Биштите и Камберовци Бундес Клан
Досега неспомнати или индиректно спомнати две екипи а сепак многу битни во подземјето на Скопје, неповрзани меѓусебе а напишани се заедно во едно мислење поради тоа што има малку текст и за двете фамилии.
Биштите од Гази Баба биле четворица браќа Седат, Кенан, Ријат и Сабит Таири. Познати по многу криминали и убиства, но и познати како едни од најбруталните, а последен настан поврзан со нив е киднапирање на двајца визбеговци на 1 април 2010 г. пред слаткара во Чаирчанка, Биштите при киднапирањето биле шест на број и носеле калашникови а без разлика што случката се одвивала на јавно место, они не носеле фантомки и буквално не се криеле. По повеќе од една година притвор ослободени се сите шест киднапери бидејќи киднапираните не се најдени, а се зборува дека биле стопени во киселина, па по принцип нема тело нема дело ги пуштаат на слобода. Се зборува и дека киднапираните Иљаз и Исмаил Бајрами биле блиски другари на Шеваљ а мене ми е веројатно дека би биле и роднини на Оки, само поради презимето.
КИДНАПЕРИТЕ ФАТЕНИ, ГРАБНАТИТЕ ГИ НЕМА „Алфите“ завчера го уапсија Ријат Таири (33), шестиот член од групата киднапери осомничени за ланското грабнување на ...
daily.mk
Бундес односно Камберовци екипата од Чаир биле тројца браќа и повеќе внуци, едниот од браќата Енвер Идризи починал од природна смрт срцев пред 2,3 години, а на чело на екипата од некој 7,8 души фамилија стои Камер Идризи па поради него се наречени Камберовци, а Бундес поради нивната обложувалница со исто име. Познати се по тоа што се фамилија интегрирана во криминалот директно од Учк, а не од Дуи како повеќето. Поради тоа се со секоја власт и во главно се занимавале со бело и лихва, меѓудругото Камер сега бил и телохранител на градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски а голема предност во делувањето им е тоа што се голема фамилија. Пред неколку години Камер и покојниот имаат направено убиство во Дуќанџиќ каде е убиен некој лик од Топанско Поле. Пред некое време Камберовци имале закачка со некои исламисти/екстремисти од Јаја Паша па веднаш им било дадено дознаење дека таму со нив немаат шанса да напрват било што, и отстапиле. Исто така еден од внуците Бурим Сулејмани (оној со белото Ламборџини) имал закачка со некој доста јак лик од Гази Баба па поминал само со еден удар, а реакција од фамилијата немало. Бурим и во еден друг случај пред неколку години, бил пукан во нозе од другар на Оки. Последниот инцидент од пред неколку дена е поврзан со Камер, каде тој и останатите од обезбедувањето претепуваат вработен во Општина Бутел, па градоначалникот го покрива инцидентот без траги во полиција. Камберовци биле роднини со Мерван Сулејмани, внукот на главниот на ИВЗ оној со дивогрдбите на Матка, Камер бил стар другар и со Мемет Кодра а по тоа што може да се види на сликите очигледно и со Шеваљ. Еден од фамилијата, Ади бил припадник на ЕБР а речиси целиот клан пред две и пол години биле пријавени и вработени во Комунална Хигиена, само за да ги има на платен список и да земаат плата, и покрај возен парк од неколку стотици илјади евра.
При завршување на работното време во вторникот, насилничка група предводена од Мони Вуќељ, личен телохранител на градоначаникот Велимир Смилевски, неговиот...
republika.mk
Камер Идризи и Бурим Сулејмани
Прикачено од дивоградежникот Мерван Сулејмани а на сликата се Камер Идризи, Шеваљ Муареми и анонимус.