Нејсе, (1)Не ја сваќам поентата на масата луѓе која е незадоволна од ситуацијата во својата држава ама е доволно незаинтересирана да не излезе на избори и да апстинира за да си го каже својот глас.
Знаете ВМРО, СДСМ и остала багра ги заболе курот што вие ќе кажете на Кајгана, Facebook, Twitter, кафана, улица, протест, графит... и остали рекла казала места за пропагирање.
(2)Едино место каде што се валидира вашиот став е со заокружување на гласачко ливче.
Дегутантно ми е мислењето дека немаме избор и треба да седиме, чекаме некаков месија пратен од Господа кој треба да не избави од проблемите и грижите.
Расправате за тоа како ВМРО немала харизматичен лидер, а се импресионирате на тоа колку Бранко и Љубчо беа така добри софисти наратори и знаеа да ја продадат секоја лага. Тоа е чисто идолизирање и застапување личности наместо идеали.
(3)Знаете Грујо беше невероватно антипатичен лик, со говорна мана, специфично чекорење, со прилично прост и арогантен речник, кој бил просечен студент на Економски во Прилеп. премиер кој се плашеше од директни соочувања, уживаше во својата суетност и имаше еден мал милион комплекси кој како што моќта му растеше ги инфликтираше врз своето владеење.
Е истиот тој човек успеа 11 год да се одржи на власт, да креира невероватно успешна пропагандна машинерија која под закрила ги стави сите медиуми, го замаја целиот народ, човек кој лечеше сопствени хирови со проекти како Скопје 2014, да го опејуваат во песни, да го тетовираат на раце, да му се плашат министри, да ги тера да му даваат отчет во директен пренос на ТВ... Човек кој се постави над сите и се самопрогласи за спасител на Македонија.
И ден денес секоја негова FB изјава се дочекува како Богојавление кое се проследува со огромен интерес и постои мислење дека задкулисно ги раководи политиките на Мицковски.
(4)Ја незнам како тоа креиравте мислење дека Заев нели IQ33 нели неспособниот од Муртино успеа да се отргне од канџите на старото СДСМ раковдство и Бранковата инфлуенција, да постане моќен самостоен политички лидер на најсилната политичка партија во Македонија со комунистички структури кои водат корени од СФРЈ каде сите најбогати, највлиателни, најучени, најеминентни, либерални, слободоумни луѓе членувале и членуваат до ден денес.
А ВМРО небањатите која е квалификувате како некоја националистичка творевина креирана од десетина забегани печалбари во некоја кафана во Германија, бркана и заплашувана од почетокот па до крајот на 90тите од УБК структури, со гласачко тело на неписмена стока составена од неука сиромаштија, пијаници, земјоделци, националисти, занесени православци, патрирајрхални педеромрзеци и шиптаромрзеци немаат свој став и ги раководи некој психопат од Маџарска?
Мислев дека на крајот ќе поентираш, но ти остана само на критика. Па не би било лошо да појасниш зошто сето ова писание без “порака-поента“!
(1) Како не ја сфаќаш кога веќе во следните 2 реченици самиот го даваш одговорот.
(2) Така би требало да биде но не е така, и затоа отпор-бојкот и апстиненција па макар и на своја штета

.
(3) ДА! Затоа си го избраа (добро сега не го избраа баш, туки им го инсталираа за премиер и против нивната волја, но кога се во прашање ОТАН и ЕУропска тоа е мала жртва

) Црпе кој ги нема тие карактеристики, патем Црпе нема ништо и во главата ама важно е да нема говорна мана и да не оди како патор...
- и понатаму главна преокупација се персоналните карактеристики ане принципи, политика и останати глупости за мали деца!
(4) Ако ова е точно што го пишуваш, а повеќето мислат дека е точно, која е потребата-оправдувањето да се излегува и да се гласа за една од овие две опции, не е ли тоа самиот да го избираш џелатот и самиот до толку да се мразиш што си го избираш и џелатот.
-----
За било каков сериозен обид за промени па дури и за спротивставување на постоечките демоНкратски елити насадени во системот потребни се ресурси. Од човечки па се до пари и тоа многу пари (да не мислиш дека рекетот е инспириран за добробит на сите), да се платат сервисите за репрограмирање на пучанството. Или сметаш дека сервисите за репрограмирање работат во полза на граѓаните и дека не ги интересира профит
. Од типот и квалитетот на услугата зависи и цената, еден Ѓеро нпр. сигурно вреди десетици илјади еуричи и тој нема да мрдне со прст ако не го платиш - ти или било кој друг може овде да напише што сака но читателот се интересира кој го рекол тоа, а не што рекол, и се додека е така ќе сме таму кај што сме!
Системот е генератор на сите аномалии, ретко кој сака да прифати, и бидејќи нели не сакаш или не можеш да го менваш системот најдобро е да влезеш во играта и да го прифатиш онаа што ти го нуди системот и да си верглаш виновни се овие 25-30 години виновни се народот и се така во круг!
Кој е лекот? Па, достапен е секому, барем со оваја ИТ технологијата, се вика образование, кога следните генерации кои доаѓаат ќе бидат едуцирани да го користат онаа меѓу ушите, ќе има критична доволна маса за да се иницираат измени во системот, до тогаш навали се во фотелја и уживај

.
П.С
Во секој случај твоите размисли (имаш свои некои и тоа го немаат па се принудени да пренесуваат туѓи) се за почит и за мене изненадување на овој форум каде клиентелизмот и полтронството имаат свое почесно место!