Просење

  • Креатор на темата Креатор на темата Офчар
  • Време на започнување Време на започнување
Со самото тоа што им даваме пари, го оправдуваме нивното просење. Штом има пари кои можат да се збираат на таков начин, ќе има и такви луѓе, кои ќе просат.

Да бидам искрен, порано додека бев помал кога и да забележев некој/а што проси, одма барав од татко ми 10 ден. и им давав. Иако секогаш татко ми ми викаше дека тоа не е исправно, дека не треба да им се дава пари на тие луѓе (не дека многу пари се 10 ден., туку дека треба да се зафатат со работа, чесно да го заработат секој денар).

Престанав да им давам еден ден, требаше да купам некои работи за дома, не знаев колку пари ќе ми останат, а едно мало дете како пијавица трчаше по мене и бараше пари. Јас му реков дека ќе му дадам, ама прво треба да купам некои работи, дека ќе се вратам и ќе го најдам. Се вратив за 5 мин., а детето стоеше пред трафика, купуваше цигари и во него имаше еден џеб полн со пари. А јас предходно се мислев колку пари да му дадам, оти пари ми останаа кнап за такси :).

Од тогаш ретко давам пари, само кога ќе ми се нажали за некое дете.
 
Денес една со цигара у рака ми доаѓа и ми вика дечко дај ми 10 денари те молам :kesa:
 
Една од многуте ситуации у Велес...

-Бате дај 5 денари!
-Немам...
-Аааа немаш, полн си ко брод...
 
Абе луѓе.. сте слушнале ли за таа типката шо просила во Скопје на Камени мост.. и некој случајно му текнало некој ден да ја следи.. и кога да видел типката си оди дома.. домот и бил поубав од на Бил Гејтс... живеела во огромна куќа со огромен двор.. нц нц нц .. не ми е јасно за шо го правела тоа.. кој и бил филмот ... и за тоа не верувам на ниеден просјак на никој не давам пари.. а тоа инаку е жива вистина.... само не знам дали сте слушнале...
 
Кај мене дома една цигана доваѓаше за да и дадам 100 денара:
- Дечко дај ми сто денара.
- Немам.
- Мајкати дома ли е?
- Не.
- А барем 50 денара да ми дадеш?
- Мрш ма не ме замарај!
 
Секогаш им имав давано на тоа циганчињата низ плоштад али пред извесно време прекинав .. негде јануари/февруари беше .. се враќавме од школо и ај до МЦ на хамбургер ау.. ги земавме ќесињата и тргнавме накај мене дома .. и едно циганче и приоѓа на другарка ми и и вика дај ма 10 денари .. и оваа му вика бегај бе неам .. и овој ни 2 ни 3 грабнување ќесето и да го нема.
Што ми имаат кажувано другарки .. ќе се собереле поише циганчиња и ако не им дадеш пари те напаѓале, те мавале со камења.. дива лига. :S Сега денар не им давам .. колку и да ми е жал.
 
циганска работа..... од тоа живеат јебига. уште кога ќе видам некој оддалеку кај што ми иде за да му дадам пари, јас побрзо нему му барам.
Јас:-дај бе 50 денари...
тој/таа( ѓупак ):- ама јас тебе дојдов да ти барам.
јас:- не заебавај сеа, хај давај ако даваш....
тој/таа:-ама...
јас( демек нервозен) го/ја фаќам за уши или за партал и го/ја носам у при пи*ке материне :toe:
 
Од кога ме плукна едно гнасно, НЕ ДАВАМ! Уопште не ме занима дали имало или немало.
 
Ни 2 денари не им давам. Само јас си знам како си ги заработувам и не ги давам на некој кој цел ден седи на тротоар или трева, во сенка и моли туку - така да му дадат пари. Е нема... ќе си ги заработи парите...
 
Зависи каде, како и слично.
Голем дел од тие што просат најверојатно можат да најдат работа и да си го вадат парчето леб, но проблемот им е во друго. Но има некоие навистина жални случаи кои што се навистина се оставени на милоста на обичниот народ во поминување, на таквите треба да им се помогне.
 
Само јас си знам како си ги заработувам и не ги давам на некој кој цел ден седи на тротоар или трева, во сенка и моли туку - така да му дадат пари. Е нема... ќе си ги заработи парите...

Секако, нека ги заработи на пет
годинки додека уше шантра у пелена
на 50 степени, додека се ладиш дома
под клима уз ладен сокич, кул.
Незнам каде е проблемот ако фрлиш
10денарка,
тебе чисто сумњам дека нешто ќе ти смени,
а на некој тоа може да му биде
и доручак, и ручек и вечера.
Некој нема за леб, свесни ли сте вие..
Иначе не сум праела проблем за вакви ствари никогаш,
и на врата ко ќе ми доат.
Стара патика, фармерка, шо и да е..
 
Треба да се исконтролира тоа.Тие деца да им се одземат на родителите бидејки е очигледно дека не можат да им ги задоволат основните потреби.
Ако беше поинаку,децата немаше да бидат на улица туку во училиште.
Се трудам да помогнам,али што фајде кога тие пари децата ги носат на родителите кои не се грижат за своите деца.
Често гледам жена седнала во трговски а детето,лонче месо и го шуткаат минувачи.
Или џандарите се овде само да те соберат ако минеш на црвено?
....
ДА ЖИВЕЕ НИКОЛА ГРУЕВСКИ!
:tapp:
 
Просењето се казнува со закон, исто како и давањето пари на оние кои просат. Доколку сакате да им помогнете подобро купете или дадете им храна. Парите кои ќе им ги дадете и така нема да завршат кај нив или пак уште бетер ќе ги потрошат на лепак, цигари или алкохол.
 
Давав на времето пари што ми биле вратени како кусур за нешто, или ситни, а сега повеќе ги оставам по маркетите, во оние кутиите што се за донации за деца без родители, со хендикеп и слично...
А неодамнешна случка на плоштад, мало девојче-циганка ми доаѓа и ми бара пари за јадење, а јас јадев чипс со вкус на пица. И' велам еве ти го чипсов, земи го, мене доста ми е (а големо пакување, 200 грама), таа погледна внатре, го виде и вели „А не, не го сакам овој вкус.“ и избега. Прилично ме збуни. :)
 
Најчесто давам мада имав една смешна ситуација. Ми бара едно детенце пари и му велам дека немам ситно. Детето ми вади купче пари од џеб велејќи дека ќе ми раситнело:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom