Zdravo.Na 28 .10 treba da si go podignam drzavjanstvoto.Moze li nekoj da mi kaze kako odi brzata postapka za licna karta i pasos i so treba da ponesam dokumenti za na 28.10.pozz
Извод нов ,преведен и легализиран-ако го преведуваш во МК тогаш ќе треба во амбасада да го легализираш.А ако го преведуваш во Софија ,агенциите за превод го носат на нотар за заверка.Ќе си побараш на интернет некои агенции за превод и ќе им го испратиш изводот по скен ,за да биде спремен кога ќе одиш таму само оригиналот ќе им го покажеш.
Две слики пасошки формат.
Испринтан мејл за потврда на термин за подигнување.
Уплата во било која банка во БГ 50 лева такса за државјанство - Вносна бележка за внесена д'ржавна такса за получаване на удостоверение по сметката на Министерство на правос'дието - БНБ ЦУ, BIC: BNBG BGSD, IBAN: BG09 BNBG 9661 3000 1737 01 -испринтај си ја жиросметкава ,но мислам дека знаат банките само ќе им кажеш уплата за гражданство 50 лева.
Ќе те прашаат за адреса,ќе напишеш Леге 6 која е службена,освен ако веќе немаш своја.
После одиш во општина Средец за да пријавиш адреса и да ти дадат матичен број ЕГН.
Тука се чека по редовна постапка околу 5 до 7 дена.Е сега посредниците се врзани со вработените и средуваат за одма да ти издадат уверениеза одредена надокнада,со кое одиш во МВР и се сликаш за брза постапка за во истиот ден да ги земеш .
Ова се трошоците -
-50 лева -За подигнување на указ
-30 лева-За адреса и ЕГН во општина
-30 лева -За превод и заверка на извод кој што ќе ти треба за во МВР за сликање
-36 лева -Лична карта за 3 дена(за 30 дена е 18 лева а за 8 часа 90лева)
-80 лева -Пасош за 3 дена(за 30дена е 40 лева,а за 8 часа е 200лева)