Психоза

  • Креатор на темата Креатор на темата Spaceboy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јули 2017
Мислења
15
Поени од реакции
9
Возраст
25
Здраво на сите би сакал да побарам мислење, искуство од некој кој веќе се соочил со психоза? Како влијаеше врз вас? Што ви помогна да ја совладате? Колку време траеше?
 
Постојат два типа на луѓе во модерно време. Првите ќе читаат нешто од гугл па друго од форуми и ќе си препишат на себеси дијагнози како ОЦД, анксиозност или па модерна болест ова ми е смешно бидејќи почнаа на големо да се појават луге со ваква болест. А другите се типови што си имаат психолошки проблеми ама ај оди им па кажим такво нешто, очи ќе ти извадат. Така да кажи првин дали сам мислиш дека ти се појавуваат епизоди на психоза бидејќи колку што знам сам тоа не можеш да потврдиш или па ако веке ти е поставено од стручно лице тогаш на форум можеш само подршка да добиеш. Како и да е со срека.
 
Фала на циничниот коментар. Со дијагноза сум. Ф23.
 
Здраво на сите би сакал да побарам мислење, искуство од некој кој веќе се соочил со психоза? Како влијаеше врз вас? Што ви помогна да ја совладате? Колку време траеше?


А од што западна во ваква состојба, си ја знаеш ли причината, стрес да не доживеа некој?
 
Не, без причина. Бев најсреќна што сум била во животот, задоволна со факултетот, семејството, иднината. Се претпоставува дека е поради некој стрес доживеан во детството.
 
Не, без причина. Бев најсреќна што сум била во животот, задоволна со факултетот, семејството, иднината. Се претпоставува дека е поради некој стрес доживеан во детството.
Можно е душо, но не се плаши, ќе помине и повторно ќе бидеш среќна.
Примај редовно терапија, редовни контроли и за неколку месеци ќе бидеш супер:)
 
Можно е душо, но не се плаши, ќе помине и повторно ќе бидеш среќна.
Примај редовно терапија, редовни контроли и за неколку месеци ќе бидеш супер:)
Би сакала до крај на 2019 да оздравам, се надевам не барам многу. Многу е фрустрирачки што ништо не можам да направам за да си ја подобрам состојбата, ама тоа е реалноста.
 
Своевремено сум имал различни психози од различни типови ( веројатно ) ама никогаш не сум бил на Психијатар за да ми го дијагностицира тоа.
Штом имаш дијагноза, сигурно имаш и терапија, советот е да си идеш по патот кој ти е наложен, повеќе природа, помалце висење на социјални мрежи, џаболебарење со идиоти, повеќе вода него сок, и така ќе се среди се за релативно брзо време... важно е да не се опсесираш со тоа туку пушти го ... пробај да искулираш. Поздрав и со лесно. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom