Ковач имаше повеќе проблеми. Како прво, не беше прва опција туку од немај каде го зеле. Румениге од старт до крај и јавно го напаѓаше. Само Хенес го штитеше. Играчите се противеа, Хамес во соблекувалната викаше дека Баерн не е Франкфурт а и Хумелс од него замина. Ковач проба со ротација, не успеа. Некои играчи од тогаш не заиграа пример Боатенг кои сакаше да си оди ама ете не успеа. Лани тимот се запна и направи серија покрај Ковач. Годинава истото. Али сега нема кој да го штити. Лани резултатите беа ок, сега не се. Баерн не игра атрактивно. Трансферите не се на место, Ковач не ги доби играчите кои ги сакаше како на пример Ребич. Значи од една страна управата и играчите му отежниа. Но рака на срце, Ковач е ок тренер за екипи како Франкфурт или Херта ама не за Баерн. Тактички е слаб односно има тактика за андердогс а не се потентни тимови како Баерн. Тренинзите му се монотоно. Начинот на игра му е борба а не филигран тикитака. Пола тим играше под Пеп, за нив ова е шок. Ковач не ги подобрува играчите не гледам кои под него напредна, освен Лева. Али тој поќе од себе него од Ковач. Така да, сепак долго го држеа лани покри со дублот али годинава сите проблеми излегоа на површина.