Децата и разводот

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Windfucker
Дебил од мајка, не знам што друго да кажам. Сега очигледно не е свесна, но веројатно ќе сфати која грешка ја направила кога тоа девојче ќе порасне во жена што не си го сака својот татко и има проблеми со емотивното поврзување со други мажи.

Нејсе, тука не станува збор за лош развод, туку за пример на луѓе што не треба да бидат родители. Ако таа мајка не сфатила дека нејзината улога е да се грижи за доброто на детето, а не да го користи како пион за пресметки со поранешниот сопруг, тогаш дефинитивно не заслужува да се нарекува себеси мајка.

Не дека моите беа толку цивилизирани што кога одев кај едниот, другиот правеше банкет, но забрани, па уште и манипулации со социјални работници? Искрено се надевам дека тоа дете ќе најде начин и сила да порасне во стабилен човек.
 
Пошто ќе почнат да брмчат модераторите дека сум отварала многу теми. Еве оваа ми е последна за овој месец.

Темава одамна сакав да ја отворам, но некако немав храброст. И јас сум дете на разведени родители и морам да признаам многу патев и патам ради тоа. Не сакам да ми доаѓате со совети во вид на : Епа имале причина, подобро што те поштедиле од кавги... Едноставно сакам сите деца на форумов кои некогаш ја осетиле таа страшна болка да одеднаш целото семејство им се сруши да изјават како се справуваат со тоа. Што прават... Јас само едно нема да си простам. Кога тато ме молеше да и зборам добро на мама за него јас стоев на нејзина страна и уште толку ги скарав :( И тоа секогаш ќе ме прогонува. Можеби ќе ме пратите на психијатар, но тоа не ме лечи. Пробав се, не помага.


Толку за вечерва...
Ајде да видам кој ќе се осмели да каже нешто за свои искуства...

А шо прајме со тие деца шо пораснале во семејство кое 20 години се обидува да биде тоа, а не е? 20 години да се обидуваш да го составиш и неможе? 20 години и уште се руши... И тоа е фино чувство. Среќа нормални испаднавме со сестра ми.

На темава. Едно големо да за разводот.Кажа еднаш еден RNS, не знаеш како е да се будиш со кавгата што доаѓа од дневната... Толку.
 
Сигурна сум дека ако не сте го доживеале ова прашање лично,тогаш сте го слушнале од некој свој пријател/ка.
Што мислите како поминуваат децата (без оглед на возраста) низ разводот на своите родители?
Како да им се помогне полесно да го преживеат моментот на растурање на домот,семејството,на сепарацијата на нивните родители.

Има ли едноставен,брз и лесен начин да прифатат дека нивните родители не се сакаат повеќе и преку своите деца се обидуваат да истераат некоја своја `искривена` правда???
мн мразам драматизирање искрено..па нема да е крај на свет ако се разведат..напротив подобро и за двајцата е доколку не можат да најдат заедничи јазик. Подобро да се разделат и да не се будат децата секој ден со кавги и расправии за тоа кој што направил,кој колку допринел..кој со кого се ебел...
Доколку родителите го сакаат своето дете,тогаш тоа нема да им претставува никаква пречка во понатамошното воспитување,гледање,посветување вниманиу..итн итн итн.. а исто така нити за детето.. него му е потребно љубов,внимание и грижа... Се додека тоа не се нарушува,односот помеѓу родителите и тоа дали ќе живеат тие заедно или не воопшто не е важно.
 
За “нормален развод“ ДА,ама за ненормален, како што имале родителите на мојот сопруг НЕ....:mad::(
 
Во период на пубертет посебно лошо делува разводот. Недај боже никому да му се случи... Неколку деца до сега што ми биле во близина во тој период што им се случи крајно лошо им делуваше и понатаму во животот. :(
 
Сметам дека се зависи од околностите.
Моите родители се разведели кога имаше 13 година. Сфаќав тоа потполно нормално, дури позитивно, бидеjќи татко, коjи пиеше, веќе досадил на сите.

Мислам дека родителот, со коj остаело детето, не мора да забранува на детето да се срекава со другиот родител.
 
Ако жената се разведе од мажот и земе старателство на едно дете ( од две ), дали потоа заедно со малолетното дете може да замине во странство и да го однесе малолетното дете без дозвола од таткото? Какви права би имал таткото во ваков случај, дали е можно таткото да не го види никогаш детето?
 
Ако жената се разведе од мажот и земе старателство на едно дете ( од две ), дали потоа заедно со малолетното дете може да замине во странство и да го однесе малолетното дете без дозвола од таткото? Какви права би имал таткото во ваков случај, дали е можно таткото да не го види никогаш детето?

Нема право да го изнесе надвор од државата, освен ако нема потпис од таткото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom