактор, нивото кое е потребно за да се скоро целосно да се избегне ризик од кардиоваскуларни болести, е <1.5 LDL mg/dl, ниво кое е скоро невозможно да се постигне ако се конзумира храна од животни, и масла.

Не ми одговори, те молам дај ми информации, која е разликата од говедски стек од дома, и оној од сендвичара?

Друго, Што ќе кажеш за хиерархијата на докази во науката, не одговори ништо? како ти знаеш на кого да му веруваш, кога се работи за наука и нутриционизам/диететика, како ги делиш правите информации од лажните?
Автоматски споено мислење:
Доказ за твојот бизнис со суплементи се самите твои мислења и содржини на форумов...Тие што се поодамна на форумов - знаат и не мислам да се објаснувам...
Втора работа - како тоа мислиш на кого да му верувам кога се работи на наука? Едно нешто или е научно потврдено или не е - НЕМА ТРЕТО. Работава испаѓа сега со тебе и сличниве на тебе од веганскава секта на форумов - ви вели некој на пример дека окото е сетило за вид, специјализирано да прима светлосна дразба, а вие да му викате неее, не е така, окото е сетило за слух, прима звучни импулси...
Така и со оваа тематика...
Господине трговец со суплементи, wanna be doctor, јас кога студирав 6 и нешто години, не отварав статии на интернет да читам и да глуматам експерт каде стигнам. Јас читав универзитетски книги напишани од академици, киснев во лаборатории и тоа што ни се кажуваше на предавање го докажувавме истото на вежби од огромни практикуми. Да ги тргнам студентските денови на страна, после тоа првата работа што ја имав вклучуваше секојдневен контакт со доктори (општи, специјалисти, семејни...). Ајде да речеме, нека се еден мал дел од нив несериозни хоштаплери, ама останатите...? Дали мислиш дека сите тие интернисти, добар дел од нив со субспецијализации завршени во странство, со еден куп научни трудови и посети на светски конгреси - дали мислиш дека некој од нив размислува како тебе и останатие неколку вегански секташи овде? Лошо звучи ова секташи, ама на тоа ме потсеќате...
Модерна наука од гугл не ми треба...Јас се потпирам на она што е докажано и утврдено од некој многу многу попаметен од мене...
Додека го пишувам ова, се присетив на една случка кога кај една позната скопска педијатарка, во поодминати години докторка, донесоа бледо и изнемоштено дете, со имунитет партал и крвна слика со ужас серумско железо и хемоглобин...Се сврте докторката накај мајка му и и рече- носи го сега дома, исцеди му неколку портокали, направи му манџа со домашно говедско месо и зеленчук внатре и една убава салата. Набавете си домашни јајца од село, сабајле да му спржиш две на око и на маслиново масло...Прави му супи, чорби секој читав ден, цедени сокови, салати, јајца и само малку леб...

Да не должам многу, кој си одбрал да биде веган од етички причини тогаш почитувам такви одлуки, а кој станал веган од помодарство и со цел да глумата овде доктор и да ги врбува другите со вегански пропаганди тогаш со таквите имам поинаков начин на комуникација...
Затоа постирајте си вегански рецепти, ти рекламирај си суплементи и не глуматајте доктори...
Сега ми текна дека погоре имаше напишано и за статините - кој јаде месо завршува на статини...:LOL:
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
да, и џемпер со долги ракави, долги тренерки на плус 40 :) . Проблем е што УВ зрачењето поттикнува трансформација на витамин Д во телото. А УВ се познати и признати мутагени.
па си има регулативи у нормални земји за дозволени дози на пестициди за човечка и сточна храна. Затоа стопати русите ни враќаа коскесто овошје. А што правиме со житариците за леб и пецива кои човекот ги јаде? Плус адитиви во истите тие пецива за мирис, вкус, свежина и слично? Секако домашно е најдобро, можеш да го контролираш прскањето и храната, но повеќето немаме ниви ниту добиток. И таман работа ако почнеме да мериме загаденост на храната. Нашите имаа испитување за пестициди во храната. Најмногу пестициди има во јаболкото, јагодите, грозјето, кајсиите, праските, зелената салатка, сливите, краставиците. Сигурно знаеш колку и со што се прскаат зеленчуците во оранжерии.
Да сме начисто, незагадена храна од разни полутанти и отрови освен (и тоа е сомнително, со оглед на резидуи од пестициди во почвата и водата) домашно произведената нема. Овде беше муабетот како што ја разбирам темава дали екстремно веганска, екстремно месната или нешто на средина.
Ја не сум екстремист
Значи на добитоко у кланици му даваат јонџа и житарици кои се без пестициди и така месото е поздраво. Ем не ги шибаат со инекции за хормони......Абе батка ти потпуно ја промашуваш сустината. Колку пати спомнувам. Суштината е развивање на универзална љубов у нас самите. Кога пола од човештвото би биле вегетарјанци глобалната состојба на планетата потпуно би се изменила. Ке ја снема себичноста, а со тоа и сета злоба која е во милион облици. Живеењето тогаш ќе биде на една сосема нова димензија. Ама кратковидни сте и како мали деца се држете медицинска гледна точка која секако е ограничена и у поглед на здравјето.
И да. Ектремист си и тоа како, само шо не си свесен.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.409
Поени од реакции
30.864
А што правиме со житариците за леб и пецива кои човекот ги јаде?
Nisto, kuti traj i jadi, posto ne postoi nesto na masa da sednes da jades, a da nema pesticid. :D

