- Член од
- 18 јануари 2011
- Мислења
- 1.268
- Поени од реакции
- 958
ДаНајубаво да си праша некој од воениот оркестар на АРМ.
ДаНајубаво да си праша некој од воениот оркестар на АРМ.
Што величина се?Момци ги подарувамПрегледај го приврзокот 214935
Испратени се на @Macedonian WolvesШто величина се?
На ова прашање ако треба да ти дадам одговор,ќе ми треба пишување на цел реферат.Само ова ќе ти го кажам ако го сакаш тоа и знаеш во што се впушташ ондак,не чекај.Ете вчера ние на сред обука добивме елементарна тревога,и од обука веднаш на гасење пожар,плус пошо беше тревога останавме и без јадење.На терен бевме околу 6 саати што е малку,ама нашата наредба после толку време беше да се повлечеме.Ни се фати да немаме ставено ништо во уста скоро 12 саати,само вода пиење.Ама тоа е.Тоа е нашата работа,затоа ти викам,треба да знаеш во што се впушташ.А и заборавив да кажам,додека го гасиш пожарот околу тебе пукаат не испукани куршуми кои биле користени некогаш за вежби,гаѓања,некои останати од војните.Така да додека гасиш пожар може да умреш и од куршум.Офтопик, простете ама тука сте вие кој што знаете.
Овде на форумот прочитав дека По завршувањето на доброволното служење во АРМ, малкумина биле оние што искрено сакале да влезат во редовите на АРМ и дека требале дебели врски. А бројот на разочарани бил доста голем...
Да не должам.
Прашањето ми е,
1.
дали тие што одат таму во Ирак (ако не грешам базата Таџи ли како беше) се токму тие наши млади луѓе вклучувајки ги и редовните војници што ги напуштат редовите на Македонската армија поради "добрите" услови?
Бидејќи велат дека овде завршувале доброволно служење а иднината ја гледале во странска армија.
2.
Дали ми препорачувате доброволно служење (имам 18ипол год), дали имам шанса за влез во АРМ (баш немам врски признавам), дали вреди трудот или залудно потрошено време?
Може да ми одговорете овде а истовремено одговорот ќе го прочитат и други заинтересирани, а доколку не сакате да ја полнеме темата со вакви информации, одговорите се добредојдени и во Приватна порака.
Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Се најдобро и на тебе детеСемпер, одприлика ги очекував тие предизвици, само ова последната реченица ме насмеа најозбилно-иако е вистината тоа.
Што се однесува на коментарот на Волчко, ако е до толку значи беда во АРМ, навистина состојбата(неправдата, недостатокот на опрема и слично) влијае доста демотивирачки врз мене а сигурно и на многу други што не се само за плата таму.
Значи супер минеш ако си само за плата но не и за нешто да научам војничко... Така да ако решам да одам, да не се надевам дека ќе дојдам до нешто војничко,т.е надежта моја била само фантазија во (не)информираност.
Е не планирам да кинам нерви, сигурно цела планина од луѓе си кинеле нерви и ништо не успеале да сменат(не по нивна вина) таму па најверојатно се откажале што е нормално.
И еден познаник ми кажа нешто слично, односно, ако сум одел на таа работа, тоа да се темели поради платата и поради тоа што ќе сум бил под државна капа и да сум си свиркал.
Се согласувам со вашите одговори во потполност.
Благодарам за одговорите и одвоеното време.
Поздрав и се најдобро.
Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Не знам кој дел од насловот на темата не го разбираш.Темата гласи специјални единици воени и полициски,а не структури во полиција.Ако го бараш овој одговор барај го во Одбрана Форумот.Izvinete moze li nekoj da mi objasni za upravite vo policija? Kolku gi ima i sekoja oddelno kakva funkcija ima