Да беа вметнати тука тие закони, тие што одбегнуваат и јавно пишуваат ќе ги ставеа во лудница и децата ќе беа собрани и ќе си примеа вакцини.
Малолетник сум и сите ги имам примено; не знам за легалниот начин. Ако ти се јават од кај и да треба (ако сакаш) ќе речеш нешто детето не може да стане; болно е итн.
Ќе пишам тука фала на Бог што сум жив. Пошто ко мал имам прележано големи и мали сипаници (едно по едно), болестта кога ти се преполнуваат белите дробови од што слушам некои постари луѓе и умираат, астма до 14 (кога почнав да вежбам и живеам на повисоко се расчисти), еден херпес што се појави под мишка како меури со неверојатна болка. Редовни температури и главата ми лупаше и слушав силно врескање како у пекол или кога ќе се опиеш и ред други работи што не ги памтам. Тоа се после вакцинација... Не тврдам ништо и не сакам да навредам никој-.- И со вакцини е преживување на најсилните како во старите времиња како што видов тука некаде напишано.
Не мислиш дека е поверојатно да ти се појавиле овие работи заради прележаните сипаници отколку заради вакцините?
Малата сипаница е варичела зостер и откако ќе ја прележиш вирусот останува во телото. Доколку од некоја причина имунитетот ти е компромитиран вирусот може да се „разбуди“ и да се манифестира со акутна инфекција на херпес зостер. Копии од вирусот се прикачуваат на нерв и боли како 1000 burning suns, да, но НЕ е на ниеден начин последица од вакцинирање. Напротив, има вакцина ПРОТИВ зостер што во Германија ја даваат на луѓе кои се под ризик од тоа. И ако еднаш ти се појавил и ти поминал не значи дека нема да се појави пак во текот на животот. Веројатноста за повторна појава се намалува доколку ја примиш вакцината (иако не сум сигурна дека во Македонија ја има).
За среќа (додуша понекогаш си викам и за жал, зависи со кого комуницирам) вакцините го имаат скршено принципот survival of the fittest затоа што овозможиле да преживеат луѓе кои доколку не би биле вакцинирани, не би имале ни од блиску потенцијал да се справат со тие болести од кои се вакцинирани.
Не навредуваш никој друг освен евентуално себе со игнорантност
Но, малечок си, уште имаш време да се едуцираш.
@tasman разговарај со матичниот. Ако има објективна причина поради која реално треба и мора да се одложи вакцинацијата тогаш матичниот ќе ти даде мислење и нема да имаш проблем. Ако се работи за ситуација на „читав на интернет“ и „истражував па донесов „едуциран“ заклучок“ тогаш не знам што да ти кажам освен дека си го ставаш детето во апсолутно непотребен ризик од болести од кои можеш лесно да го заштитиш и доколку решат правно да те гонат тоа ќе биде целосно законски и морално оправдано.
Ги замолувам членовите кои имаат такви „совети за практични жени, домаќинки и мамички“ идеите за како нелегално да се избегне вакцинација да ги праќаат на членот во пп бидејќи јас како модератор на овој подфорум апсолутно не поддржувам илегални дејства (исто како што ги бришам мислењата во темата за наркотични дроги во кои се прашува каде да се најде грамче, така и овде ќе ги бришам тие мислења).
Peace and love