Zatoa toa so pesticidite ne e relativen argument. I ti ja jades istata hrana kako mene, samo dodavas meso. I pak nisto ne ti e.
Na kraj kraeva, koj denes jade ovosje i zelencuk nemieno? Posle pazar obavezno kisnenje u voda barem 2 saata.
Автоматски споено мислење:

Да не должам многу, кој си одбрал да биде веган од етички причини тогаш почитувам такви одлуки, а кој станал веган од помодарство и со цел да глумата овде доктор и да ги врбува другите со вегански пропаганди тогаш со таквите имам поинаков начин на комуникација..
Kako moze da si volku bezobrazna ma?
Prvo nemas osnovna kultura, ne narekuvas sekta, pa na kraj da reces, ama ne jas vas ve pocituvam.

Ne fala od takva pocit.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.874
Поени од реакции
12.404
Значи на добитоко у кланици му даваат јонџа и житарици кои се без пестициди и така месото е поздраво. Ем не ги шибаат со инекции за хормони......Абе батка ти потпуно ја промашуваш сустината.
Нигде тоа не сум го рекол. Ако сум, цитирај ме каде. Изгледа не си сфатил многу нешто од претходните писанија. Реков постои/постојат регулативи за највисоко дозволено ниво на пестициди и нивни резидуи како во плодовите така во храната за добиток, така и во добитокот. Како што постои регулатива за дозволен број микроорганизми и соматски клетки во млекото, кои пак клетки се од внатрешноста на вимето на кравата, а чие зголемување најповеќе се должи на одредени инфекции, маститиси и така натаму, да не навлегуваме во детали.
Битно е што постојат правилници и кај нас врз основ на тие странски регулативи за дозволени дози. Е сега, пошто кај нас е поприсутно домашното колење и продажба на млеко на диво, тие правилници којзнае дали се применуваат. Во индустријата по правило, да.
Што се однесува до антибиотиците, постои еден период кој се нарекува каренца (како и за плодовите). Е сега, индустриското млеко при откуп се проверува за сите овие параметри.
Но колку си ти сигурен во резидуите и каренцата кај плодовите кои ги купуваш од пазар или маркет (под претпоставка дека не произведуваш сам, во спротивно, џабе збориме).
Чисто информативно, како изгледа семенска пченица која инаку е темно жолта.

winter_wheat_seed_1.jpg
третирана со неколку фингициди и инсектицид. Но тоа не е опасно за тебе пошто меѓувреме ќе се разгради. Поопасни се другите пестициди кои понатаму се применуваат.
Пченица која највеќе се користи за леб и пецива. За стоката повеќе се користи јачмен, пченка и слично...па и трева, грмушки, некогаш дрвен ќумур, ај пак да не навлегуваме во детали.
Па имаш апликација на измет од говеда, па понатаму и мочка од говедата. Сепак и тоа не е опасно освен за зголемени стакленични гасови. Поопасни се оние кои се третира плодот понатаму. Доколку не се контролирани.
На пример дали си запознаен со глифозатот (глифосат), фунгицид за што се користи? Освен раундапот кај Монсанто, некои земјоделци го користат пред прибирање на раните жита (пченица, овес), гравот, сончогледот... А сончогледот добива назив зејтин (со рекламна порака-нема холестерол, потрошувачка мамка). Едино ќуспето се користи за храна за стоката (остаток по пресување на зејтинот). Е глифозатот што лај**но е, да простиш на израз, причитај за него. Али као фунгицид, ги прскаат посевите пред жетва.
Да не должам. Ако збориме за загаденост и отрови, постојат правилници. Дали кај нас се почитуваат, не знам.

Инаку поимот екстремност означува крајност. Антоним на екстремност е умереност. Значи и тука не си у право. Веганство е крајност на исхрана, сештојадите се во рангот на умереност. Но, ајде ете нека биде, ја сум екстремен омнивор.

Автоматски споено мислење:

Nisto, kuti traj i jadi, posto ne postoi nesto na masa da sednes da jades, a da nema pesticid. :D
нема, тоа го зборам наназад икс страници. И друго, ако @*Orce* вели се осеќа фино, неам проблем со тоа, навистина. Ако ти се осеќаш фино моментално со веганство, ок, ...Некој ако сека нека јаде само месо, ни леб, ни зелка ни бутур, негово право. Само што сметам дека крајност секогаш носи недостаток (или вишок, зависи како гледаш) од (конкретно за храната) нутритиенти. Прашав вежбачот како доаѓа до доволна количина (иако и ние го "создаваме") креатин без месо, останав без одговор. Карнозинот (за кој постојат некои обиди за позитивно влијание и врз аутизмот) и карнитинот исто така, при вежбање посебно...
Е јбг
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Секта не треба да звучи лошо.
Секта е warez сцената па ги сметам за едни од најдобрите луѓе на светов. Придонесуваат претерано значаен културно-образовен напредок на глобално ниво.
И веганиве имаат секта, тие едни исти 10-ина ликови најчесто се вртат кога читаш нешто за веганство на нет:
Michael Greger, Dean Ornish, Neil Barnard...
Ама не можам да кажам дека се добри, напорни се. Шират тежок сензационализам...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom